Фала мајка , и јас мислам да продолжам да форсирам града . Но страв ми е да не не е најадено, не ми бљуцнала до сега , а ми подждригна само еднаш вчера . И знае редовно да си штуцка
Колку можеш само нека цица. Јас така правев зошто ги послушав а и бебето ми беше лакомо, поголемко родено и тоа многу брзо научи дека од шише е полесно почна да се буни. Така ради тоа не можев да воспоставам добра лактација. Си останав со малку млеко и уште сме на комбинирана скоро е 3 месеци.
Мајки, што е дозволено за време на доење да се користи за чешање кај интимата, надворешно? Микорил, канестен? Бидејќи на некои пишува консултација со лекар, па затоа.. Секако утре ќе се консултирам и со лекар.
Моето цицаше по 10мин и само од една града не бљуцкше и плачеше константно, а качуваше 33гр на ден. Така да само смирено
Ако сакаш ексклузивно да го доиш секако тоа е целта, да не му даваш адаптирано воопшто после некое време. Ја бев во слична ситуација, педијатрите и патронажната ми препорачаа да пробаме само доење и да пратиме пелени и килажа на 1 недела и беше ок. Пелени менувај на 2-3 часа на почеток и прати како се наполнети. Кога е гладно ќе пружа јазиче и можеш одма на града, не чекај да плаче неутешно. Со лесно.
И јас мислам да си продолжиш како до сега, јас би давала навечер само едно шишенце да отспиеш некој саат.. моето бебе премногу бљуцкаше ама тоа почна после 2-3 недели
Јас не би го слушала педијатарот по секоја цена. Треба прво да пробаш да процениш дали плаче од глад. Кога ќе ги видиш првите знаци на глад (рачиња стегнати во бокс, плазење на јазиче), стави го бебето на града. Лактација ќе се воспостави многу побрзо ако си упорна. Знам дека ти се спие и шишето е сигурно добра опција за да се отспиеш бар 4 саати сврзани, ама ова е само период кој верувај брзо поминува. Чим се пелените полни не е гладно. На почеток менувавме околу 10 пелени дневно во просек. Многу често мочкаат/какаат и секогаш кога ќе го осетев одма менував.
Мене после 6. Секој ден ги луфтирам и мачкам ланолин. Умирам од болка на секое доење дур убаво да завлече. Кај мене е од што му е почнат процесот со забите и ме користи како глодалка. Може и кај вас почнал.
Zdravo Imam 3 mesecno bebe i postojano e na majcino mleko, mu davam ispumpano od sise. Edna vecer ke bidam otsutna i sakam da mu dadam smrznato majcino mleko. Megjutoa ko odmrznav posledniot pat, mlekoto mi imas mnogu los miris. Dali moze nekoja majka koja ima vakvo iskustvo, da spodeli dali e ok da se dava toa mleko na bebenceto ili ne? Blagodaram
Ок е. Мириса потешко одмрзнатото млеко. Ако не пробај дали ќе го пие. Или молзи предходни денови/ноќи и одтави да стои во фрижидер обичен. До 6 степени мислам дека беше, може до 4 дена да стои. Јас по 2-3 дена чувам во обичен и давам.
Стигнавме и до крв, а уште нема заби. Левата страна нема, ама затоа е цела ко потечена брадавицата и боли ужасно, а на десната ми направи раничка и денеска се раскрвари. Многу сакам да го дојам, ама луѓе ова е неподносливо. Мачкам ланолин ама не може магично да помине. Морав да се пожалам..
А зошто не ставиш силиконска додека заздрави. Јас не знам зошто толку одбивност и триста филмови за силиконските, а вака демек нема да се одбие бебе од што ти несвесно ќе се тргаш од болка. Не знам, јас би ставила силиконска ако прифати, нека заздрави асално па да го вратам на града пак. Досега на 2 пати ставав по 2 недели и не се одби, еве го 10 полни месеци цица.
Прво, не се филмови. За другите не коментирам, секој со свој став и искуство. Друго, моето последно искуство со силиконски е негативно. Ги ставив баш кога бев во ваква ситуација со брадавиците, резултат - бебето не цицало подеднакво ефективно, добив мастит, а он качи само 180гр за месец дена. Ова не го зборам на памет, се консултирав со Наташа и дојдовме до тој заклучок. Кажи ми сега како пак да ставам силиконски?
@Bella_Stella дојди да се гушнеме. Има два убаво излезени заба. Ме гризе константно. Брадавиците ми се парче. Се тешев дека немаме толку подои зошто има 2 оброци веќе и и давам 1,2 шишиња ад. Се разболе и освен цице ништо не сака. И сега стискам заби и се молам дур цица да не ме гризне.
Не, не, не зборам за тебе, општо лошо е мислењето за силиконски брадавици. Твоето искуство ете не знаев дека завршило со мастит, моето не беше такво, ама верувај друго решение немаш за рагадите моментално. Еве јас без силиконски фатив мастит, а со нив не сум фатила еве на 2 пати досега. Не велам да не ја послушаш Наташа, јас неа ја почитувам многу и многу ја ценам и многу и верувам, така да веројатно би и поверувала и јас да ја имам твојата мака. Општо зборам, има негативно мислење а не е секогаш така.
Со лесно да ни е, што да кажам. Моево е само на цицање, вчера почнавме со доручек и еден подој успешно скокнавме. Денеска ќе видиме..
Ужасно боли го поминав тоа, мачкав ланолин и од млекцето така го оставав да се исуши. Дури да пробијат каналите така ќе биди. Ако ме болеше многу се одмолзував со пумпа, за да ми олесни болката.
Апсолутно немам лошо мислење за силиконските брадавици. Напротив, алал да му е на тој што ги измислил. Успешна доенечка приказна од 6+ месеци имам баш благодарение на нив. Имав делумно вовлечени брадавици кога се наполнија градите со млеко и во болница сама си побарав силиконска. Првите две недели доев со нив и постепено ги тргнав. Да не постоеа како опција може и сега немаше воопшто да дојам. Ама после претходното искуство они ми се последна опција. Не сакам ни да се сетам, камоли пак да поминувам низ истото.