Евентуално да пробаш они спрејчиња како аква марис алерџи, незнам друго што или прашај доктор, мора да има нешто што е дозволено
И јас имам алергиски ринитис и ужас сум особено периодов. На два пати се напив сируп Лоратидин по 10мл зошто ќе полудев, пиев вечерта кога бебе веќе спиеше и знаев дека нема да цица во минимум следни 3-4 часа. Моментално не пијам ништо, а тешко ми е. Сите тие спрејчиња како Аква Марис, Синомарин итн ми се пробани и џабе, како да прскам обична вода. Алое Вера гел пиев еден период и ми помагаше, ама сега дур дојам не знам смее ли. Чај од коприва во поголеми количини наводно помагало, ама и тоа исто не знам дали смееме.
@AngelOfArh Овој протеинов како го користиш? Колку пати на ден, дали во каши или како напиток, дали секој ден може и сл.?
Здраво, ми треба совет или искуство, минатиот петок се породив итен царски и бебето веднаш ми го пратија во државна, јас додека бев во болница стимулурав млеко со пумпица бидејќи не беше со мене.. но сега се е океј и сме дома заедно. Имаме проблем со доењето, млеко ми надојде, но не знае да фати, купив силиконски брадавици фаќа ама не знам ни колку цица и дали воопшто цица бидејќи не осеќам ништо...
Ќе се стабилизирате, само смири се. Следи ги градите дали се празнат после подој, бебето дали ја полни устата и голта. Ако е гладно во 99% од случаите бебето плаче, не полни доволно пелени и не напредува во килажа.
Јас само наутро во шејк го пијам повремено, не секој ден. А знам да си ставам и во палачинки пример понекогаш.
Мајки што можам да се напијам вирус закачив некој сигурно, повраќање, пролив коски ме болат едвај седам
Синко цица 4 пати дневно, наизменично ги менувам градите. Е сега пошто вади 4ки, си се чеша со брадавицата и ме касна и рагада ми направи на десната. Може само на левата да го дојам? Постои шанса од мастит на десната вака?
Ако ја измолзуваш дур да заздрави нема да се деси мастит. Мачкај ланолин од Бејби Лов, мене ми е спас.
Болно ми е и измолзувањето... Ај ќе терам пак со левата, па ако се разбуди за ноќно цицање тогаш ќе понудам десна. Мачкав пурелан на медела и еве ме се луфтирам сега. Синко е кај старите, зашто го гледа цицето и одма пружа раче и вика Еиииии
Ви се случува попладне после 6-7 да имате помалку млеко? Пијам лактамикс преку ден, ама пак бебе навечер ќе исцица и плаче за уште, а и јас си ги осеќам градите празни..
Здраво, по колку мин ги доите бебињата? Бебе на почеток цицаше по минимум 10 мин од града, но сега неколку денови едвај по 5-6. Од 20 мин подој стигнавме на 10-12. Не е тоа премалку? Бебе има 7 недели, 1кг стави за еден месец, полни пелени, не плаче, вака се си е ок, ама сепак мислам дека повеќе време треба да цица, или грешам?
Мајки измолзено млеко колку дена може да стои во фрижидер, поназад оставено? 24ч или 4 дена? Имам од пред 2 дена заборавено, не знам дали да го фрлам или да го ставам во замрзнувач.
Според новите препораки до 4 дена, јас се водев според препораките од пред 7г кога молзев со големото и чував до 1 недела макс. И да можеш да го смрзнеш комотно. 24ч е одмрзнато во фрижидер.
На почеток треба да се водиш до негде по минути. После одредено време бебето си диктира. Секое бебе има различна брзина на влечење и колку минути цица воопшто не треба да ти биде мерило. Колку време му се цица толку, кога ќе побара ќе дадеш пак и тоа е.