Види иако имам 2 веќе сосема те разбирам дека е тешко зошто со второво особено искусив исто што и ти. На секој труд он на вага 100гр качил, смрт. Ама верувај дека немаш колку толку млеко, имаш доста млеко, сосема доволно на 10 дена да молзиш 60мл е топ. А дека со секое шише ад или молзено го оддалечуваш од града извини ама така е, колку и да ти иде да ми ја бапнеш една сега. Мој совет, кој ми го даде матичниот и супер се покажа, додека пркне, давај да дои на двете по 20тина мин со тоа што меѓу двете гради ќе го будиш со расоблакање, мењање пелена и слично, после тоа шишенце, како ќе напредувате ќе му намалуваш шише од секој подој на секој втор, па 3 пати на ден, па 2 пати на ден, па пред ноќно спиење само и на крај само ќе го исфрли. Вака успеавме и еве го 9м дои супер. Полесно од доење нема, колку и да ти се чини сега тешко, мачно, неуспешно, ти си на пола пат до успехот, бебе може има жолтица, сеуште му е само таа работата да цица и спие, тоа е тоа, нема што да прави друго, така да издржи овие 3-4 недели и ќе биде подобро. И знам, повеќето не се слагате со ова 20мин града (не буквално, да се разбереме) па следна, знам дека лактациски консултанти тоа строго го забрануваат, ама додека се водев по нив бебе не ми напредуваше, само спиеше и плачеше, јас со ова за 2 недели го пркнав и си продолживме со доење на барање и еве го 9м цица колку сака кога сака и каде сака.
Како мислиш дека не се слагаме со тоа 20мин на града? Моето од старт цица една града на подој. Во првите денови цицањето траеше и до 40мин.
Кога пишував овде дека матичниот ми дал ваков совет бев нападната, потоа кога дадов совет пак ме нападнаа дека не е правилно, затоа напишав, не се согласуваат многу со мене и тоа е ок, немаме сите исто мислење, само давам совет кој сум го добила, применила и одлично функционирал и ми помогнал.
Бебето е премало за да знаете и двајцата што правите. Мене првите две недели ми беа најмачни во поглед на фаќање ред со доењето. Не знаев да се наместам, бебе фаќа, па не фаќа, успано од неонатална жолтица. Па буди го, расоблекувај, па најадено ли е, правам ли сѐ како што треба. Тие и милион други прашања и се вртат во глава на секоја нова мајка. Прво ќе ти кажам да ја исклучиш околината од целиот процес и освен совети од компетентни лица (лекар, лактациски консултант), да не дозволиш апсолутно никој друг да ти се меша и да ти кажува што е подобро за твое дете. Бебе од 10 дена не можеш да очекуваш да знае да се фокусира на било што. Уште не знае кај се наоѓа, едноставно е премало. Нема никаква грешка ако одлучиш да комбинираш со АД. Меѓутоа јас би те советувала да го издржиш овој период, да го ставаш упорно на гради, верувај секој ден ќе ви е една скала погоре. Ти ќе си посигурна во себе, а бебе ќе станува сѐ посвесно и ќе ви тргне доењето. Ако имаш доволно млеко молзи и давај твое со шише. Сепак треба да следиш како ќе напредува и ако напредува убаво, полни пелени и не плаче, не му треба шише. Имај верба во себе и во процесот и ќе бидете добро. Слушај го својот инстинкт зошто се родил заедно со бебенцето и никогаш нема да те излаже.
Ви благодарам многу на сите совети @Bella_Stella , @AngelOfArh и @Sofi.ja Таа положба на рагби топка ја испробавме и засега ни одговара, како најдобро да се наместивме така досега. Бебец е сѐ повеќе ококорен и пофокусиран, не толку успан како на почетокот. Немам идеја колку количински цица, меѓутоа сум на истиот став како @AngelOfArh повеќе од 20-30 минути по града ми нема поента. Станува нервозен и раздразлив, а склон е многу на икање, па додека тоа се смири за да продолжиме, претходно нѐ фаќаше подој и по 2 часа што сметам дека е психотично. Некоја членка ме праша - колку си решена да доиш, ќе бидам искрена и ќе кажам до граница на непореметување на здравата ментална психа. Не сакам да се трауматизирам и јас и он, упорна сум, ама не по цена бебето да е гладно а јад да трескам глава во ѕид. Верувам дека ќе научиме брзо да се наместиме, и бебето сѐ повеќе соработува, ама женски брадавиците немаат оправачка. Премали се, превовлечени. Не знам колку пати се обидов да ги стимулирам со пумпа, со извлекување, имам и рачна и електрична, практично треба да пумпам 15 минути да набрекнат и заличат на нешто и во моментот кога ја отстранувам пумпата се враќаат во нормала за неполна минута. Би била благодарна да препорачате добри силиконски брадавици, имам на Авент М и се преголеми, имам на Нук С и де ок, ама премногу тенки со премали дупчиња... Не знам.
@BadKarma94 Можеш ли само да споделиш кои на Chicco, кој тип? https://topolino.mk/product-category/bebeshki-program/doenje-i-hranenje/silikonski-bradavici/
Бебе е 2 ипол месеци. На ексклузивно доење сме, една града по подој. Понекогаш забележувам дека е како погладен, и цица да речеме 20+ до 30мин од едната града, и потоа како да бара уште. Во тој случај му давам да цица и од другата. Прашањето ми е, колку време од прилика да го оставам на првата града за да ја испразни? Јас го тргам по 15тина минути кога гледам дека ептен успорува со голтање. Дали е тоа правилно? И дали секој подој да нудам од двете или само ако забележам дека е уште гладен? Зошто некогаш после една града си заспива или си е среќен. До сега супер напредува со килажа ама ме буни тоа што некогаш 30+мин на града е, и кога ќе го тргнам бара уште.
Јас секогаш давам од двете, прво цица од едната и не сум сигурна дали уште сака, давам од другата и си цица дури сака, па сама се трга. Некогаш си цица до крај, некогаш си остава за после Не мислам дека е погрешно да дадеш од двете... читам овде не било правилно така, ама што знам, ние еве скоро 14 месеци тераме така.
А како да знам дека завршил со првата града? Има некои типс? И јас дефинитивно би давала од двете ако гледам дека една не му е доволно.
Јас, со моето скромно искуство, од се што пробав досега најуспешно ми е кога давам од двете гради.. со тоа што, давам прва града и цица некои 10 - 15 минути, па сама се трга, па нудам втора града и од неа после сама се трга кога ќе и е доволно.. на следниот подој дваам прво втора града, па прва.. ако ме разбираш. Се надевам дека на тој начин го пие и тоа предното и задното млеко.. Бебе ми е 2 месеци
Моето цица колку сака, 44 дена е, значи и 40 мин, на почеток и 50, ако видам дека не голта тогаш го тргам, ама пак бара и пак му давам, 2ро ми е, имав искуство од почеток, првите дена дур ги извлече брадавиците се помачи, плус мн млеко имав, па неможеше од преполна града да фати и се молзев малку за да намали градата и така супер тргна. Еве го и ден денес дури бара си стои на града, ако поќе време цица го менувам и на другата, градите меки ми се цело време, навечер можно е да се под наполнат ако спие 4, 5 саати.. Напредува супер, како брат му. Ми направи блистер на едната града и уште ми стои, неможе да пробие, ме боли со крпа пробав да го тријам под жешка вода ама не проби, сиг 3 недели си стои, нз дали е во ред толку време, како што читав на нет пишеше дека може да стои подолго.
Повеќе начини, ја осеќам повеќе испразнета, а и бебе веќе не голта туку како цуцла му е. И кога ќе ја стегнам брадавицата гледам колку прска, пример ако има повеќе млеко од повеќе канали излегува млеко, кога е веќе доста испразната излегува од еден, два. Градата не се празни скрос, како што пишуваше една форумџика, не е тетрапак ама протокот се намалува како што се празни „резервата“ внатре.
Не знам дали прашањето ми е за овде.Бебе 5 месеци скоро, на доење, и од вчера докторката ми кажа да продолжам и понатаму со колиеф капки поради тоа што е интолерантен на лактоза.Денес му дадов 5 капки но не ги растворив во млеко, туку директно во лажичка во уста.Сега читам во упатството дека никогаш не треба да се даваат директно, туку секогаш растворени во млеко.(се помешав со пробиотикот, затоа ги дадов така).Се плашам дека може да му биде нешто.Многу сум загрижена.Дали имате вакво искуство?