Здраво на сите. Вчера вадев заб, а дојам, бебето ми е 7 и пол месеци, до сега се напив само парацетамол, но имам болка и оток. Што смее да се земе во ваков случај, дали некоја се нашла во ваква ситуација? Се консултирав со стомтологот ама воопшто незнаеше што смеам друго освен парцетамол...
На фризер мила, црвена боја вадев. До бланшови, фарби, преливи, сѐ можно. Кетонал, слободно напиј се, немој да трпиш болка. Ако има потреба, смееш и антибиотик шо е компатибилен со доење да пиеш, сум пиела клиндамицин за заб.
Јас јадам и јадев од сам почеток. Памтам @Bubish26 кажуваше дека имала малата реакција она кога јадела риба, па прв пат кога пробав чекав да видам дали ќе има нешто. Ништо немаше и од тогаш си јадам редовно.
Да, мене првото од лосос ми имШе реакција и ми рекоја тога дека е тешка риба затоа. Сега со ова немам пробано риба иако сакам ама ќе пробам
А каква имаше реакција? Осип? Се мислам да пробам ептен малку чисто да видам дали ќе има реакција, па секојпат да зголемувам количина.
@Bebence29 @0ли јас јадев редовно риба и општо сите алергени, кај моето никогаш немаше никаква реакција.
Туна треба поретко поради живата, не за алергија. Се лачи и во млекото. Јас јадам ептен малку количински во тестенини или салата, колку пола мала конзерва. @AngelOfArh ќе те прашам тука, би требало да знаеш. Имаше ќесички од брусница за уринарни инфекции, како се викаа и дали се дозволени во доење? Нема кај да прашам денес дури да одам на матична, почнав некои симптоми ко за уринарна инфекција да добивам, па да земам такви ако најдам, ми помагаа.
Јадам од почеток пастрмка и лаврак, морско (лигњи, ракчиња, октопод), лосос не сум пробала, ама не дошол на дневен ред, а и јас се настрвив пред некој ден за него. Додуша мм спремаше неколку пати суши па каснав така. Туна исто неколку пати летово во салата со тестенини.
Пак јас, мислам дека мастит имам на левата направено. Дали мора да има црвенило и грутка видлива? Почна да ме тресе и болка имам цел ден во неа ненормална. Од ко почнав на работа цица претежно од десната страна, оваа ја одбива, а премногу имам млеко. Кажете за денес чаре за дома што да направам? Зелка немам да си ставам инаку со првото најмногу ми помагаше.
Ај баш ќе земам прво бела пастрмка да пробам, па црвена, па лосос. Туна ми се пријаде во салата, секако мала конзерва ќе земам. Страв ми е со туната, во бременост ниту еднаш не јадев, една година не сум каснала.
Мислам дека се ок, провери ги на е лактанција. Составот провери го. Земи си ги од ДМ таблетите брусница и витЦ по 1000ка.