И првото детенце и ова сега, сакаат да си сврзуваат цела вечер уште од 1 месец. Мене ми е мн страв посебно на жешко време, па будам и давам во сон да цица, навечер барем 2 подои да има. Се случило како синоќа да сум преморена и со неа да завлечам и јас, па дури на 6 часа да се разбудам. Таа не, никогаш децава не ми бараат да цицаат па јас инсистирам
2 недели има, од вчера е само на доење по совет и препорака од педијатарот да видиме за 10дена како ке напредува. Вчера на саат, саат ипол ми се будеше. Синоќа заспа кај 10ипол во 1 јас го ставив да цица, после ми стана сам на 2 саати. И еве го денес на 2-2ипол часа бара да цица. Не знам дали му е доста или му е малку искрено, цела сум во прашалницо
Моето утре полни 3 недели. Многу зависи и од тежината на детето и какво си е спрема јадењето. Моето се роди 3600, не е премногу, но уште од болница негувателките ми коментираа дека јаде како бебе од една недела а не еден ден така да јас одлучив да не му бранам и нека си јаде колку сака. Сеуште е мало да можам да го залажам со нешто друго или да го заиграм. Единствено што знае е градата и шишето, а се нервира кога не му тече млеко. Откако давам повеќе АД е мирно. Давај млеко спрема тежината на бебето а не според тоа колку е старо.
Јас со бебче од скоро 4 недели, те разбирам од как ти се прашалниците.. Ние бевме на формула и малку мајчино (заради силиконските), ама од пред скоро две недели форсирам мајчино и без силиконски.. според педијатарот, ако бебе спие 2 саати, ако не плаче нервознк, ако после подој мешето му е така како тапанче - е најадено.. на прегледот кога бевме на комбинирано мајчино и формула за една недела имаше напреднато 300 гр.(што според мене беше премногу за бебе од две недели), додека па после на следниот преглед, само со мајчино имаше качено само 60гр. педијатарот ми рече да продолжам само со мајчино па ќе видиме што ќе биде на следниот преглед. Првиот месец треба да се буди навечер заради напреднувањето, на 3 саати.. и исто ми кажа да се потрудиме да воспоставиме некој ред во цицањето, да не е на секој саат пример. Малечко е бебенцето, ќе менува и ќе се учите уште, ќе пробуваш и вака и така..само терај со позитивна мисла. Дали му е доста, ќе следиш од знаците после - дали плаче, дали спие..
Докај месец дена најдобро е да цица на максимум 2 часа. За прашањето дали е доволно најадено јас секогаш следам три правила: полни пелени, соодветен напредок во килажа и бебе што не плаче. Прашалници секогаш ќе имаш како мајка, сега за ова, покасно за нешто друго, со тек на време кога еден ‘проблем’ ќе совладаш ќе почнеш да се осеќаш делумно посигурно. Супер сте, преку ден нека си цица на 1 ипол - 2 саати, а навечер ако не станува само дур да наполни месец зимај го на два саати нека цица. Понатаму ќе си се воспостави лактација и ќе даваш кога ќе бара.
Уф јас се прерадував кога почна да сврзува по 7-8 саати, ама кога видов дека не качил ни 200 гр за еден месец сите бродови ми потонаа. Секако не беше причина само скокањето на еден ноќен подој туку повеќе фактори, ама сега спијам и го дојам од страв. Гледам да е максимум 4 часа ноќе од подој до подој, ама синоќа ми се деси да не осетам аларм и околу 5-5 ипол саати растојание имаше. Си викам кога ќе почнеме со кашички ќе биде подруго.. Доењето ми е многу убав момент, ама искрено и огромен предизвик.
Огромен и тежок предизвик. Исто ми се случува со алармите и имам грижа на совест (не памтам кога сум ги исклучила) таа среќна наспана, јас желудник ми се превртува да не ја изгладнев. Можеби не треба вака да размислуваме, ама ете, 200гр и според мене се малку, некои деца имаат потреба да се доени и навечер редовно. __________ Ние во втор скок сме и двете, ќере мое спие и цица, будна несака да повлечи да цица, и затоа се одмолзувам па така цица мене хормоните ми се лудница, па само се преиспитувам дали ок правам. Абе едно детенце да ми се погодеше цицач. И двете морав/м јас да ги потсетувам дека треба да се јаде. Првото не ми триплираше тежина на годинка, и ова чувствувам така ќе биде нека се здрави и живи, колку и да се трудам по книга неможам да ги гледам.
Даваме и повеќе од сѐ од себе и тоа ми е некоја утеха. Моето е страствен цицач, иако во последно време со акробации ама си цица. До третиот месец супер качуваше, се надевам стагнацијата што се случи ќе се поправи со тоа што сменив некои работи. Роден е 3100 и веќе е скоро дуплиран, си викам до годинката ќе успееме да триплицира. На крај најважно ми е да е здрав, може ќе биде фит дете. Во бременоста го мереа со помало меше за 2 недели и стварно му е секогаш рамно колку и да е најаден. Повеќе се должи отколку што се збуцкува. Си има обравчиња и свивки, ама е средно бебе, не е буци.
Ај сега и јас да побарам помош околу болка во градите.. Од вчера чувствувам под прсти како топче над ареолата од внатрешна страна на градата како некоја жлезда или ми е запушена или незнам што. Брадавицата ме боли, исто и кога ќе ја притиснам градата. Малку се збунив околу топли/ладни облоги. Што е попаметно да ставам прво топло па ладно? Бебче цицаше сабајле од таа града, мислам дека сите ангели и демони ми поминаа пред очи
Пред подој топли облоги да ти се опуштат каналите, а после подој ладни облоги и листови од зелка сравај. Можеш поназад @Bella_Stella да ја прочиташ што точно правела и и помина маститот нејзе.
Фала ти Така правам, ама збунка малку имав. Се надевам ќе помине во брзо, инаку детево ќе си лежи само во кревет, нема во раце
Ѓумбир и цитрусни овошја од кога почнавте да конзумирате при доење? за 5 дена правиме 3 месеци некако ми е страв
Не сум пазела искрено, грчеви има и со нив и без нив. Индивидуално е, секое детенце различно. Пробај и ќе видиш дали ќе му сметаат на твоето. За првото детенце мн внимавав на се и пак имаше грчеви
Majki,kazete na kakva ishrana ste pri doenje.Nekoj link da pratite ako ima Slabo mleko imam sakam da go pojacam .Od shto najmnogu nadoagja mleko,pijam caj hipp.
Samo na majcino e ,koga se rodi davav aptamil sega e samo na grada.Ne sakam da davam veshtacko da ne go odviknam,sakam da si cica.
Здраво мајки.Би сакала совет од поискусните.Додека бевме во болница 5 дена си цицаше.Се вративме дома не прекина со плачење аа цело време е ставена на цице се трга плаче.Дојдоа утредента патронажните сестри и ми рекоа дека изгледа немам доволно млеко да давам дохрана.Почнав со дохрана.Пред дохрана секој пат е прво на цицање па после ад.Секој ден осеќам дека се помалку влече на цицање,најверојатно како резлутат на шишето.Навечер и преку ден форсирсм да ја ја држам повеќе на цице ама никако не заспива цврсто.Ја оставам и се буди моментално и прсти си бута,не заспива и почнува да плаче. Што би ме советувале за да успеам да не се одвикне од цицање . Да напоменам постојано пијам чаеви,течности,витамини.Кога цица од едната града од другата капе млеко.