Jas sakam isto,no dodeka dojdam ke pocekam....pedijaterot me sovetuvase nikako dieti rezimi i slicno..taka da bebusot pred se
Здрав начин на живот нема врска со диети и режими. Ние си ласкање на сметка на тоа дека бебе цица па крив ни е цацко кога ќе мора да сопреме. Не мора диета за да ослабеш, само да јадеш тоа што треба.
Е баш тоа ќе кажев како е подобро да бутам брза храна, шеќери и нездрави оброци од балансирана исхрана? Јас со програмите кои ги збореа девојкиве погоре симнав 18кг, сега видов дека се отвараат пак и сакам да си ги уплатам зошто периодов лежејќи 6 месеци строг бед рест и како зависам од готвењето на маж ми немав многу избор да пребирам ама смути, салати, врап комбинации што ги памтев си ги спремав кога можев јас. И баш си реков веќе 7ми месец да си јадам побалансирано и да ја придолжам истата храна и кога ќе стигне бебар, не гледам зошто би сметало тоа, зар активните мајки што ги гледам на инста со исхрана и вежбање сите се на Ад млеко?
Јас пак сум послаба сега од периодот пред бременоста. Бебе уште малку ќе направи 5 месеци. А искрено не пазам колку јадам. За благо можам да кажам дека јадам како дупната па ете кај мене не се лепи. Дај боже да остане така . Инаку познавам многу што дојат и вежбаат. Зошто не би вежабале, не гледам пречка јас ако се успева и се има желба да се искординира со време. Јас сакам да почнам и ќе почнам кога ќе почнеме со цврста храна, сега некако е многу врзан за мене, а и уште јас не сум спремна да го оставам и да одам на тренинг .
Моето е скоро 6 мес и педијатарот на малата ми кажа ѓумбир не, а кога бев на дежурен педијатар ми кажа може ѓумбир за желудникот, едни вака едни онака, јас сепак не конзумирам, прашај си го педијатарот најубаво
Значи не сум само јас што збудалувам за храна. На почетокот сѐ што имавме дома чоколади од мекици сотрев, ама пројде тој период. Сега после речиси 8 месеци имам невиден стрв за глупости и стално осеќам потреба за грицкање нешто. Дури и глад чувствувам, а тежината ми е горе-долу иста како пред бременост.
@jolooo_ @BadKarma94 @Ceneva @MeryS @Roxy1991 Пројде трет скок, доењето се врати у нормала. Тежок период но издржавме, бебе си цица како претходно. Ви благодарам на споделеното искуство и на советите.
Здраво мајки! Дали од тие чаевите како Лактамикс и Хип за доилки пиевте само на почеток или цело време? И дали сте воочиле некаква разлика вие што ги пиевте?
Пиев редовно до 2ипол месеци. Тогаш на контрола кај педијатар ми рече да не пијам повеќе зошто бебето напредуваше и повеќе од потребното Претходниот викенд имаше температура,добив совет почесто да го дојам. Градите ми беа меки,веројатно веќе беше воспоставена лактација, но бидејќи ми беше страв да не е малку млеко пиев неколку пати чај. Сега се случува да ми се стврднат и преполнат како на почетокот. Така да верувам дека помага чајот за зголемување на лактација.
Како ви одеше одбивање од доење? Ако се останува со еден подој пред заспивање дали ќе престане млекото со време и за колкав период
Ако постепено кратиш подои и млекото ќе се намалува. Ако ги чуствуваш тешки градите масираш и малку одмолзуваш под туш. Околу 1м мислам беше потребно да се намали скроз млекото. А ако пробаш да стиснеш и по 1 година може да има млеко. Најдобро ти е така,еден по еден подој да кратиш. Нема да биде шок ни за тебе ни за бебе. Последен е подојот за ноќно спиење.
Не те разбирам? Ако постепено кратиш подои,постепено ќе се намали и млекото. Кога ќе престанеш со доење млеко ќе имаш во следните недели. Ќе правиш се што треба за да си олесниш. Кога нема повеќе да чуствуваш тежина нема ни да стискаш да проверуваш дали има. Зошто со стискање и по една година може да капне млеко.
Здраво, бебе има 11 дена, само на доење сме. На првата контрола само 20гр имаше качено.. Дали ако ви бљуцне/ поврати после подојот го ставате пак да цица? И дали временски ви цицаат исто на секој подој ако гледате на саат и колку долго отприлика траел еден подој првите недели?
Бебињата што цицаат треба да цицаат слободно-кога и да сакаат и не треба да се гледа на време додека се среди млекото. Кај мене беше цело време на града првиот месец, кога и да ми понудев сакаше, можеби зошто немав уште доволно млеко. Нив им е многу мал желудникот и брзо се полни и брзо се празни. Нема врска што бљуцка, само кревај го за ждригне на 10тина 15 мин цицање.
Јас имам 2.5месеци бебе, се уште пијам. На почеток, до пред некое време пиев Лактамикс, а од скоро Хипп. Хипп многу подобар ми е мене, многу повеќе осеќам дека е зголемена лактацијата. Баш пишав на претходен пост, дека дури и отповеќе ми надоаѓа млеко некој период од денот..