Мене болката ми е најинтензивна на почеток кога ќе почне, после се намалува. Ама затоа кога ќе заврши ми гори брадавицата.
Завршив со Оспен, ама ќе помине, веќе е подобро. Кај мене се подсмири, имам уште болка и оток, ама симнав тт. Бруфен е дефинитивно подобро од парацетамол. Јас пиев на 6ч. Исто тотално ко грип. Јас дојам напоредно една друга града, не двете на подој, на оваа болната цица подолго и се мачи, осеќам, ама ќе биде подобро. Инаку зелката најмногу ме спаси мене, 2 дена се мачев со парацетамол, бруфени, лецитин, серапаптазе, на крај само зелка.
Колку време ви цицаат бебињата на еден подој? Моето е 2 месеци цица по 20 минути на града некогаш и повеќе, кога да очекувам да биде пократко?
Како растат обично стануваат побрзи. Ама и не мора да значи дека некогаш ќе биде пократко зошто сите бебиња се различни цицачи. Во секоја фаза се менуваат. Син ми има шест ипол месеци и моментално го мачат заби. Ефективно цица 5-6 мин, после се врти лево десно, се тркала по кревет зошто цица лежејќи. Ама и да го дојам седејќи иста песна е. Се тегне, радознал е, се врти на секој звук итн. Така да ако си решена да доиш очекувај дека голем дел од времето ќе го минуваш доејќи.
Е ставав, значи да прекинам. Го осеќам дека смука ко на празно и за брзо пак е гладен. Нас ни рекоа да намалиме цицање да појачаме манџи. Еве некако ни успева, ако ептен го видам нервозен давам да цицне, ако не меѓу оброци само за спиење. Душа ме боли, ама тоа е.
Ги осетив градите поинакви, празни. Бебе беше нервозно, како да не му стигаше млекото, изгледа не течеше како претходно и се нервираше и нејќеше да цица. Пробав да се молзам, едвај 20-30мл вадев. Не секогаш е правило дека ако молзиш малку немаш доволно млеко, ама јас некако осеќав дека е намалено. Не знам како да опишам. Јас бев со температура цел ден и после со треска уште ден два. Бев ненормално истоштена и без сила и мислам дека од тоа се намали. Среќа се стабилизирав за брзо, отспав убаво и се среди.
Мајки хелп нели имав пред два дена треска и црвенило на едната града почнсв панцеф два дена масирав, ставав зелка, топли облоги нон стоп и вчера гледам црвенилото се повлекува и болката ја нема веќе, но синоќе истата града само од другата страна почна страшно да ме боли пак треска без температура, ужасно боли како е можно покрај сите облоги и антибиотик на истата само од страната кај пазувата и низ градата да боли цела ноќ пробав и со пумпа ништо слабо искача си капе само само како еден млаз се слуша и за пола саат едвај 20мл му нудев цела ноќ таа града ама со сила се како да ја неќе почне влече влече и се трга ама јас упорна бев не знам што веке да направам
Кај мене се смири мислам откако го извади тоа мрсното парче. Значи форсирај доење или пак молзи да излезе тоа згрутченото. И ставај зелка, без зелка нема да помине лесно.
Пробај фудбал позиција, муцето да му е што поблизу до насоката на болниот дел, така најбрзо ќе исцица. Пред цицање топла облога и блага масажа на тој дел, после тоа ладна облога. И бруфен можеш да се напиеш, ќе помогне за болката и воспалението. Исто бев и јас, без паника, ќе помине
Помош и мене ми треба совет Бебето ми е скоро 2 месеци, последниве денови мн лошо спие денски, поспана е не може да цица и ми заспива, а заспана после 10 мин ми се буди. Пелените почнаа да се попразни. Млеко исто има премногу млаз, се трга кога ќе почне да цица и плитко фаќа. Идеи што да правам? Пробував да ја будам да доцица не бива и не бива, заспива на града.
Дали Лактил таблетите помагаат повеќе од чаевите? Не знам веќе како треба.... Користев лактамикс, и беше онака со млекото. Кога сменив со хипп чај, надојдуваше млеко и тоа го осеќав. Дури бебе тогаш враќаше млеко, не да бљуцне туку ради рефлуксот што го има да го врати како млеко. Ама и тоа со хипп траеше 5-6 денови, сега пак нема толку млеко, бебе плаче после подој. И во трет скок е моментално, ама мислам дека и малку млеко е. Неќе цица поубаво и подолго, и скоро никогаш не олаче, ама тогаш и осеќам дека има млеко.. цица на 3 саати. Пред некоја вечер се измолзив после 2.5 саати откако заспа, излегоа 100 мл. Знам дека не е мерило, ама сепак е бројка. Бебе е веќе 3 месеци полни.
Давајте идеи за полесно и побрзо успивање навечер П.с. сакав во темата за 0-6 месеци да пишам, по грешка тука сум пишала во Доење
Мене не ми помогнаа,повеќе ми помогна чајот Лактил па после рефус си земав од билна аптека тој и малце повеќе горчи. Млеко имаш мислам дека немаш потрба од повеќе да не си направиш беља.
Баш сакав општо да пишам совет, мене многу ми помогна компресија на градата, моето е 3 недели, од почеток со жолтица, абе едвај очи отвораше, па она штипкање, корнење мене не ми помагаше, случајно слушнав за компресија. Кога ќе почне да цица, одвреме навреме прајш компресија да му придојди млеко и си продолжва дс трга да шмука. Мене ептен ми поможи ова. Еве поубаво објаснето од Наташа.