Да, од тоа е. Мене ми се имаше случено да молзам розово млеко кое мирисаше на крв од разранетата страна, па привремено му давав само од другата затоа што жал ми беше такво да му го давам. Ама ако немаш големи болки и ако ти е ок, слободно давах му, мене и членки тука тогаш ми пишаа слободно да давам.
Јас не ни приметив дека имам крв, отпосле си ги видов брадавиците. Умирам од болка на секое доење, ми се плаче дури. Не знам ни како ќе заздрават зошто упорно ги тегне. Денес давав со силиконска и пак ме болеше..
И јас немаше да видам ако не молзев. Пробај шетај гола (ако можеш). Миј ги со поладна вода после подој, измачкај ги со млекце па со ланолин и цело време нека ти бидат голи ако условите ти дозволуваат така да се движиш низ дома.
Ако пие од шише давај одмолзено додека ти заздрават. Ти пиша Ирис,највеќе помага луфтирање и ќе мачкаш ланолин или ад. Обавезно миење после подој и сушење природно. Поминав низ тоа,знам како е. На мене кога ми беа разранети и се одмолзував,некои 5-10мл млекце црвено паѓаше-измешано со крв. Го фрлав па продолжував да молзам само чисто млеко. Ја прашав педијатарот дали правилно сум направила рече да. Но велам ако би цицал,тоа би го исцицал и не е нешто страшно? Се согласи со мене.
Не се сеќаваш, пред некоја страна ти пишав, да очекуваш да бљуцне како крвче. Значи сепак е за силиконски, не е до толку безболно. Мајка давај на таа града со силиконски не се оставај така, ќе направиш беља, недајбоже ќе загнои, ти несвесно се штрецаш и бебе осеќа па ќе се трга ќе голта воздух...
Сега се замислив.. можно ли е да имам кандида на брадавиците и од тоа да ми се дополнително болни и разранети? Малиот имаше наслаги пред некое време, третиравме со Нистатин и тогаш ги снема, ама пак се појавија. Многу малку се и стварно не знам дали е кандида или наслаги од млеко. Вчера докторката ми кажа да земам за него гел Дактарин/Дактанол и од денес ќе почнам да го мачкам. Кога ја прашав јас што да правам со градите рече само да ги мијам со обична вода пред доење. Е сега читам тука за некои антифунгални масти. Користела ли некоја нешто такво и што? Стварно не знам веќе што да правам, како да се вртам во круг…
Оф се сеќавам дека ми кажа за во пелена да очекувам розево да. Он и така се трга, уште пред да ми се болни. Веќе некое време цица така немирно, ама во последната недела е ептен екстремен. Сигурно голта возфух зошто деновиве има многу гасови, дури морам да го вежбам како кога имаше грчеви за да ги испушти. Не сум паметна веќе што да правам..
Ако те чешаат тоа е, ама и да не чешаат многу е веројатно. Не сум сигурна ама мислам дека можеш да мачкаш и кај тебе.
Штом има бебенцето, многу веројатно е да имаш/добиеш и ти на брадавиците особено со оглед на тоа дека ти се разранети. Можеш да мачкаш со нистатин, можеш и во чаша вода да раствориш лажичка сода бикарбона и со газа да му ги чистиш наслагите на бебе и себеси брадавиците. Ако имаш отворени рани, јас мислам да се советуваш со матичен заради инфекција.
Можно е да имаш кандида. Како што ти кажаа погоре членките, ставај нистатин и одмивај со сода, а на бебуш чисти му го јазичето со нистатин. И ако имаш рани консултирај лекар од причина да не се развие некоја инфекција па да се искомплицира. И јас како Ангел мислам да покористиш малце силиконски за да им дадеш време на брадавиците да заздрават. Со лесно
Млекото за 2 дена буквално како преку ноќ ми се намали, ми омекнаа градите. Се уште немам добиено, ама ете сабаајлево приметив малце крв на бришење, се надевам дека е добиено или дека за брзо ќе дојде? Беба веќе 2 дена е ептен немирен и плачлив, кенкав и не сака да спие, а ко што знам не сме ни во скок. Дали е можно да е таков од што добивам, дали се менува млекцето?
Немам добиено и немам искуство, ама од тоа што имам читано се менува вкусот на млекото да. Не значи ако се меки градите дека е намалено млекото, ама за секој случај пробај природно да зголемиш лактација.
Не знам дали се менува вкусот, а за дали се намалуво не, искрено јас добив 4 месеви после пораѓај, ја цицав 25 месеци, разлика не приметив во однесување. Нема добиеното никаков удел. Градите нормално да ти се меки, мене ми се нон стоп, дури и сабајле, а не ја цицам на вечер. Не знам колку месеци е бебе ама доколку е помало, а до сега ти биле фул, воспоставена е лактација
Здраво, ние сме веќе 24 дена но имам сеуште проблем со доењето иако ми е второ дете иако се трудам да ја фати убаво градата премногу малко ја отвара устата и на десната града секога цица малку и ја пушта и цело време така прави и никако да заспие на неа секогаш на левата града ја фаќа поубаво и заспива на неа и сеуште имам како рани на нив и ме боли додека да повлече млеко ... извинете за долгиот пост и ке ве молам за совет ... мачкам и ланолин
Ние сме ден постари,моето има 25 дена Биди упорна,моето исто малку ја отвараше устата и некогаш му беа потребни 15мин за да фати убаво и да цица ама не се откажав. Знам колку фрустира,ама не дозволував да фати плитко зошто знам дека ќе ме боли. И јас имав рани,миев после подој,луфтирав дојки и мачкав АД капки или ланолин. Сега видливо немам ништо,ама некои денови кога ќе фати да цица како иглички да има во устето,додека почне умирам од болка. Во текот на цицањето исчезнува. Инаку моево цицаше од една дојка ,сега на некој подој цица од двете. Она што ме замисли е дека се скрати времето на цицање,цицаше по 20мин на една дојка, сега по 8-10мин на една дојка. Исто така забележав дека е посвесен,не спие како претходно,активно цица. Градиве омекнуваат се надевам се воспостави лактација(а не се намали млекото...)
Здраво, колку време после царски ви дојде млеко? Породена сум пред 4 дена, денес се одмолзив со пумпа и имав едвај 20мл. На колку часа е најдобро да се молзам? Бебе го ставам цело време на града влече, но нема млеко сеуште.