Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Меу мила честитки ,да е жива и здрава малата голема да расте само насмевки да ви дарува.
    Добредојде во светот на мајките :) .
    За градник јас земав од зелено пазарче колку да го пробам уште пред пораѓај и не го симнав си купив три пара и стварно се практични јас ги земав за смешни 150 ден бели памучни .
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    И во Стружанка има градници за доење, јас кога гледав бебешки работи ми рекоа дека имаат и такви градници ама не ги видов какви се. Провери и таму.
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Во Стружанка беа по 400-450 денари ,а имам видено и на влезот од Трговски(од плоштад) во продавницата до Жу-Жу . Летото и во Мадр кер имаше по 400-600 денари е сега дали само на попуст или редовна цена не знам.Јас од овие сум ептен задоволна имам и бел и црн и еве и второ дете терам со истите :) ,квалитетот им е :x ,конче и ластиче им немаат попуштено,а се 100% памук.
     
  4. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    meU, супер ред сте фатиле, не се секирај, патронажната и педијатарот ми рекоа дека доењето може да трае и само 10 мин ако има сила да влече. добар проток на убаво, калорично млекци, бебето моѓе и за кратко да се нацица, а моѓе и како моево по саат да си потцицнува и дремуцка :(
    Драги мои, освен со масажа (стискање) под туш и домолзување, имате ли друг лек за затнти канали? Имам 38 температура, едната града од надворешната страна ми е црвена, натечена и од вчера имам грутки ;( Па нели ми се доволни рагадите, сега и ова ли? :@
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    оф леле лист од свеза зелка на градата ставај така згмецен малку и масирање кај што ти е грутката а не е лошо и на лекар за совет да отидеш
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас имав градник од зелено пазарче од 150ден. Ми се погоди топ, пери носи. Инаку, за цицањето, моево никогаш не цицаше долго ама влечеше ко лудо. Супер напредуваше иако јас се секирав првиот месец качи 1800гр само на мое млекце бевме.
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Леле Горда ,па ти се изнамачи :( Јас кога ќе осетев грутки се туширав со топла вода и додека се туширав и се измолзував.
     
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Горда лист од зелка му е лекот. И ако не иде рачно позајми од некого пумпица.И јас малку фалеше покрај рагадите и затнатите канали мастит да фатам , ама одма го пуштив мм да купи пумпица. Дури замина да ја купи, над тенџере застанав со вода што врие и одма се отпуштија каналите и полесно се измолзив и грутките ги снема. Ајде пробај, а ако не осетиш подобрување одма на лекар. Со лес нека ти е
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.712
    Допаѓања:
    202.443
    Пол:
    Женски
    Gorda, NoellePage убаво ти кажа, застани над тенџере со врела вода, нека испарува, од топлината ќе ти се одзатнат каналите... јас така направив неколку пати, ќе се измолзев (море млекото само течеше) и после тоа грутки воопшто не ми се правеа.
     
  10. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27

    eeee побрзо среди си го тоа и не чекај многу, јас пустата поима немав дека може да ми згруди канал па мака си видов 10 дена додека не пукна маститот :sweat: ...ставај зелка, ацидум борици, тусирај се со што можеш потопла вода или пак како што ти кажаа погоре со тенџере и да боли издржи верувај дека ако не дај Боже фатиш мастит многу повеке ке боли ;(
     
  11. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    лелеле јас тука давам совети за мастит а изгледа јас факам на левата града :( претходно имав на десната но тогаш не цицаше, туку се одмолзував)....ама сега ем ме цица(и левата повеке си ја сака :) ) и пак мастит ;( дај кажете уште некое решение ако знаете :(
     
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Мора и да се масираш од страните каде се насоберува млекото, и да туркаш надолу. Топли тушеви, одмолзување,а краен случај лист од зелка ставај в градник,најмногу помагал
     
  13. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    јас се масирам и плус малиот ме масира :D почнав да пијам ОСПЕН (претходниот пат ми го препиша матичната), еве сабајлево ставив и зелка но ништо не помага :@ изгледа пак ке си ги трпам истите болки :sweat: само мене најмногу ме чуди тоа што малиот цица а факам мастид :worried:
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    А го свари листот од зелка?
     
  15. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    а треба ли да се свари????? јас само така го ставам
     
  16. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Јас колку што знам свеж лист се става ,барем јас така правев само земи со сукало или толчник да го омекнеш и да пушти сок и помек ке биде така листот и ке треба почесто да го менуваш одма штом осетиш дека зе затоплил стави нов така температурата се вади .
     
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски


    а сигурна си дека ти цица бебето??
     
  18. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    Сигурна сум :) он дури се дави кога цица од неа...ама денес бењв на доктор и ми рекоа дека тоа било од шо сум имала многу млеко а не го цица целото :) па сеа после цицање ке се одмолзуам па ке видам со ке направам позз
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Веќе трет ден, јас во едната града имам повеќе млеко, поголема ми е(по полна), а другата нормална, можеби и не доволно полна.
    Вчера и давав на малата два последователни подои да цица од пополната, па дури на третиот другата беше спремна за цицање, а оваа полната после доење и ја одмолзувам.
    Како да го решам ова, проблем ли е што ли е. Малку естетски не е интересно , ама среќа не се познава многу преку алишта.
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Оф оф МеУ....се надевам нема да ја доживееш мојата судбина - јас нешто после 40 дена почнав да го губам млекото на левата града. Кога ја доев од неа - за пола саат ми беше пак гладна. Кога ја доев од десната - по 3 саати, па почнав да правам исто како тебе сега - повеќе на едната да ја ставам, зошто тогаш ми беше најадена малата подолго време.
    Дали тоа придонесе уште повеќе да се губи млекото, или тоа што тргнало надолу не можело да се „спаси“, ама после 1 недела јас скоро и да снемав млеко од левата града. Многу паника кренав тогаш, бебето ми имаше нецели 2 месеци, а јас со само 1 града функционална (да не зборувам за естетскиот изглед, среќа тогаш баш и не ми беше таму умот), ама верувала или не, десната града ми „издржа“ цели 14 месеци, со 6 месеци екслузивно доење!
    Прашував и доктори, што може да е проблемот, и никој не ми даде конкретен одговор....едноставно може и генетски да е, може хормонски, може од Х причини. Како и да е, немој да се нервираш, и една града завршува работа :lol: