Мајки дали кога го ставате измолзеното млеко во обичен фрижидер ви се прави малку како кајмак одозгоре? Не знам баш како да објаснам, ама млекото не е како на почетокот.
Нормално е, се одвојува мрсното млеко т.е. кајмакот Пред да го даваш само убаво полека ќе го промешаш и пак ќе биде како кога си се измолзила.
Мајки, како е можно да не вадам ни капка млеко со медела електричната пумпа? Општо имам малку млеко но се трудам барем и тоа што го имам да го давам. Користам рачна на babynova и со неа вадам до 40-50мл но сакав да си олеснам и пробав со медела и не излегува ни капка. Од која сте задоволни вие?
Јас имам една на kikka boo, од локо кроко на попуст ја земав околу 2400 мислам. Прееска 90мл извадив со неа, по 10мин нс града прво, и после по уште 5.
Да не не ти одговара инката? На медела можеш да смениш инка во зависност од големината на ареолата и пупката.
Дали смеам апче за алергија да се напијам? Лоратидин дома имам. Не знам од што се имам исфрлано ама лом сум по мускулите на нозете пликови огромни, чешаат не можам да опишам како
Јас имам респираторна алергија и се напив на два пати сируп Лоратидин зошто не можев да функционирам. Прашав дали некој пие нешто за алергија ама никој не ми одговори. Некои доктори викаат и во бременост дека смееш, ама јас издржав и не пиев зошто е подобро да не се пие освен ако ептен не мора. Е сега за доење не знам како е.
Мене ми дадоа Вербаскон грип. Дали може одмрзнато измолзено млеко да се замрзне повторно или важи истото како и се друго веќе одмрзнато да не се замрзнува?
Јас почнав Виранто капсули, на бебе дадоа Виранто сируп и дали од тоа беше, ама навечер веќе имав откукан нос. Немам веќе ни болка во синуси. Само не знам до кога да ги пијам.