Влошки за гради, јас сум цело време со нив. Јас ги користам на Tosama и сум задоволна. Во локо кроко пак има што се перат и можеш да ги користиш повеќе пати. ☺️
Дојам цело време со силиконски. Денес пробав од шише да и дадам мое измолзено но нејќе. А 3,4 пати до сега има пиено така. До што може да е и што да го правам млекото ако не го испие до после?
Дали може да се пие матичната млеч во текот на доење? 14 месеци има бебе и цица само навечер. Паднат ми е многу имунитетот цело време сум болна, со месеци веќе не можам да се оправам, па ми препорачаа матичен млеч за брзо кревање на имунитетот.
да ве прашам ми се направи грутка на едната града на чудно место, од долу (буквално долу на средина). во коja положба е најдобро да го дојам бебуш за да ми се “одзатне”? И со што можам после подој да ладам додека да купам утре зелка
Лежејќи најдобро. Масирај ја градата пред подој, имаш на јутуб видеа како. Дур да земеш зелка ставај ациди борици ако имаш и упорно бебе на таа страна да цица.
Низок степен на ризик, така да можеш да пиеш Спојлер: Линк https://www.e-lactancia.org/breastfeeding/royal-jelly/product/
Оли пред 3год знам дека даваа вакцина за сеознски грип на доилки ама ако не ти е многу потребно јас не би искрено. Не сум против вакцини ама сепак во овој момент кога имаме бебиња на цицка јас не би ставала.
Мајки помош. Уште од болница доев со силиконски заради вовлечени брадавици, и при извлекувањето ми се направија рагади. После месец ги тргнав силиконските и бебе фати и без, но веќе сме месец ипол а мене рагадите никако не ми поминуваат, користам ланолин, кантарионово масло но никакво подобрување. Некогаш многу ме боли. А бебе напредува супер, полни пелени. Некое искуство
Научена е да цица. Млекото фрли го. Не ми текнува колку може да стои млекото во шише. @KidA масирај ја градата. И притискај по малку. Кога ќе го решиш проблемот пак повторувај ја постапката. Додека бебето не цица. Јас така правев. Имав многу млеко од двете гради.
Probano e se, i uste nesto zaboraviv da spomnam, koga zavrsuva podojo bradavicata mi e kako kompresirana
Јас тргнувам дека за време на доење многу работи се забранети за примање,па некако скептична сум и за вакцината. Ако има некој др објаснување може да каже ама ете јас не би редела доколку не е многу потребно
Еве еден месец како сум тргната на работа, ама градиве тек сега ги осетив некако поболни, особено оваа деснава кај што напипав топче. Нормално е или не баш? Чекам термин кај матичен нов, па ќе видиме што ќе ми кажат. Ме плаши ептен, да не ми речат дека морам да прекинам доење, некако не сакам, рано ми е, бебе ми е уште премногу врзано за града да го одбивам.
Нека ме поправи некој ако не сум точна со инфо, ама мислам Германија дека се вакцинираат и бремени, еве @danichap можеби знае. Ќе ја тагнам.