Stavajte listovi od zelka na gradite za tie shto imate bolni i tvrdi gradi,gi otpushta kanalite,mene mi pomaga.
Незнам кај си се породила,но и за двете ни капнуваат по малку блага инфузија и фома продолжив така додека да се навикнее тешко беше додека да фати а потоаа си цицаше,следен подој пак истата песнаа Ако си во можност купи си електрична,пиј чај за доилки многу многу течности и ќе успеете
Мораш да се одмолзиш, во спротивно можеш да затнеш некој канал, мастит итн. Подобро е да земеш електрична, рачната е за кратка употреба, не е за нон стоп да се молзиш, непрактична е. Комбинирај молзено и ставај на града, не се откажувај. Ако имаш млеко штета е да даваш ад, а градите викаш преполни.
јас ставав капки во очите со аналгин,очната докторка ми рече 2ч да не го дојам и првото млеко после капките да го фрлам подобро парацетамол, бруфен
Мајки дали може да ми кажете откако ќе се нацица бебето после колку време надоаѓа млекото и дали градите треба да ми се стврднат после 2 3 часа не цицање. Моите се нон стоп меки некој вика дека се чувствува кога надоаѓа млекото, јас не чувствувам воопшто ништо ги чувствувам како празни..
Јас осеќам како пецкање посебно посебно после јадење. Кај мене левата е мека а десната потврда ама од двете тече млеко.
Кај мене обратно се, десната ми е мека ама и левата омекнува, по тврда ми беше. Не осеќам ништо ни пецкање ни ништо, коа ќе се стиснам капки ќе потечат неколку и тоа. Завчера се измолзев 30 мл едвај од двете гради. А бебуш напредува ама цица на помалце од 1 саат нон стооп бара и е гладен, не знам што е работава
Зависи на почетокот за брзо стврднуваат со тек на време се средува лактацијата. Еве јас дојам веќе 14 месеци и може да помине скоро цел ден па дури тогаш да ми се стврднат а онака цело време ми се меки.
Ууу.. Јас дојам 1 месец само, затоа прашувам бидејќи велат ти се стврднуваат ова она, моите меки меки како памук Ни цел ден да помине не ми се стврднуваат ни малку