Ама и јас не знам зошто ти се пронаоѓаш во муабетот, ако добро сум прочитала ти не доеше со силиконска брадавица туку со пумпа се измолзуваше и даваше? ( Ова не се однесува лично на тебе не се пронаоѓај плис) Оф леле не коментирам веќе, значи на Бела и пишав се јавија уште 5 мајќи да ми укажат дека не сум во право за нешто низ што сум поминала. Пуштив слика горе се надевам прочитавте, тоа е само дел, изгуглајте за повеќе информации. Изгуглајте де.. ај што спорите нешто што јас сум го поминала него спорите и експертски мислења. Све експерти на форумов бре
Е како не доев, доев и јас со силиконска и не се одби. Па добар месец доев со силиконска додека ми се опраи левата града. И јас ти кажувам дека може да се дои и така и докторка ти кажува ти упорна експерти...
А бе јас не викам дека не може да се дои така, бикам дека има голем ризик да се одбие и да се намали лактација со тек на време.
Гугл не е соодветно место за да научам нешто. Цитат од гугл срч не е литература. Ќе ја повикам @Kaetana она е консултант за доење и најверодостоен е нејзиниот муабет. Цело доење со првото детенце бевме со неа во контакт и успеавме. Контактот кожа на кожа исто деградира, демек јас што забременив од инвитро сум "почудна, и помалку мајка". Еве 2 ми се различно зачнати па и двете си ги сакам и за двете исто ме боли. Доволно си знам нема што да гуглам. А и со искуство знам дека добро поминав. Муабетот дека ти си се потрудила и си стиснала заби а ние не, деградира. Се трудат сите мајки.
Апсолутно дека има ризик, не спорам, ама не мора да значи со сигурност. Верувај бебето осеќа, осеќа кога мајката се штреца, се трга, јас се тргав буквално и дојде ред таа града да нема млеко исто како другата, од еднава тече од другата нема, па ајде после нуди ја прво таа... Пак ќе речам може да се одбие секако, но не е правило. Подобро да спречи регади, рани и недајбоже беља некоја отколку да трпи и стиска. Пак ќе го спомнам големото, година дена молзев, никаков контакт немаше неговата уста со мојата брадавица, млеко имав уште 6м да пие мајчино.
Девојки нема потреба од толку жестока дискусија. Знам хормони не пукаат, ама дај да ја смириме топката. Ситуацијата кај мене не е сеуште алармантна како што пишав и погоре, меѓутоа мали продолжува да се тегне и да си игра со брадавиците и баш се чудам како ќе заздрават. Далеку сум од крвави гради, ама ако продолжи така не знам до кај ќе стигнеме. Моментално брадавиците ми се само црвени и потечени. Прво ме болеа само кога ќе завлече, ама сега од што си игра болат дур цица и како некое жарење осеќам дур не цица. Истрауматизирани се и тоа е, ама решив да не ставам силиконска сега за сега. Ќе следам па ако евентуално има потреба ќе ставам. Сепак некогаш треба да се стават на вага работите и ако добивката е поголема од ризикот, нема што да се дискутира. Не ја напаѓајте @Nala37 јас воопшто не ја сфатив погрешно. Не можеме да го негираме нејзиното негативно искуство со силиконските, нема да измислува. Тука сме за да се консултираме и да прочитаме совет од поискусни (зборам за себе зошто немам искуство), а понатаму сами селектираме што ќе прифатиме, што не.
Ама ти жено дали се читаш што пишуваш и дали воопшто читаш за што збориме овде? Што ми ставаш зборови во уста? Ние збориме за едно ти упорно збориш за друго. Кој го мери овде мајчинството?
Точно. Не може да кажеш јас доев така и се беше топ. Кај друга мајка таков тип на неправилно доење може да има последица, како кај тебе. Како стариве кога ке кажат, ние вака ве чувавме и сите израснавте здрави и прави.
Пак ќе кажам, добро е да се сподели свое искуство, без наметнување и инсистирање. И да се сослуша другата страна без напаѓање. Не би да бидам оф топик, се надевам текстот објавен со изворот на истиот ќе помогне и на други мајќи што се во дилема со темата. Па може и ќе насочи некоја неискусна мајка до нив. Благодарение на нив ексклузивно го дојам моето второ бебе, без силиконска брадавица. Како мајка која што доела со и без истата, можам да кажам дека чувството е неспоредливо
Пред недела дена престанав да и давам да цица на ќерка ми (8м) од проста причина дека немав веќе толку млеко и градата ја користеше само од навика не дека нешто ја заситуваше ЗА ЖАЛ, а сакав да ја дојам барем до годинка ама ете, не бива се како што планираме Е сега прашањето ми е: дали млекото само ќе ми исчезне или треба да пијам таблети(Бромергон)? Или пак има некој друг начин да го снеме млекото, бидејќи еве сега цела недела не и давам да цица и избегнував да ги стискам градите за да не тече млеко, и сега баш ги стиснав да видам дали уште има млеко и пак претече ама ептен малку
Ако не ти се преполнуваат не ги стискај. Бебето нема да стимулира повеќе и постепено ќе престане производството на млеко.
Само ќе го снема млекото, не ги стискај градите. Јас кога бев на ехо на дојки докторката ми кажа дека може да се случи и по една година ако ги стиснам да капне капка и тоа да не ме плаши.
Се немав уклучено одамна... Да си ми жива за напишаното... Ете, имало некој со слична приказна Ќе ги спојам овие два текста и ќе му ги читам на секој како оче наш, нека писнат!
Луѓе можно ли е од што ми се разранети брадавиците да бљуцне вакво? Од памет сум извадена! Прееска и на марамчето што му го ставам дур го дојам забележив розева боја, ваљда крв.
Да, и мене ми се има случено. Штом ти се разранети брадавиците најверојатно е тоа. Не се секирај и брзо да ти се опорават.
Моето испи 150 мл мое молзено млеко и спиеше 2ч и 40 мин и еве го сега цицаа гладен е,каките му беа зелени вториот скок хаос а тек што ме чека… од мирно мирно бебеце имав дома мало ѓаволче