Мислам дека мижеш се освен ретинол да користиш. Јас секако се префрлив на природна козметика колку можев уште пред три години и така си терам и сега. Инаку еве една веб страна каде има прилично информации за состојки, па дури и на продукти од поголем број брендови со инфо дали се безбедни за доење и бременост https://www.15minutebeauty.com/pregnancy-friendly-skincare-products.html
За двете ако имаш двојна пумпа, ако немаш тогаш распоредот е 10 мин лева 10 мин десна 5 мин пауза 10 мин лева 10 мин десна 5 мин пауза 10 мин лева 10 мин десна
Мајки, совет за плиток фат? 4 недели е бебе, на почетокот ме разрануваше, па се подобривме некако и сега пак ужасна болка трпам додека цица. Приметив дека проблемот е до фатот ептен малку ја фаќа брадавицата и ја шмука. Му помагам и се трудам што повеќе од брадавицата и ареолата да му ставам во уста, џабе, пак само мало делче фаќа. Помош?
Почекај убаво да ја отвори устата па тогаш нежно подбутни го од позади на главчето кон брадавицата. Во која позиција го доиш? Ако сте легнати,уште повеќе ќе те разрани.
Ова е power pump, доволно е еднаш дневно и јас го правев навечер кога ќе заспиеше бебче. Тогаш имав повеќе време
Здраво, колку мл треба да пие молзено мајчино млеко бебе од еден месец? Бебе не знае колку му е доста, може да седи и до 1час на града и после бљуцка. Сакам да се измолзам и навечер да му давам со шише, вака цела ноќ не спијам. Како да знам колку му е доволно?
Види пробај со шише . Јас така давав едно време за да знам колку и се пие. Најдобро прашај педијатар зашто одредуваат според килажата и развојот. Мислам дека мојата тој период пиеше околу 60-90мл.
Мислам дека има и рузмарин во составот, ама не сум сигурна Можно е да може да се користи шампон за стимулација на раст со коњско опавче, ама уште истражувам
Некој да ми предложи што да мачкам на брадавиците, многу ми се суви и страшно ме чешаат, а често е чешањето и на цела града. Дојам, некогаш со некогаш без силиконски.
Ланолинот на медела ми помогна мене, доколку си во можност остај ги градите да дишат после подој, можеш и со малце млекце(твое) да ги премачкаш и да оставиш да се исуши. За два-три дена ќе помине. За чешањето, да не е кандида? Ако се сомневаш во тоа можеш да ги измиваш градите со сода.
Ќе го пробам и тој ланолин а и со млеко што викаш да видам. Инаку дома сум по цел ден така да ни градник носам, само на маица сум, а често и без а за кандидата кои би биле симптомите освен чешањето, како би ја препознала дали ја имам?
АД капки, кремата на Freziderm (зегин), ланолинот на Леа (еурофарм) е многу убав, а и попристапна му е цената