На таа тема... дали цицањето на почеток е цицни-голтни? Кај мене 1м бебе, цицнува 3-4 пати..па голтнува.. на што е тоа знак..?
Бебче има 5 дена од болница не пуштија со ставање на града и дохрана 40мл дури не се научи да фаќа на града и така треба 8 пати на ден. Е сега после дохрана се комира и не можам да го разбудам. Хелп
Кај мене беше на почеток цицни голтни а сега треба да цицне 4 5 пати за да голтне, и знае да се тргне па пак да цица па пак се трга се лути па пак цица и така..
Искрено стварно не знам, јас мислам дека е до млекото пошто лош фат ќе сме имале од почеток ако е така.. Не знам стварно. Твоето се најадува ли како сте?
Cicase moeto samo i spiese po 3 casa.Sega e 2 nedeli i na sekoj saat pola saat se budi i agresivna e za grada dodeka da pocne da cica se smiruva.Ja drzam po 35 min na dvete gradi i mislam ne se najaduva valjda ne mi e hranlivo mlekoto.Sinokja i dadov 30ml i tie gi ispi.Stvarno ne znam ja drzam na gradi kolku mozam t.e po cel den i pak e gladna...
Ако става на килажа не е гладна. Секое млеко е хранливо, нема слабо млеко. И моето е 2 и пол недели, не е стрплив дури го ставам на града, се разбудува и почнува да зинува, цицка бара и ако се закаснам малку почнува да плачи и кога ќе го ставам ја лапнува ко да не видел, долго цица, 40тина мин, некогаш помалку и заспива па се буди и пак бара... Иначе спие по 2, 3 мн ретко 4 часа врзува. Мн се мали немаат уште ред, незнаат што е ден а што ноќ, само упорно и Верба во себе. Ако не напредува тогаш доктор ќе ти кажи што и како понатаму...
исто и моево, и му давам да цица кога и да побара и му правам проблем со стомакот, после не спие повраќа од прејаденост и од грчеви
Некогаш бараат да се на града за блискост и топлина, не мора да е од глад. Ако полни пелени и качувс килажа, нема простор за грижа. И нормално дека ги испила тие 30мл, да си дадела и 50 и нив ќе ги испиела. Пиењето од шише е полесно за нив.
Моево нема цицано 2 саати, се измолзев само 30 мл од двете гради првите 5 мин имаше млеко, после тоа со рака стискај стискај капка не потекува..
Ти кажав дека и јас бев така, одвај 20мл молзев, па ете бебе расне и цица активно, јас ја правев истата грешка со прејадување и дохрана, па давава само дохрана и после решив само доење, и двете не биваше, дете збунето, прејадено или ненајадено и така де измачивме. Или биди упорна само со доење или давај само формула, мене истиот совет ми го дадао тука кога се жалев и стварно помогна. Одлучи се што сакаш и после полесно и за двете. Него луѓе на што се должи тепање на градата додека дојам? Значи 5мин цица мирно и после е борби, ме тепа со рака, ме рита со нозе, па плаче, па не сака да цица, па пак сака, фати, пушти и ме преморува, стварно се измачуваме, особено пред спиење, а и додуша он само на спиење цица, онака да му дадам вон дремка нема шанси, мислам ќе ме убие,
Мајки, бебето е 2.5 месеци и ко ке го ставам на града плачи. Ноќе си цица убаво денски плачи, се измолзувам и му давам од една града молзам околу 150мл, дали имате искуство колку му е доволно на 2.5бебе? И некој совет како да се вратиме да си цица? Мислев дека е скок ама помина сеуште несака да цица
Мислам дека го губам млекото...имав тешка епизоода минатава недела, многу стрес, баашка бебе 3 дена по ред не ми спие навечер преморена сум, се плашам дека е гладна. Пијам чај лакта микс, што можам да направам друго да не го изгубам млекото? Не можам да јадам и да пијам све затоа што не сум толеерантна на глутен.
Кај мене како најефикасно за враќање на млекото беше power pumping еднаш дневно, и неколку дена во кои само доев, не правевме ништо тие неколку дена освен лежење и доење, спиеше на гради буквално. Земи мајка/маж/другарка да спрема за јадење, колку и да звучи клише мора добра исхрана, обилни нутритивни оброци и секако-сон.
Пумпаш 20 мин, па пауза 10 мин, пумпаш 10, пауза 10, па пак пумпаш уште 10. Не се фокусирај на тоа колку ќе испумпаш, биди опуштена и гледај да стимулираш од тоа пецкањето пред да надојде млекото. Биди упорна и ќе имаш резултати, јас почнав и со дохрана бидејќи немав млеко, ама еве сега полека се враќаме на ексклузивно доење.
Пецкање јас што велам како струја низ гради да ми поминува од рамена надолу, малку непријатно чувство. Мене ми се дешава тоа откако ќе повлечи синко два три пати на града и го имам тоа пецкање и во двете гради истовремено и како почнува да цица на едната, другата ми протекува. Тоа ми се дешава и на два и пол саати без да цица, сами ми протекуваат и го осекам тоа пецкање. Тоа е знак дека градите се полни и време за цицање. И мене градите ми омекнаа. Се немам молзено скоро две недели, се молзев навечер ( не секоја, преку ноќ се молзев обавезно ) кога поврзува 4-6 саати и вадев 100-140 мл од двете гради вкупно. Сега ме фаќа страв да пробам колку ке извадам дека омекнаа.
Почнуваат повеќе да разбираат, ќе поче и да се врти да разгледува. И мојата така си игра со мене па целата сум со модрици, ме фаќа ме штипе, ми мава шамари, рацете кај мене во уста ги става, ми брои заби, ако има некој да збори ќе прекине ќе се сврти да види кој збори па пак ќе продолжи. Затоа се препорачува доење на тивко место да нема дистракции. Не е ништо, само ти расте бебчето .
Тоа е вајда, знам дека расте ама многу напорен предизвик, лав како да борам. Инаку јас она струење кое го велите скоро и да не го осетив никогаш, може еден краток период, пумпа маанав на месец ипол оти вадев само 20мл. Градите никогаш не ми биле преполни, бебето некогаш не цицаше ич, некогаш цел ден само на града беше, се научи да фати на 2м Нит сум била упорна, нит се нервирав многу, наеднаш многу брзо се воспостави лактација и бебето од тогаш е 90% на ексклузивно доење. И напредува убаво. Поентата ми е дека нема правила со доењето, секој си создава свој начин и секое бебе си има свое темпо. Во мојот случај се покажа дека опуштеноста и нестресирањето околу доењето најмногу даде резултат, оти тие две недели кога сите ми се качија на глава, ставај го на гради, мајка не знае да фати, мајка гладен е, мајка ќе се одвикне да дои не му давај шише, мислам дека повеќе штета ми направија, кога решив да не слушам и да терам како јас мислам, си се среди се и бевме и двајцата среќни.