Флаа на совети и мислења, ми значи. Ајде денес ќе ја следам ситуацијата.. ќе ја подригнувам почесто и ќе ја прекинам пред време.. Молзењето го правите после подој, така?
Здраво дали имате искуство со пумпите за измолзување на Haakaa? Ако имате како сте задоволни од истите?
Па не е баш пумпа. Се става на града додека доиш, на пример, за да се собере млекото што протекува од градата на којашто не се дои.
Па ако ти тече млеко додека доиш, можеби попрактични би биле бибамарите за складирање млеко. Ова е големо, виси на града, што знам. Јас ја купив и ич не ја искористив, мене не ми тече од другата града и немам што да собирам. Како и да е, со неа не може да пумпаш млеко.
Млеко од другата града може да ти тече само краток период додека се воспостави лактација,а можеби ни тогаш. Така да ,не би ти вршела нешто многу работа оваа.
Да, и таа собира млеко, само е помала. Оваа е баш големка и не е многу практична. Јас се залетав, џабе.
Не знам дали ми е за тука прашањето, ама сепак да си прашамВеќе 5 месеци од породување а јас не можам да намалам 1 кг, стварно не можам да се поднесам повеќе.Доењето ептен ми отвара апетит.Прашањето ми е дали за време на доење сте биле на некаков режим, конкретно ме интерисира програмата Мамафит на Ана Стојановска, ама се плашам да не има некакво влијание на лактацијата?Дали има некоја што била или планира да биде на Мамафит програмата,и дали воопшто имало било какво влијание врз доењето.Сепак бебе и доењето ми се најважни
I mene mi e polesno da se izmolzam i da znam kolku ispil, go stavam i na grada megutoa moze da cica i do saat vreme i da go trgnam jas i za pomalku od saat da e pak gladen
Сакам да почнам да го одвикнувам од дневните подои. За ноќните уште ми е јасно дека нема шанса, оти се буди и бара. Како почнавте вие? *13 месеци