Мила моја постои патронажна сестра која доаѓа дома така? Кај мене идеше доста и кога и се јавив дојде. Таа се ми покажа, како да го бањам, како да средам папоче, и провери дали бебе има убав фат на града и како цица. И секој пат кога ке дојдеше пак проверуваше. А за како да го поставам бебе на града ми покажаа во болница. Е тука морав да ги бркам по цело оделение за да дојдат. А за патронажната сега да и се јавам ке дојди одма. Живеам србија. Мк можеби не се така посветени патронажните. За во мојот град во мк знам дека не се. За други градови не знам А тоа што избега сила народ така е И да додадам... ако државата треба да ја плака дохраната и те како мислам дека ќе го едуцира персоналот и повеќе ќе се трудат. Сега многу мајки се откажуваат од доење зошто нема кој да им покаже и помогне. Што е жално
Ако дојде патронажна сепак таа колку пати ќе дојде? Одобено тие што немаат одма млеко, по руго е мајката ако има одма млеко друго е кога нема. Таа патронажна на колку места треба да помине.
Кај мене идеше на почеток преку ден. И после ми рече ако имаш потреба за било што да ми се јавиш ќе дојдам. И се имав јавено еднаш и дојде. Овде поени добиваат за тоа колку се посветени и имаат плус пари на платата. Кога бев за мк, свекрва ми ми кажа дека поминала. Без да се јави дошла.
Можеби не сум објаснила добро. Една е рачка, но од двата краја се притиска за да тече, па затоа мислев дали има правило по колку се стиска на едната страна па на другата
Патронажна, што е тоа... Ај за првото ми се јави и дојде, потоа само уште еднаш ми се јави и толку од неа. Ај среде ковид беше, тогаш уште полициски час имаше и беше хаос. Кога дојде, само ми рече гладно ви е детето и толку. Ни ајде стави го на града, ни да покаже бањање, а бе ништо, ништо. А со второво не ми се ни јави некоја, а не па да дојде.
Овде идат што бев пријатно изненадена можам да кажам. Балкан ќе си речеме, секаде исто. Ги има неколку, мене таа што ми се падна префина женичка, сака се да ти покаже помогне. Идеше ви велам на секој втор ден на почеток после еднаш до два пати во неделата до 40 дена. И плус дојде јас кога ја повикав.
Здраво не знаев дали тука да пишам ако не треба тука се извинувам многу Млада трудница Бремена сум и за скоро ќе се породам и секако сакам да го дојам но имам мали гради и ме интересира како би знаела дали ќе имам млеко и дали уште треба да растат,дали треба нешто да конзумирам повеќе за млеко и слично?
Количината на млеко нема врска со големината на градите. Дали ќе имаш млеко не можеш да знаеш ама кога ќе се породиш ќе го ставаш бебето упорно на града за стимулација на млеко. Постојат чаеви и капсули за лактација но тие може да ги конзумираш откако ќе се породиш доколку имаш потреба. Со лесно
Порано велеа дека не е ама новите истражувања велат дека до 2% е дозволена и во бременост и за време на доење
Јас добив ок и за салицилна и за ретинол. Доктор вика се додека не ги мачкаш производите на брадавиците каде што бебето цица, во ред е. Реално производите се нанесуваат површински и во толку мала количина што е скоро невозможно да се пренесат до крвниот систем, не па на бебето.
За доење јас колку што знам е безбедна. За бременост беше не, а сега има истражувања дека во концентрации до 2% е безбедна. @elenaklasik Еве и овде (тука е по брендови, ама кажува и за конкретни состојки). https://www.15minutebeauty.com/pregnancy-safe-skincare-ordinary.html
Здраво што се смее при доење, парацетамол може мислам или? И нешто за болно грло ме фати изгледа некој вирус