Ајде за тие со помали гради... како успевате да им пикнете повеќе од аеролата на градата во устето на бебето? Почнаа да ме болат брадавките, ваљда не фаќа длабоко.. и така како бели се напред дури.. и болат додека цица, после тоа мачкам ланолин, и уште болат......
Имам.. мачкам обавезно после цицање.. ама до следно цицање и како почнува таа да цица- боли корни... Мислам дека не фаќа скроз како штот треба..оххххх
Ако те болат и се бели може не е до фатот, има можеби кандида. Прашај педијатар. Провери и кај бебето во устата, ако е бело треба да се третира.
I moite se veke krvavi i jas mackam ama nishto...Glavata me zabole sega od bolka koga cicashe,ke trpime mora. Jas ja fakjam cela grada a prethodno so shpric si ja vlecam bradavicata da ne me boli tolku koga cica
Здраво мајки, дали има некоја со слично искуство...Бебето ми е месец дена, преку ден постојано е плачливо и се смирува само кога е на града па цица на 1 час или часипол, повеке од 30 минути не преспива, додека пак ноќе си спие супер и се буди само за цицање на 3часа. Само на доење сме, па се мислам дали можеби е слабо млекото или немам доволно што преку ден е така? Да напоменам столицата му е златесто жолта, ретко да има по некоја точка зеленко, редовно имаме мокри пелени...
Значи не е гладно кога веќе се знаеш само си бара близина мало е сеуште. Некои се будат почесто и бараат да цицаат некои не бараат па треба да ги будиш на сила. Ако качува доволно на килажа не се грижи али мачно е за тебе око нема да склопиш
Јас не пиев ништо до скоро, почнав со Лактил пред две недели ради тоа што ми се причини дека снемувам млеко, бев под голем стрес, мастит итн. Ќе ги допијам и ќе видам дали ќе продолжам.
По еден цитрус на ден може и од самиот почеток, или витамин Ц. И за ѓумбирот мислам дека нема негативни ефекти.
@Bebence29 мене ми беше кажано дека ѓумбирот не штети ама зошто е јак можело да го смени вкусот на млекото па демек да несака да цица. И јас не пробав А колку е точно тоа...
Денес се тепаме за цицање дај му шише сакаа жива ќе се изедам па и со вода го миев,ад го пие моето не
Ако си јадела ѓумбир значи може да е од тоа. Пробај да не конзумираш ќе видиш ако цица значи до тоа било
Здраво мајки, се вративме дома од болница 5ти ден денес и синоќа нејќеше да фати града никако, дента фаќаше и во болница исто ама немав млеко. А почнаа да ми течат градите, тврди ми се и болни… Го дохранувам поради препорака на педијатар. Дали да земам пумпа? Пробавме силиконски во болница нејќеше.
Од која причина си советувана да дадеш дохрана, гладно ли е бебето, плаче ли без да даваш ад? Ставај го упорно на града, земи пумпа и чим имаш млеко давај твое молзено наместо ад, ама не прекинувај да нудиш града.
Во болница го дохрануваа дека немав млеко и ми рекоа да продолжам ако не ми дојде со 30-60мл… плаче ако не го дохранам… Денес ќе сум упорна. Ме интересираше само дали е подобро да земам пумпа барем да ми олесни и плус да стимулира повеќе лачење па валјда ќе фати поубаво да цица… Предлог дали е подобро рачна или електрична?
А тоа што има тврди и болни гради нема да направи беља ако стимулира со пумпа? @JustBeautiful Значи ти дојде млеко штом ти се тврди? Во која положба доиш? Пробај смени во топка позиција ако не си пробала, таа ми ја кажаа како убава позиција за почеток. Смири се кога пробуваш, сами во соба, полека.
Мене кога ми надоаѓаше ми беа потечени, тврди и не можев да ги чепнам, ставав топла крпа па измолзував едвај ми излегуваше по 20 30мл од двете плачев на секое пуштање на пумпата ама ми олеснуваше после тоа. Ама ке напоменам МЕНЕ ми помогна не мора да значи за сите да е исто. Можеш и да пробаш под туш да масираш и тоа помага од горе кон доле убаво ке фатиш на гарадата со две раце. Еве мене сега ми е страв да се измолзам да не нема млеко за бебе на цицка, а од кога цица луѓе за жива глава шише не сака да фати се бориме никако. Чајче сакав од бекутан да му дадам за мешето ми го плукна шишето и ја залепи устата