А уште поисплатливи и барем кај моето се покажаа добри, се капките Colactaze. Ги има во Еурофарм и се 380 денари
Јас ги земав од Бети, можно е и во Еурофарм да ги има. Зегин само колиеф држат. Стварно, колиеф само три капки има.
Зарем е можно после скоро 6 месеци доење да ми се зголемува млекото? Таман мислев дека е воспоставена лактацијата, веќе втор ден ми се преполнуваат градите. Бебе си цица нормално како секогаш, храна немам променето и стварно не знам до што е. Страв ми е да не фатам мастит пак. Го одмолзувам вишокот ама рачно, демек да не стимулирам уште повеќе млеко. Бебе цица од едната града само најчесто, нудам друга ако е незадоволен само. Сега понудив ама не му се јаде и се трга зошто убаво се најаде од едната.
Како да не. И со првото и со второво добив после 4ммесеци, со првото 25месеци стаж. А и додека имав добиено бебево не штрајковаше, така да ни на вкус не би рекла дека менува
Моето е 6 недели и е на комбинирано но повеќе е со АД На почетокот не размислив толку за доењето немав млеко и морав да му давам АД, го ставав и на гради но не бев нешто многу упорна брзо се откажав и почнав се повеќе да давам АД а се помалку да го ставам да цица. Сега кога веќе има 6 недели ми е мака зошто не е на ексклузивно доење. Млеко ваѓам со рачна пумпа но малку по 60мл на ден. Прашањето ми е дали имам шанси сега некако да почнам повеќе да му давам мајчино а помалку АД. Или веќе ми е касно?
Не ти е касно, што повеќе на града го ставај бебуш. И земи систем за релактација пишавме пред неколку страници за тој систем. Можеби така полесно ќе дојдете до ексклузивно доење.
Исти сме и ние. На 6ти прави 2 месеца и многу ми е криво што не воспоставив поголема лактација. Бебето е многу нервозно ако не му доаѓа млеко од градите и се повеќе давам АД. Кога се измузувам ако не цицал вадам 60мл..
Инаку, си пробала ли чај за доили или лактил капсули. Мене ми наидува млеко многу од чајот на хип за доили што е. Јас имам млеко доста, ама ми касни рефлексот на испуштање млеко од кога се воспостави лактација и синко ради тоа е нервозен. Ама тука ништо не можам да направам. Пробав со компресии ама ништо не ни помага ни тоа. Но сум упорна му пеам го тапкам по газе, изнаогам нешто да го задржам на града да влечи дур да му надојде
Јас пробувам со чај Лакта микс ама немам некој резултат. Не сум осетила така да ми надојде млеко и да ми се наполнат градите.
Јас овој го пијам. Јас така од лактил капсулите не гледам некој ефект, а кај некој помага. Пробај го овој може повеќе ке ти одговара.
И јас ги пијам лактил, но не гледам нешто посебно промени. Единствено ги осеќам градите полни преку ноќ откако ќе одспијам 4-5 саати и тогаш ми се ептен тврди инаку преку ден цело време меки.. Знам дека треба бебето да е најмногу што може на града, но големо е веќе да не кажам разбира дека не му тече и плака
Тоа што се меки градите не значи дека немаш млеко. И моите се меки, едно време и јас помислив дека немам, ама пратев убаво да видам што е маката, и пишав веќе дека е тоа што ми касни рефлексот на испуштање млеко и тоа го прави нервозен. Нервозно е дете кога почнувате да цицате или покасно?
Во што го замрзнувате измолзеното млеко? Која опција најмногу се исплати, бидејќи реално повеќе треба?
Девојки сте пиеле ли лоратадин? На е-лактанција вика минимален ризик и безбедно, на упатството пишува не смее при доење. Друго чаре за алергиски ринитис ?