Стави тетра натопена во топла вода и види како ќе бидеш. Можеби во некој скок да е или нешто да ја мачи па затоа не цица толку али пробај да не одмолзуваш не знаеш колку исцицала за тие 5 минути да не направиш па повеќе да ти произведува со одмолзување па после мака да си имаш.
Пред молзење топли, после ладни, најдобро е ќеса грашок или пченка смрзнатк, ем масажа ем ладно. Сосема нормално е, водичка беше и кај синко. Исто, 7м полни има бебе кога цица и ако пушти наеднаш, шприца лом го правам, и сеуште знае понекогаш кога цица да се празни другата сама, си тече по слободен пад. Кога и да стиснам града млеко шприца увелико.
Дали може да имам инфекција на града бидејќи ми е црвена и боли градата кога дојам и кога не дојам а бебето нема бели точки на јазикот? И дали можам да мачкам маст нистатин за инфекција ?
Црвенило на града е мастит. Земи под туш со потопла вода стискај се и измолзи се. Јас така за 2-3дена болката ја снема а црвенилото точно 1 недела стоешеи се изгуби.
Бебе е 3 месеци, претпоставувам лактација е воспоставена. Знам дека меки гради не се проблем, ама моите се ептен меки, некако ме загрижува. Десната посебно, онака си виси, и да не цица 12 саати од таа страна пак е празна, не ја осеќам тешка, не ме боли, буквално како истушена е. Цица наизменично на една града на подој. Моментално сме во таков период што може ноќното доење да биде на секој 2-3 часа, може да биде на 5-6 часа, зависи од ноќта. Ако имаме подолга ноќ, левата ми се преполнува, претекува, ја осеќам тврда, дури и болна. Десната, ништо од ова. Мека, истушена. Приметив дека и бебето ми е незадоволно кога цица од десна, се буни ако го тргнам а цицал пример 30 мин од таа страна. Па ја нудам левата. Ми е страв да не ја префорсирам левата страна и да направам проблем. Како да си помогнам? Не сакам да паничам ама очигледно е дека на едната страна барем ми е намалено млекото.
Скроз исто сум и јас. До збор. Единствено ме теши тоа што кога ја стиснам и левата (тоа што кај тебе десната) и десната прска од еден или два канали. Се надевам тоа е показател дека имам доволно млеко за него. Кога стискаш излегува млеко, или?
Ако цица помалку на десна можно е таму помалку да се лачи млеко, кај мене беше исто само што десна му беше омилена, повеќе на десна цицаше, левата така ми беше попразна, пр после 7 месеци 1 денот само на лева цицаше, потоа можеби 1 на 2 дена и на 9 месеци скроз ја одби сам левата, цицаше само на десна до 14 месеци. Јас молзев цел месец по 1 денот ако осетев тежина, после на 2 дена кога ќе се наполнеше малку и за 1 недела снема млеко, воопшто не се полнеше. Сакав да одржам лактација ама ко видов дека не ја сака се откажав Така да можам да кажам дека од сам почеток претежно на десна беше па си цицаше 14 месеци. Напредуваше над просек.
@Lavender13 се додека доиш од таа страна нема шанси скроз да ти секне млекото од градата. Инаку мислам дека е сосема нормално едната града да му е поомилена на бебето и со самото тоа и попродуктивна. Кај мене од старт левата града и беше полесна за фаќање и секогаш поефикасни биле подоите од таа страна. Од левата може цело цицање да се изведе без проблем, додека десната при крај намалува со млазот, па мадам се нервира и бара да смени страна. Би ти препорачала активно да ја нудиш, можеш и секој подој да го почнуваш на таа страна за да се стимулира што повеќе. Иако мислам да не се грижиш, сигурно има повеќе млеко од тоа што можеш да процениш, па макар и да е намалено во споредба со другата града.
Ако притиснам тече млеко од таа града. Не многу, ама капка по малце така. Немам приметено досеа да има омилена страна, бидејќи на секој подој нудам само по една. Ама кога ќе заврши со десна почнува да плаче и да се нервира, без разлика колку долго цицал од таа страна. Пример на лева може да е готов за 15 мин, на десна може да цица 40 мин и уште да е гладен, па нудам лева. Плус ептен е мека, мислам не е ни мека туку буквално ИСТУШЕНА. И тоа ова е во последниве 3-4 денови, пред тоа немаше проблем. Многу бев под стрес изминатава недела, се мислам да не си направив проблем со млекото од стресот.
Меки ми беа и мене тогаш, меки ми се и сега ептен. 25м доев со првото, сега кога стискам прска значи не е до тоа дали имаш млеко или не доколку тече ако стиснеш. Знаеш дека имав и јас тогаш период коха ќе стиснев само капки беа.. ете сега ме подсети, мислев дека ќе снема и плачев ама како шо кажав теравме и тоа на захтев до 25, без кратење на подои. Мене ми се случува од десна града кога цица да прска неконтролирано и се дави, па се трга и прска на секаде, не можам да ја запрам и тоа ме нервира ептен оти ја прекинува и обавезно воздух не може да земе од кашлање
На колку време им давате да цицаат на 4 месечни бебиња? По колку време ви цицаат? Како распознавате глад? Многу ме буни со оваа оралнава фаза. Не знам кога му се јаде кога сака само да си гриза раце, глодалка...
Исто прашање ме мачи, ама буквално исто. Дај нека не просветли некој. Мислам нон стоп да му давам, нон стоп ќе цица. Цимерката од болница вика дур не почне да кенка не давала, отприлика на 2 ипол саати. Викам е како кога нон стоп јаде раце, мислам дека е гладен.. е ако де вика нека ги јаде не значи дека е гладен. Јас ја гледам и фонтанелата, ако пулсира тогаш давам. Ама не знам, многу сум несигурна. Последниве 2-3 недели мислам дека се што правам е тоа, цицање, пелени и успивање.
Бебе цица на саат ипол од прилика. По ќенкањето знам дека бара цице. Ако е многу гладен цица мн брзо и без здив што се вика и тоа од двете гради, но некогаш сака само малку да мезне, полека си влече и само од едната града му е доволно. Може е само жеден, поготово кога сме надвор. Му нудам кога сака колку дака, не гледам на саат повеќе. Он кога не сака се трга сам или ако не е гладен а плаче кога нудам се нервира уште толку. Ако спие или сме искочени знае да цица и на 2-3 часа, така да мислам дека е најдобро да се следи бебето.
@Bella_Stella @DaisyDoo Јас приметувам кога ги шмука работите а не гризе тогаш знам дека е гладна. Зошто инаку цицки нема да приберам само нешто у уста има. Тетри, играчки, глодалки. Најново цуцлите си ги превртува од обратна страна и ги гризе. Отприлика на 2ипол саати цица. Минатата недела почесто и давав и некако неефективно беше. Ќе цицне 5 минути и се трга или воопшто не сакаше да цица а јас спремна мислам гладна е . Вака огладнува и поефективно цица и ми празни гради.
Исто почна и моево од вчера. Ја вади цуцлата и ја грицка цела од обратната страна. Сега само што заврши со јадење и заспа. Баш ќе следам за колку време ќе има знаци.
@Bella_Stella вие мислам сте во 4 ти скок и може затоа бара почесто да цица. Знаеме дека градата не е само за задоволување на глад. Од друга страна, сега се во орална фаза, вчера пишував, не раце, буквално се што ќе дофати става во уста. Мене лично тоа не ми е мерило за глад. Он и да цица после тоа пак раце става во уста, шмука палец итн. Сега најново од пред некој ден и палецот на нозете почна да си го цица и пред и после подој
Хахах нема послатко нешто од бебе што цуца ноџиња. Инаку да, во четврти скок сме, само што го поминавме громчето и стварно во саботата вечерта беше најкенкав. Добро се држиме до сега, греота е да се пожалам. Знам дека типично за скоковите е зголемен или намален апетит.