Сега кога се во процесот со растење заби и уште повеќе ќе бараат. Ете син ми ем има еден оброк, ама подој ретко да скокнеме. И кога ќе изеде поубава количина, пак за брзо бара да цица. Си имаат макичка и се тешат..
Здраво, еве ме мене на темава пак... Си ги читав мислењата од пред 6 години, но некако не ми помагаат. Бебе дојде на овој свет 2700грама тешко, срничка мајкина е ♡♡♡ Но, како и брат му, не сака да цица колку и да настојувам. Дали е поради тоа што е баш малецок? Овие два дена сме со шема да нудам града додека е сеуште посмирен, генерално ја лиже, не сака да фати убабо да цица. На моменти се фаќа како што треба и повлекува ама трае прекратко, по тоа, млекото надоаѓа само и него му тече, он зи седи фатен, устето се полни со млеко, па он дел голта, дел плука. Активно цицање нема. Не слупам голтање, нит па има влечење бсп ко што треба. После ова секогаш дохранувам со одмолзено млеко и пие количина од околу 60мл. Ништо не исцицува. Силиконска купив на медела, во болница со таква успевапе. Сега не сака, гола града повеќе фаќа.... Што да направам за да зацица? По толку мака со првото воглавно мислев со второво ќе е песна, и се надевав на лесно доење ама не.... Се плашам дека одмолзеното наскоро ќе е малку, плус е мака невидена...
Комплициран проблем. Би те советувала најдобронамерно да ја контактираш Јасна и да побараш стручна помош, да го фатите проблемот со време. Ти посакувам успех.
Не знам колку е старо бебето, претпоставувам скоро родено е. 60мл за почеток му се доволни. Со упорно ставање на гради веројатноста да се научи да цица е голема. Сепак уште дур се во мајката учат, само кај некои малце поспоро оди навикнувањето. Во меѓувреме давај молзено и разговарај со лактациски консултант.
Една недела е старо, упорна сум, скоро секој подој е прво малку нудење града и молби да фати, искрено навечер кога сум преуморна не нудам секое станување, давам шише....но преку ден активно се трудам да фати, гушкам на голо, го оставам да лежи покрај града, се што ми текнува од добиени совети...денес е нспредок дека бсрем лиже и малку фаќа гола града, до вчера се мрштеше во секој момент...
Знам дека си уморна ама пробај и навечер да го ставаш зошто тогаш кога се успани цицањето е поефективно зошто немаат дистракции.
Здраво девојки имам едно прашање до вас бидејќи се породив пре 5 дена со прво детенце не сум сеусште упатена како оди процедурата со адаптираното млеко ,доењето и тие работи јас во болница имав млеко но нели им даваат и дохрана конкретно хип органик комбиотик,моето бебе три пати од тоа поврати уште таму. Е сега домче два дена се доиме но еве денес се на се 50 мл млеко измолзив, притоа кога цица има но многу малку и н стигнува не се дојадува. Дали да пијам некој чај за доилки прво или да го дохранувам со адаптирано млеко и по вас кое е добро за новороденчиња?
Земи лакта микс чај и ќе ти се зголеми млекото. Читам новалак се задоволни, јас бејби лов од дм имам давано од него немаше грчеви само и убаво напредуваше.
Пробај да го зголемиш млекото. Помагаат чај Лактамикс, таблети Лактил, леден чај, бистар сок од јаболко, јаглехидрати(овес), месо. АД јас би давала само ако гледам дека бебето е гладно. Има три знаци кои што треба да ги следиш. Гладно е ако не полни пелени, плаче и не качува на килажа. Пет дена старост е премалку за да дојдеш до заклучок дали му е потребно АД. Ставај го упорно на гради, така и ќе стимулира и ќе се учи да цица. После 14 дена од раѓање кога ќе одите на контрола треба да ја има вратено родилната килажа. Така ќе знаеш дали ви треба дохрана.
Ставај нон стоп бебе на гради..знам дека боли и дека е мачно, ама 50 мл и не е така малку. Бебе е една недла, тоа толку и пие од прилика. Чај пиј, течности и нека ти готват да јадеш. Подобро инвестирај во суплементи за лактација. Оваа недела само се гушкај со бебе и нуди да цица. Побарај помош од патронажна сестра или кој и да е, да ти помогне ако не си сигурна. Најдобро со консултант за доење да се консултираш. Колку повеќе бебе ќе цица, толку повеќе и млеко ќе добиеш. Ама не се откажувај. Штом толку молзеш имаш секако повеќе. Само упорна и смирена биди. Битна ти е оваа недела многу. Пумпај ако треба помеѓу подои да добиеш повеќе млеко. Бебе тек се учи да цица. Не брзај со дохрана толку. Пробај некој ден само со доење. Верувај и за бебе и за тебе долгорочно е подобро. Многу е понапорно со дохрана. Ем чини многу пари, ем не се постасува со шишиња и миење или па комбинирано е ептен заморно. Мене ми мачно веќе 4 месеци комбинирано. Ај што нон стоп со пумпа, оти во последно не цица. Полесно и е од шише, ај миј и дезинфицирај и се тоа па тоа. И ќесичка ад за 4 дена чини 1000 ден., оти не поднесува кравји протеин и остали ХА млека и моравме на холе козјо да смениме. А од доењето нема подобро..тоа млеко си е специјално за твоето бебе створено!
Сите ти дале многу убав совет. Што повеќе на града. И ќе надоаѓа млеко. 5 дена бебе не пие многу. Мало му е желудничето. Немој одма со дохрана, можеш само да му го зголемиш желудникот пред време. Остави првиот месец да се адаптира дете на новата средина и да се поврзе со тебе а и ти со него.
Мене ми помина на левата града од овај ланолин. Околу 270 ден беше во зегин. @MartinaMM исто и првото и второво омилена му е десна. Сега последно маки мачам за од лева да цица а е 3 месеци бебе. Пр 2 пати цица од десна еден подој лева, помалку се полни што е нормално според цицањето.