Имам од 200мг дозволен ли е за време на доење? Плус и парацетамол дали дс се напијам накај 7 таман 6 саати ке поминат. Лист ставав прееска
Ставајте лист од зелка, многу масажи под топол туш и надвор од туш и бебињата да цицаат во лежечка положба. Јас ја форсирав таа града кај што беше маститот и пред секој подој масирав и ставав термофор, а после подој зелка или ациди борици. За тт пиев парацетамол и ибупрофен. Кај мене помина за 72 часа без антибиотик. Со лесно на сите.
Ќе се сложам со Бела. Скоро и јас бев на раб да фатам. Освен да форсирате, менувајте позиции, лежејќи, фудбалска топка поза, за да опфати бебе различни канали. Мене ми одзатна лежејќи, потпрена со лакт на кревет, а со другата рака ја држам градата од која цица и како одозгора му дојдов јас, а не странично. Така чинам каналите беа како ослободени сите. Инстантно ми лекна.
Фала мајки на советите, се пробувсам и топла тетра држам, и лежечки цицаше и зелка но сеуште ништо си боли тој дел. И масажи правам но сеуште сум малаксана и се ме боли среќа немам температура
Така ќе ти биде неколку дена за жал. Многу е исцрпувачки, слични симптоми со грип има. Ама ќе помине, издржи.
Јас го доев на сите 4, тој под мене. мм еднаш ме начека, шо правиш вика. Ама ми помогна. Иначе пишав на темава пред месец два, по ново не се препорачуваат топли облоги туку ладни, и да не се форсира само таа града.
За жал ќе те боли, мене цела недела ме болеше и 40темп имав и местото црвено ми беше исто така цела недела и после тоа попушти али само масажа и туш ми помогна, ни пумпа ни бебе.
Болката малце се намали амс црвено е местото и меко не е тврдо.. Ама треската и мслаксаноста додека трае дејството нс парацетамолот сум добро после пак ме тресе, без температура... Колку пати смеам парацетамол и што друго би можела да пијам за главоболка? И панцев почнсв од денес матичната ми ги даде да не се воспали уште толку
За 2-3 дена и црвенилото и болката ќе поминат штом си почнала антибиотик, кај мене така беше... И зелка ставај ноќе. Воедно и температурата штом ќе почне да делува антибиотикот нема да ти се покачува.
Температура немам само треска и малаксаност. Додека трае дејството на парацетамолот сум добро после пак исто
Ланолин можам да мачкам на мала раничка? Ќе помогне? Бејби ноќеска ме гризна и има многу мало црвено дупче ама ме боли многу поготово кога ќе фати да цица
До сега стално ме грицкаше ама со осет, ама ова вчера беше премногу. Му давам да цица од таа ама премногу ме боли и трпам некои 5-6мин и одма давам друга зошто не можам да издржам