Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Здраво пријателки.. дојам новороденче од 2 недели со силиконски брадавки, по совет на сестра од Чаир кога се породив, дека сум имала мали брадавки па да сум земела силиконски.
    Сега бебето силиконска фаќа, ама се изморува брзо и заспива и еден подој трае и по саат време. Се обидувам да ја тргнам силиконската уз цицање ама бебе вришти плаче дека гладно. Давам и дохрана по една доза 30мл после секој нареден подој и си ја пие без проблем..
    Има ли некоја со силиконски што сака да сподели искуство.. страв дека е бебе ненајадено, дека никогаш нема да научи без силиконски, дека немам довлно млеко...итн.
    Ве молам за совет.......
     
  2. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    Кај мене првиот ден одма си фати да цица ама ми направи рани, па наредните недела дена со силиконски исто си цицаше без проблем, до пред некој ден кога решив пак да ги оставам.
    Си пробала ли можеби ќе си фати убаво или од прва си со силиконски? Ако си имаш млеко и преку нив ќе си јаде, нема да е гладно.
     
  3. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Пробуван, сред доење ја вадам силиконската и ја местам на града ама вриска плаче.. нервозна е веднаш. И враќам силиконска, се смирува.
    Изгледа очекува таква голема брадавка како на силиконската..
    Јас не зна што да направам, се чувствувам неспособно.
    Подоите траат и по саат време, измачувачки и за мене и за неа.
    Не знам дали грешам нешто....
    Не помина и патронажна, барем некој совет ќе добиев.
    Не знам што да направам
     
  4. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    Не грешиш ништо.
    Можеби помалку тече па затоа ви треба повеќе време за да се нацица, не знам.
    Види ако се полни и силиконот со млеко значи си јаде, така да не е ништо страшно и со силиконски да се храни.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Да пробаш малце да се измолзиш и со шприц да капнуваш на самата града за да може да ти се залепи и да не вика. На бебето не му треба брадавката да е голема колку силиконската туку треба да ја фати и аеролата во поголемиот дел за да може да стимулира, а со тоа и поубав вакум прави за разлика со силиконската.
    на haaka имаш диликон за извлекување на брадавица пред доење можеби и со тоа можеш да пробаш.
     
  6. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    Дали некоја се соочила со болка во едната града? Од сабајле осеќам болка во левата града, не знам како да ја опишам. Немам грутки. Брадавиците ме болат веќе од сам почеток и на допир и при цицање, ама од сабајле осеќам дека цела ме боли. И денеска уште нема цицано од таа града, страв ми е мислам дека ќе пукнам од болка ако ја фати.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Ако чекаш совет од патронажна ќе се начекаш, тоа е се живо неписмено. Од сите 4 патронажни со кои сум се сретнала.
    Е сеа вака, ќе ја фатиш брадавицата да се сплеска, ама не само брадавицата туку и од околу аеролата, ќе ја почешаш по носето и ќе ја почекаш да отвори силно уста, тогаш ќе ја пикнеш ама максимум што можеш. Мене само ова ми помогна со бебе кое не фаќаше убаво, многу плиток фат имаше. Ќе ја будиш, ќе ја скокоткаш, ако треба сред цицање ќе ја соблакаш пелена, да се расони па да цица, не да заспива. Ќе нудиш една града па друга, додека фати ред, почне да цица, и не оставаш повеќе од 3ч да спие. Јас доев 20мин по града, на 3ч, до 40 дена само се навикна и почна на 2, на час да собира и цицаше само една града и по пократко. Ако побара порано ќе дадеш, но не повеќе од 3ч да седи гладно.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    После колку време од престанок на доење бевте на ехо?
    Денес бев кај гинекологот за пап , престанав пред 3 месеца со доење, се случи еднаш да приметам млеко на едната града, две, три капки и кажав и ми напраи ехо. На едната имаше проширен млечен канал 2 мм , рече ништо страшно сигурно од доењето .
    Ама ме стави во мисла, се сеќамав Петановска ме прашуваше кога идев на ехо кај неа пред колку време сум доела
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Јас не ни отидов од кога ми престана млекото дури сега кога останав бремена престана на стискање да има иначе претходно ако стиснев по некоја капка искачаше. Бев на брисеви и пап после 1 година од пораѓај ама никој не ми спомна за ехо на гради
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Ова ја успивав малата легната на една града и приметив мокро ваљда дека легната на неа. А кога ја стиснав и другата града , исто имаше млеко.
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ќе имаш подолг период зависи и од тоа колку време имаш доено, знае и до 5 години од престанок да се појави по некоја капка млеко. :)
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Ми кажа и матичната , ама прво испаничив.
     
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.986
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Мамасити јас да си се пожалам да се истушам. Доењето ќе ми премине во мачење ако продолжи синко вака. Ако ми верувате гладен заспа. Од 7 не јаден, му понудив во 9 и 30 по капењето не сакаше. Почна да плаче да вреска од што му се спие. Цел саат во лулка го нишав, не бре брате ништо, не заспива. Ајде пак му понудив да цица, ништо се трга плачи. И после 10 мин заспа.
    И преку ден маки мачам дур фати да цица. Некогаш цица убаво, некогаш три мин и почнува да плачи. Кога имаше мака со ушињата не ми правеше вака, а имаше реална болка. Сега не знам ова што е. Прегледан од доктор, и ушиња и се, крвна слика и црп направено, се си е во ред. Ако потрае ова уште многу, јас нема да издржам такво доење. Преморена сум. Го пишам ова и се чувствувам виновна што се осекам така, ама ми е неубаво последнава недела кога треба да цица. Не чувствувам никаква убавина што ја осекав предходно. Сега ми е буквално туртура, хорор доењето. Ми се плачи, се осекам како нешто да не правам како што треба, како да не знам да бидам добра мајка.
    Извинете на долгиот пост
     
    На Viveki, 1209, DaisyDoo и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    21.358
    Пол:
    Женски
    Верувај сите сме се осетиле и се осеќаме така во одредени периоди. И јас имам грижа на совест што некогаш не уживам во доењето и ми поминува низ глава аман пак следи борба кога се ближи следен подој, не си сама. Мислам дека се многу ретки тие што немале предизвици во своите доенечки приказни. Сѐ си правиш како што треба, ама едноставно е период што мораш да го издржиш. Бебињата поминуваат моментално низ огромен развој, премногу им доаѓа, не прават од чиста мира така.
     
    На Viveki, 1209, curlyhair и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.986
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Фала ти бела на зборовите. И знам дека после кога ке се подразбуди ќе трчам да го ставам на цице да цица повеќе, така поспан. И дека пак ке правам се да јади колку толку, ама сакав малку да излези тоа лошо чувство од мене. Свесна сум дека се во голем развој. Кој знај како гледа во моментот на светот. Голема мака што не можат да ни кажат. Душички мали:l:
     
    На Viveki, curlyhair и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  16. dijana8

    dijana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    260
    Zdravo dali nekoja koristela vaginaleti neo penotran forte dodeka doi ... na upatstvoto pisuva deka treba da se prekine doenjeto
     
  17. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Јас истото го приметив и кај син ми.Обично се случува кога истовремено е гладен и му се спие.Тогаш цица кратко, вришти од што му се спие, се трга и заспива.Затоа гледам да го ставам да цица нешто порано, пример ако му се приспива на 2, 2 и пол саати, го нудам на саат и пол или најмногу 2.Не се секирај, се е тоа нормално, уште се многу мали, ќе си фатат ред.Не е гладен, ако е гладен ќе се разбуди за пократко време и ќе бара.А и плус низ големи скокови поминуваат.Нема мајка што не си го помислува истото, второ ми е, и пак мислам дека некаде грешам, но сега барем научив да бидам поопуштена, да верувам во своето тело, а и во моето бебе.Ќе пројде и ова, и како ќе расте ќе станува полесно.
     
    На Viveki, lackygirl, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Мајка и кај нас е исто, ама не го сфаќам тоа така трагично. Некогаш не му се цица, некогаш му е топло, некогаш има нешто поинтересно таму позади него и не се пропушта... На сето тоа додај и цица ко на ратиште, не 4 застанат, нура со главата во мене, се бута, се турка... Права борба во ринг. Ќе помине, многу е безвезе, ама ај земи сега ти пикни се во некоја сауна, залепена со многу најлони и почни да преташ, да мрдаш, ќе зовриеш, исто и они, им зима многу енергија цицањето, се препотуваат а тука е и топлината од мама што ја добиваат... жива вода е моево.
     
    На Viveki, 1209, smeshkaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.986
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh и @Маја Т фала ви девојки на зборовите и подршката. Денес нов ден нови борби :)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    637
    Мајки кои витамини ги земате за време на доенје? Ги продолживте тие од бременоста или други ?