@see.emily.play @0ли @IRBBB да не сте ми вие, не знам што ќе правам.Полесно ми е сега.Од преска чекам да почне да повраќа или нешто да му биде. @IRBBB Да правевме, и излезе целосна интолерантност.Многу чудно што воопшто немаше грчеви во првите месеци, а првите две недели беше на комбинирано, доење и ад.Дури и ги прекинав капките, зашто гледав дека нема потреба.Вчера на контрола докторката ми вика обавезно капки, а кога ќе порасне повеќе, ако се користи млеко во исхраната, само млеко без лактоза.
Јас скрос се разбирам, ама мора да научиме како мајки да намалиме со паника. Вака паничев кога наеднаш и ги прекинав колипрев, а после неколку дена на форумот прочитав дека треба да се прекинуваат постепено. Мислев дека и' предизвикав нетолеранција на лактоза И кажувам на педијатарот, скрос ладнокрвно ми вика нема ништо, не се замарај. И стварно ништо не се деси, можда некоја привремена нелагодност осетило бебето, ама тоа е тоа, никаква промена не видов.
Искрено да ти кажам и јас за поголемиот користев лактаза и ниеднаш не ја растворив во млеко, туку му давав директно пред подој. Цело време мислев дека се меша со млеко да стои само ако е адаптирано. Инаку мислам дека интолеранцијата може да е привремена и да ја надрасни исто како алергиите. Имаше некакви симптоми?
Zdravo majki Kako gi davate kapkite Babythol Neonate, direkno so lazicka pa mu davate da cica na bebeto ili gi stavate vo mleko? Isto me interesira i za kapsulite D3 so K1 i Omega, dali pred doenje gi davate site ovie? Dali moze da se dade neonateto pa drugive ili treba da ima razmak od nekoj saat?
Ги имам и јас дадено така и исто бев во паника, ама ништо страшно не беше не се секирај. И се префрлив на колипрев тогаш поедноставни ми беа за давање и поефтини.
Да, од ДМ зимам, не whey, вегански зимам. Едната града ми е со една голема топка, околу 3цм нека е, и повеќе ситни. Таа града од старт ми има повеќе млеко, а со првото ми направи и блистер. Топчињата се менуваат, стануваат помали и поголеми, што мислите дали е озбилно? Чекам термин за ехо.
Девојки незнам кај да го поставам прашањево,од кога се породиви ослабев на почеток малку сега ептен 17 кила и сум преслаба,кажете како да се поправам барем малку се виси на мене не личам на човек,дали од доењето е?
И јас го користев овој цело време пред бременост, баш ми е убав. Не знаев дека може да се користи со доење Како напиток смее или само во каши го користиш?
Така е, јас мислев за второ дете по релаксирана ќе бидам, ама не, иста сумА и педијатрите знаат дополнително да те испаничат.Моето има интолеранција на лактоза, ама еве веќе 5 месеци има, а баш никаков симптом нема.Затоа и не давав капки, а докторката ми вика вчера може дополнително да ти развие симптоми ако не даваш капки.И сега пак почнувам со капки, и пак паники
Значи не сум единственаЈас од навика со пробиотикот, ги дадов така, ама ете денес супер си е, ништо не му е Не знаев дека може да биде привремена.Баш ме израдува сега.Зашто вчера докторката ми даваше совети буквално за цел живот како да се понаша, и дека ќе може да пие само млеко без лактоза.Дај Боже да се среди.Се плашам за во градинка како ќе му биде, ама пак од друга страна, до сега 5 месеци од кои сигурно 2 месеци воопшто не му давам колиеф, а нема ниту еден симптом, ниту пак воопшто имал грчеви откако е роден.Да не знае човек што да мисли веќе.
Ти благодарам, ми олесна дека не претставува некаков голем проблем.И моето денес си беше супер, ништо не му се случи, само се намршти кога му ги давав и толкуЌе побарам и јас колипрев ако најдам, овие стварно се прескапи, а реално три дена траат само.
Па јас лично често имам овес за доручек и сакам да имам внес на протеин, а ова е брз начин. Многу често правам overnight oats за да можам од сабајле да каснам нешто набрзински и да успеам да го извадам на шетање.
Големиот ми имаше зеленкасти, слузави, со бели како наслаги, понекогаш и крвави нишки столици и ми го водеа како интолерантен на лактоза (никогаш никој не ни рече да испитаме). Имав и препорака да тргнам млечни производи од мојата исхрана дека беше на ексклузивно доење. Магично се среди после 6тиот месец, кога почнавме со дохрана. Сега за второто педијатарот ми напомена дека е можно да треба да давам лактаза додека созрее дигестивниот систем дека е прематурче. Заради ова јас претпоставувам дека можи да е транзиторна. Дури и да не е, некои млечни производи не содржат лактоза во високи количини, а и не значи дека никогаш нема да смее да ја консумира, туку во ограничени количини. Барем сега на пазарот има сѐ.
Кај мене се појави така големо топче, испаничив, два пати бев на ехо и излезе дека имам површни цисти кои само ќе ги следиме со контролни еха, ништо страшно рече др. Во секој случај појди да те ѕирнат за да бидеш мирна. Исто ослабев многу, 14 кг од бременоста веднаш ги симнав и плус 8 мои симнав, препишувам на екслузивното доење. Апетит имам голем, јадам обилно количински ама килажата не оди нагоре. Претпоставувам по престанок на доење и со пообилни оброци дневно ќе се вратиш со килажата, а јас моментално сум со моја посакувана тежина па се плашам по престанок на доење да не одам нагоре, ќе мора внимавање.