Па не почнал сеуште да јаде кашички. Педијатар од нареден месец ми рече дека ќе може да почне со вкусови. Малку "касниме", сметав дека нема потреба да брзам за каши. Он корегирано има скоро 5 месеци, па таман од нареден месец да почне
Здраво мајки, како ги тргнувате од града малите, значи од едната града буквално цица 5 мин макс 10 со будење потоа сака да спие на неа и никако не сака да ја пушти , буквално доле за брадичката треба да го претиснам за да ја пушти а некогаш и тоа не успева
Јас со првото бев комбинирано 9 месеци. Секогаш прво доење, после ад, на секој оброк. А во меѓувреме ако побара, само цицање. Јас пробав да преминам само на цицање, советот беше да тргнам ад од еден оброк, а на другите да им ја зголемам количината. На пример, ако тргнам прв утрински оброк од ад, останатите да ги направам 120 ml ако дотогаш пиело 90. И така едно по едно додека не се премине целосно на ад. Од страна кај устето тргни, ќе влезе како воздух во уста и ќе пушти.
Кај задебеленово, мислиш целосно на цицање претпоставувам.. И успешно ти беше? Моето сега пие околу 100-130мл. Ќе видам и со Јасна да ме посоветува како да постапам. Јас на почетокот од пусти страв дека немаше сила да цица, со шприц му давав мое млеко. Несигурна, прво бебе, прематурче, измешани емоции.. мораше со ад 2 месеци за да качи килажа (беше 1900гр.) Навистина би сакала да преминам на доење, кога веќе имам млеко сеуште
Да, погрешно сум напишала за префрлање на ад Делумно беше успешно, не успеав сите оброци да ги заменам. Но кај мене беше друго во прашање, ти си имаш млеко. Сите оброци ти се комбинирани?
Дали има некоја што си ја повратила лактацијата? Мојов цицаше три месеци,имавме криза почнав ад да му давам па прекина скроз да цица само на ад ама сакам да си пие мое млеко. Се молзам пијам чај лактамикс,ке земам и Лактил таблети,ама само по некоја капка млеко успевам да извадам,неколку пати се молзев,ке продолжам ке бидам упорна. Има некоја искуство слично,или совет нешто?
Здраво Ана Марија И мене ме интересира истото, дали може да се оддржи и зголеми? Се измолзуваш сеуште од тогаш кога запна работата? Колку што имам читано не може да секне млекото одма, тоа е процес. Ама мислам подолго време ако има поминато ќе мора релактација да се направи. Да ја исконсултираш Јасна (консултант за доење), сигурно многу повеќе ќе ти помогне ..
Треба на 2 саати да пумпаш со пумпа али тоа е макотрпен процес кој бара не спиење али пак се е индивидуално колку и ќе се поврати млекото од организам до организам.
Па јас мислам дека немам доволно или така ми чини, или пак бебче се навикна од шише па му е полесно така и не се донајадува со цицање.. Затоа и ги комбинирам оброците. А навечер до прво станување сабајле, нудам града кога ќе се разбуди и продолжува да спие
Дали секогаш ги кревате да ждригнат? На пример ноќе,при доење во лежечка положба ,бебе заспало,дали ќе го кренете да подждригне,колку е неопходно тоа?
Моите и двајцата не ждригнуваа, па многу рано престанав воопшто да ги кревам за да ждригнат, освен ако не осетев дека изголтале воздух, а тоа беше ретко. Секако треба да си го процениш детето.
На ексклузивно доење сме, бебуш е 1 месец. Цица од една града по подој. Работата е што мислам дека левата града ми има помалку млеко од десната. Си има нормално млекце, и бебе цица и од двете, но пример не ми се полни до тој степен да капе/тече млеко само, како од десната. Причина е мислам што на почетокот имав рана на левата брадавица па неколку доења, беа цело време од десната (можеби цел ден/два). Левата се трудев да ја измолзувам за да ја одржам но можеби не било доволно. Или пак има друга причина. Бебе си цица и од неа, но побрзо се изморува дека треба да влече повеќе (а десната сама си тече и му е полесно), па гледам дека почнува да се буни и нервира кога цица од левата, бидејќи треба повеќе труд. Млеко има сигурно бидејќи го слушам дека голта, а и кога носам памукчиња или од школките за собирање се полнат. Прашањето ми е, како и дали да зголемам млеко само на левата града? Дали дополнително да ја измолзувам? Ако да тогаш кога, веднаш по цицањето или помеѓу две цицања? И колку долго?
Слично бев и јас и уште сум, на почетокот не сакаше да цица од десната града два дена а потоа ми се направија рани, затоа сеа прво го ставам на десната потоа на левата за да ја исцица кога е повеќе гладен и да се стимулира за повеќе млеко
Не. Ноќе само на почеток спиеше меѓу нас и не го кревав си продолжуваше. Сега веќе 3+ месеци си спие во креветче, го дојам и одма го враќам назад зошто заспива, нема зошто да го будам за да ждригне. Исто и преку ден, веќе некое време не ждригнува. Порано знаеше само што ќе го исправам да ждригне, сега не и затоа не го држам веќе.
нонстоп, после подој ја држам таква заспана во раце, некои 20тина мин па спуштам во креветче. Некогаш подрждригнува, некогаш не, но помалку ми бљуцка кога ја држам исправена пред да ја легнам.
Навечер неколку минути го исправам на перница за да не го будам дополнително или пак го држам исправено. Некогаш ми ждригнува, ама обично ако е поспан ретко да ждригне. Го делам мислењето со @Alishan30, помалку бљуцкаат, па макар и исправени да се
Моево рано, уште пред 40 дена престана да ждригнува, грчевите откако ги најдов капките што му одговараат се спасив. Не бљуцкало скоро ич.
Од вчера бебе несака да цица, ќе го ставам на града и почнува да плачи, а му се јади бара дали некој се има соочено со тоа? Денес му давам измолзено така си го пие, а на града плачи. Не е во скок два месеци има точно.