јас кога бебето наполни 40 дена јадев крап пржен немаше реакција никаква,али на туната и се ребрам секоја вечер
Колку време ги доите бебињата? Бебе има 1 недела и го дојам само 20 мин. После 10мин заспива па менувам града за да се разбуди. Од болница ми рекоа по 15 мин од града. На 2.5-3 часа го дојам. Дали е доволно?
Јас така го дојам синко, и убаво наптедува. Некој града на подој, ама јас не можам така зошто на таа што нема да цица ми станува многу тешка и ме боли од што е преполна и ке морам да се измолзувам по секој подој. Ке си убидиш како ви одговара тебе и на детето.
Самото бебе ќе ти покаже колку му е доволно. Моето првите две недели цицаше по 20-25мин од една дојка на подој. Потоа почна да ја бара и другата,но не одма туку после 1 час од прилика. Последнава недела цица по 8-10мин на дојка. Денес направи месец ,1200г има качено на тежина од раѓање,што е дури и многу Мене педијатар ме советуваше да го будам кога заспива и доењето да не трае повеќе од 30мин. Некогаш цица на 1 час,некогаш на 2,2ипол,3. На почеток гледај да цица на 2-2ипол часа,ако побара и порано дај му.
Од вчера од 17 часот немам температура. Значи дека поминал маститот? Се шетам со зелка денес на работа цел ден уште имам болка во градата многу, мислам и од молзењето ми е. Дали е подобро жешки или ладни облоги да држам? Различно читам сегде.
Тема за доење и хранење има,ама за какање нема Шала на страна,сакав да прашам дали е нормално бебе од 1м да има ретка столица? Вчера и денес се случи да пропушти пелената,боја и состав си е ок само многу течна и обилна,како со вода помешана.
Пред подој/молзење топли за да се прошират каналите, а после подој/молзење ладни за да се стегнат да не ти се преполнува градата. Зелката чуда прави. Нормално е доколку нема во 1ч 3-4 течни столици. Тогаш веќе се смета дека има пролив.
Ќе видиш бебето како напредува и ќе најдете начин што вас ви одговара. Син ми не напредуваше многу првите 10 дена, совет од докторката беше подолги подои од една града(40 мин цицање) бидејќи на почетокот бил водениот дел на млекото а потоа тој протеинскиот масниот. Почнав ова да го применувам и за 4 дена ми качи 220g. Исто и моето заспиваше на града па знаев да го тргнам да го расонам и пак да продолжиме. Сега е 7 недели и цица 10-15 мин и цица на саат,саат ипол. Во тие саат и пол нудам една града, после менувам. Домашната вага вели дека убаво напредува ама ќе видиме за 10 дена на мерење.
Прочитав и пред некој ден дека се измолзуваш, ти уствари не празниш града, туку даваш сигнал дека мора да произведува уште млеко, наместо онолку колку што може син ти да исцица и ќе му е доволно. Не измолзувај и ќе ти се среди, нема да имаш тешки гради, нема да имаш потреба од молзење, пошо реално синко ти е веќе 2 месеци и нешо, до сега требит да се среди лактацијата и цела ноќ да не цица, да имаш полни гради, да ама не и да експлодираат од притисок.
Која и да ја земеш, мој совет е да е потврда. Таа што ја имам од Би бејби е мека и ми пропаѓа во неа и не ја користам ич. А таа во Ремедика што ми ја даваа беше потврда и ми беше доста удобно со неа.
Да не ги празнам, туку само олеснувам. И тоа го правам навечер кога поврзува 5-6 саати. Ми е страв да се оставам без да си олеснам. Ама има логика тоа што кажуваш ќе пробам неколку вечери да не се измолзувам. Дали ќе e подобро. Мене така ми кажаа и јас така правам, се измолзувам и чувам млеко , ќе се најде за кашички покасно.
Јас кога почнав да се молзам, со болки бев нон стоп кога ќе ми надојдеше млеко, па престанав, само со масажи, топли-ладни облози и бебе на града, ми се стабилизираа без молзење.
Јас имам од ситник, евтина ја зедов околу 350 ден а многу ми се погоди. @Bubish26 јас 8-9 месеци немав регулирана лактација и ми се случуваше и околу годината ако не ми испразни убаво града да морам да одмолзам оти ми шприцаше млеко буквално.
Не знам јас од старт имам многу млеко и морав така, инаку готова бев мастит да фатам. И не ми е напорно зошто не се молзам по секој подој, туку само навечер кога ми врзува повеќе саати. Кога стануваше навечер почесто не се измолзував, само некогаш кога не цицаше убаво. Знае да забушава така некогаш и да цица помалку и кога имаше мака со ушињата тогаш се измолзував баш често, дека многу слабо цицаше. Мене ми имаа омекнато градите ама кога фати маката со ушињата пак ми се стврднаа. Сега ми се ок, само навечер ми се полни многу и мене ми смета, легнувам ми течи млеко , ни тото за грдите не помагат тогаш.
Ау за течењето не ми збори, и мене уште тоа не ми е регулирано ама тврди гради неам. Ме иритира дури шо секоја мајца ми е лом ни 5 мин облечена, а низ дома со прслуци не можам.
@Ceneva за се се согласувам што си пишала, и да те охрабрам дека ќе имаш успешна доенечка приказна.. Јас имав првиот пат, користев и тогаш и сега силиконска на НУК, ок ми е, не ми е срам во јавност да ја носам и местам, испраксирана сум, брзо оди. Мијам со жешка вода и ставам во кутивче веднаш, гради не третирам освен редовно туширање секојдневно, на секој подој не. Кога излегувам од дома, прво на силиконската помислувам, па потоа се друго, по ред
Бебка многу често цица последниве денови а не ми празни гради скроз. Знае и 5 минути да поцица од една града, па да почне да се нервира и да кенка иако уште млеко тече од таа, па и ја нудам другата, ќе се потсмири ќе поцица 5 минути и престанува. Е сега осеќам некоја чудна болка особено во левата града. Нема црвенило, мека е, ама и кога цицаше сабајлево и сега на допир ме заболува на едно место. Пумпа не користам и не се молзам веќе 2 месеци откако се среди лактација. Дали да се одмолзам малку, да ставам некоја облога или нешто друго да направам?