Мене совет од педијатар ми беше да ставам бебе на една града да ја доцица да не се прекинува, пошто млекото на почеток е ко водичка потаму е погусто. Може голем млаз и иди од едната града сепак ти ставај ја почесто на неа да се навикнува, ако не ја сака измолзи се. Колку појќе цица појќе и млеко ке има, како шо расти тоа си пие погусто млеко и повеќе за неговите потреби. Нема потреба за дохрана пошто така помалце млеко ќе се формира и послабо ќе биде. Пробај сок од јаболко.
Јас мислам дека како кај нас што има 100 вида на адаптирани млека во ниедна друга држава нема толку, па педијатрите форсираат да се дава адаптирано млеко мрдната работа е. Не даваат совети како да се зголеми производство на млеко како внесување повеќе овес,сок од јаболко,течности,чаеви,капсули, стимулација со пумпа како павер пампинг али за адаптирано одма први се. Ако бебе плаче епа гладно е, па со килажа недоволна итн. Треба да се укинат адаптираните и да биде строго со препорака од лактациски консултант дека мора да пие АД.
@Lavender13 @DaisyDoo @AngelOfArh @Bella_Stella @Lisandra Штоубаво кога има кај да си кажеш и да размениш искуства, фала ви на муабетиве Ќе пробам се што ми посочивте. А и ќе си го следам детето. Она во главном после подој кога ќе сфати дека сепак цица, тогаш се расплакува, и се трга, па фати пушти на градата, ама кога ќе ја подигнам и станам и прошетам - се смирува. После тоа се смее, ако и збориш и таа си гуга, па ко ќе дојде време за спиење плачлива е, бара цуцла (така заспива), или ако во меѓувреме нешш не и е погодено. Е пика раце в уста после подој, ама како што читав и орална фаза им е сега. Друго, кога ја заспивам и го слушам стомачето како и работи, веројатно се разработува тој систем. Надеж ми давате со тоа дека сепак ќе се среди...
Епа тоа зошто 80% од нив се врзани со аптеките и лапаат процент. Сега може ќе ме сфати некој погрешно. Не сум против АД кога стварно нема начин да се дои или има друга издржана причина. Ама кога слушам како мајките се советуваат од ракав да даваат АД, многу се нервирам. Не се слуша доктор за сѐ. Прост пример, матичната на син ми уште на контролата на пет месеци ми рече, ајде он треба веќе месо да јаде, со малку солче. Кажував и претходно за ова. Не ја менувам зошто немам избор на понормални доктори тука, ама дека ќе јаде од пет месеци месо, па и со солче сигурно нема. Селективна меморија треба со повеќето педијатри.
Aaa мајка каков пауер памп, они за пумпата викаат Не се мачи, тешко е тоа, дај си шише или уште има со сфаќања Ау тоа е расипано млеко! кога мајката има тт. Сега кога имав мастит криев од матичната моја, иначе млада жена, дека дојам, оти она мисли дека млекото не го бива сега, жешко му е, расипано е.
Боже драги...расипана во главата е таа цела. Абе убаво викам само со рецепта да се зема АД млеко од лактациски консултант ништо друго, па да видиме тогаш што ќе прават. Претеризам е ова веќе. Да нема некоја млеко,да пие таблети,депресија анксиозност ќе сфатам ама ова на се живо што треба и не треба даваат и после се чудиме грчеви од каде имаат и што им е, на возрасен смета мешање на храна не пак на толку мали бебиња.
И јас се слагам, ко порано, на рецепт. Ама и тогаш имало злоупотреба, тетка ми не сакала да дои, градите ќе и виснеле, отишла кај докторката таа како неа некоја и рекла Вики, што ќе ти е тоа доење, на ти рецепт за млеко, децата секако ќе пораснат, ти треба убава да си му на маж ти и после тоа
Мамасити ме боли нешто градата лева, нема грутки, нема црвено, ама си ја чувствувам како да се имам удрено. Дали вие што поминавте мастит ви беше во некој момент така?
Па градите за тоа се, секако ќе виснат ако не од доење од старост тоа е веќе себичност не му мисли арно на детето си гледа само за себе. Затоа после сите сме со проблеми со цревата и интолерантни на лактоза и глутен.
А плус тоа дека градите висниваат од доењето е најголемиот мит што постои. Немат слушнато за гравитација изгледа А тоа дека многу се форсира ад од страна на педијатрите е стварно грозно. И кај шо има и кај шо нема потреба. А за мајки што не сакаат да дојат не навлегувам и не осудувам. Секој за свое дете си одлучува.
Јас сум цицала само до 40 дена, а мислам дека го имам најиздржливиот желудник. Во бременоста немав еден ден киселини. Не знам која е поврзаноста на цицањето со проблемите со цревата.
Не цицањето, туку адаптираните млека што содржат кравји протеин и ги иритира цревата. Особено често се јавуваат грчеви кај новороденчиња кои се на комбинирано во првите месеци.
Мојава беше на комбинирано во првите 6 месеци повеќе на ад беше него на мајчино и немавме ич проблем со грчеви.
Сите бебиња имаат грчеви,само кај некој не се толку изразени или самото бебе има праг на толеранција. Нормални се тие грчеви што си нема врска со млекото или ад... Едноставно цревата се разработуваат. Моето само цица, а три месеци маки измачивме со грчевите.
Исто и ние. Давав colief капки превентивно, па почнав не на секое шише преку едно две и од месец и пол скроз престанав со капките. Никогаш не осетивме што се грчеви..
Забораваш колкав дел од мајките не сакаат да дојат. Имам другарка, докторка, имаше млеко, се напраи да го снема млекото и да дава АД.
Малку претеруваш. Кое мислење за себе? Јас страдав од постпородилна депресија и во Систина Палчевска ме поддржа. И кажав дека не можам да се посветам на тоа. Еден месец мака имав, јас си знам како ми беше. И ако е тоа мислење за себе, баш супер, јас им требав на своите деца присебна. Ајде те молам не пишувај вакви работи. АД не е отров. Грчевите немаат врска дали бебето е на АД или цица, ниту пак ако се дава комбинирано. Ако некоја не дои, не му мисли арно на детето? Ме изритира твојов коментар многу.
Ако прочиташе погоре што имав пишано немаше да се леташ толку. Тоа ти што си го имала е ПРОБЛЕМ веќе, здрава права мајка што сака да дои, а да е советувана од педијатар да дава АД зошто така му е ќејф не качило 700гр месецов качило 650гр готово бебето е уништено и прегладнето. Пред да се залеташ и да искоментираш на некого прочитај некоја страна наназад али бидејќи не дочитуваш еве ќе повторам, давање АД при депресија,анксиозност,лекарства ако се примаат, намалено драстично млеко каде стварно не напредува бебе е во ред да се дава АД, ама за да не ти виснат градидите и да даваш АД е претеризам.
Па и да дала некоја за да не и виснат градите е твој проблем? Ти ќе го плаќаш? Некоја дава зашто не е сигурна колку цица бебето, па заспива на града, плаче итн итн. Гледај си во твојот двор.