Дали можи да се снимам рентген иако дојам? Ја имам удрено раката и утре сум на ортопед па голема е веројатноста дека ќе треба рентген. Дали да одбијам да ме снимаат? Некој совет. Фала
Расоблечи ја пред доење, разлади ја со влажна крпа. За да фати длабоко можеш да видиш техники на нет. Пред да цица можеш малце рачно да одмолзиш за да не и доаѓа прејак млаз.
Млеко имам, да.. ама мислам не е во доволна количина. Еве вечерва плачеше пак откако исцица тоа што имаше, го вртев и на една и на друга града. Имав од синоќа измолзено 30мл после еден подој, па го дадов тоа.. и уште бараше. А неќе да влече напразно нормално.. и се фаќам и јас, ајде што се меки туку и помлитави него кога се пополни. Ох, мачни работи.. ќе земам и чај рефус и лактил таблети, хип пијам по 4 чаши дневно, читав и овес е добро да се конзумира. Давам се од себе и неќам да се откажам.. ама тоа е што е. И бебе не полни пелени баш многу како претходно и каката е темно жолта со некакво зеленкасто веќе некое време.
Тоа со бојата на каката мислам дека нема врска, но нека ме поправат ако грешам. Колку мочкани пелени има и дали тежат?
Одличен совет! Наташа има прекрасни совети за успешно доење, за мене е број 1 од сите профили за советување при доење!
Па има 5 секако.. ако е на 2-3 саати не тежи многу, ама штом ја соблечам се мочка обавезно. Ако е на 4 саати тогаш е потешка.. Воведов уште еден подој навечер, дека вечерните подои се поуспешни. Денес сме на педијатар на мерење, ќе видиме како ќе поминеме
Има врска, како не. Ама каката не секогаш е зелена само од глад. Може да е од настинка, од некои суплементи кои што ги прима бебето (обично за железо), од храна што ја јадела мајката итн.
Претежно по 30-40 мин . Меѓутоа некогаш знае и помалку. Инаку си бара на 2ч . Многу ретко се дешава да бара на час и половина или 3ч.
Дали гладно бебе може да спие и да не се буди за млекце ? Не цуца цуцла/лажливка. На сила го будам луѓе и нејќе да цица , ми се смее и ја плука . Да не случајно ми се одбива или е сито па вака ми прави?
Навечер ова? Мене педијатар ми кажа ако добро напредува, полни пелени денски и е постаро од 1м дека е ок да си спие навечер, дека е најадено
Да да цела вечер го будев за да цица .. Oд 12 до 6 сабајле ми спиеше без да сака да цица , ем пелени му менував за да стане . Пелените не ни се проблем , плус си напредува и повеќе од одлично . Ама ете пусти страв, плус нашиот педијатар ми кажа најмногу 3 часа да бил без цицање . Јас се будев почесто од детево .
Остави дете да спие и наспиј се и ти биди среќна што е така. Јас хроничен замор имав од мојот зошто се дереше 3 саати пола саат спиеше максимум и се така во круг до 1 година.
Опушти се тогаш и уживај во среќата Ако приметиш да намали пелени тогаш буди го само. Само внимателно градите ако ги осетиш тврди одмолзувај малку, додека се научат дека ноќеска не треба млеко.
Ајде искусни мамички хелп. Бебе е само 6 дена , вчера не пуштија од болница, породена сум со царски и вчера сабајле ми дојде млеко . На испис ми кажаа на секои 3 часа прво на града а потоа адаптирано 45 мл, и да спие да го разбудам , а у меѓувреме кога и да сака да го ставам на града . Јас вчера цел ден не му дадов адаптирано , него го ставав на града кога и да заплаче ( да неможам да го смирам), било на саат саат ипол или 2 . Вечерта само накај 1 му спремивме и дадовме ад бидејќи неможеше да се смири и си спиеше скоро 4 часа ( воедно си отспав и јас ) Мочкано си е или какано кога и да му смениме пелена . Прашањето ми е , дали да ја користам шемава од педијатар со давање на ад на 3 часа ? и на колку часа мењате пеленки на новороденче ?
Ако си цица мој совет е да не даваш ад што повеќе на града. И мојот исто беше и педијатар кога прашував зошто толку плаче од глад само дај му дохрана тоа знаат. А од повеќе млекце и мешето им е преполно и плус грчеви може да има. Затоа форсирај само града и ќе видиш како напреднува. На сите педијатри им е давај дохрана, штом имаш млеко ти немаш потреба од дохрана само проблем ќе си направиш понатака.