Да да менувам , баш приметив не ни пие млеко од шишето него само цуцлата ја лигави , да му земам иста таква цуцла лажливка може ке помогне
Моето не фати лажливка. Не велам да не даваш ад, велам не давај без потреба, ако бебе е гладно ќе пие многу повеќе од 10мл.
Јас и ти пошто сме тука негде исто го имавме тој проблем. Не му мешај млеко мешето ќе почне да го боли. Не е бебе за дохрана штом не пие многу и плус на почеток сте ќе си фати ред пополека едноставно сака да цица повеќе и подобро за тебе ќе ти надоаѓа повеќе млеко. Мене највеќе ми надојде кога 5 саати се тегневме те цицаше па будна беше па пак и се цицаше после саат, па грчеви ја фатија па после бљуцна па икаше и така во круг и се премори бебе е од кога заспа па навака градите ми се полни нон стоп. Така да стисни заби мачно е знам неспиењето ама ако го доиш биди упорна само.
На толку мало бебе му треба многу малку млеко. Затоа цицаат често зошто желудничето им е премало на почеток. Не давај дохрана, чим не ја пие значи не е гладно. Гушкање, мазење.. првите недели се период на адаптација и мора да е така. На контрола на 14 дена ќе видиш дали вратило родилна килажа, ако вратило значи сѐ е како што треба. Мој совет е да го тргнеш ад, почесто на гради, ем ќе стимулираш, ем ќе се гушкате.
Дали некој знае колку наплаќа Јасна - консултантот за доење и дали има задоволни и со успешен исход од консултацијата?
Здраво мајки Моето бебенце е 1 месец. Од почеток сме само на цицање и добро ни одеше до пред некој ден, си цицаше на час и половина или на 2 часа и убаво си напредуваше(од болница излеговме со 2510кг за три недели измерен 3150кг). Е сега последните денови постојано бара да цица и кога цица како да не голта не знам, и градите си ги осеќам некако празни. А и многу е нервозен и многу малку спие. Дали се грчеви или ми снемува млеко не знам. Дали има некоја мајка слична ситуација?
И ова само да додадам Какаше многу често по неколку пати на ден сега последната недела се случи и 2 дена воопшто да не кака па третиот ден го преполнува памперсот. Нормално е тоа?
Доените бебиња знаат и повеќе дена да не какаат нормално е. Може да се грчеви мене ми кажаа дека ако бара пречесто да цица,се вцрвенува во лице и е нервозно од грчеви е. Нас и ни препишаа колиеф капки.
@elegant Вас ви е периодот околу грчевите. Ако се вцрвенува во лицето и неутешно плачи тоа е. На некои мајки кога ќе добијат менструација им се менува вкусот на млекото.Ако имаш добиено може и од тоа да е понервозен. Немаш пишано дали си добила затоа пишав јас. За полни пелени како што расти бебето така поретко ќе има каки. Прво неколку пати на ден, па еднаш на ден, па еднаш на два дена..тоа не е чудно.
Здраво, доколку на некоја доилка и треба хаакаа вакум пумпа, продавам некористена 900 денари купена денес по карго порачано од саботата. И фискална ќе ви приложам, ми престана млекото во меѓувреме
Мајки кога почнавте со кашички? на екллузивно доење сме . 5 месеци полни има бебуш. од кога се почнуваше ако е бебе на доење само после 6-иот месец? и како се даваа? прво вкусови во денот само еднаш? сум заборавила со ќерками како беше
Јас почнав кога наполни 5 месеци зошто покажа интерес да јаде. Инаку ќе терав макар уште пола месец ако не цел сигурно. Ама ме фати грев, ме гледаше во уста,во рака, во чинија и мљацкаше. И си реков ај ке пробам ако не јади ќе одложам. Ама ете го цел месец се што му имам дадено јаде. Пу пу да не го урочам. Почнав јас со морков три дена, па јаболка три дена и се така нови намерници. Кога чисто кога мешам со веќе уведено. Веќе имаме ние 6 месеци и сега ни идат на ред житарките
исто е и мојов кога јадам како ме гледа право во уста и како го зимам јадењето се до уста го следи. А како му даваш имате редослед некој? по колку пати на ден ?
Еднаш на ден до пладне најкасно и истата намерница три дена, да се види да не пројави алергија. А на нет гледав кој намерници се препорачуваат за почеток.
Моето ќе прави 5 месеци за една недела. Исто ме прати со поглед кога јадам храна јас. Со првото дете од 5м почнав со вкусови ,на 6м имаше појадок,на 7м ручек,на 8м вечера, од 9м една ужинка и од 10м втора ужинка. Сега пред 2 недели бевме кај педијатар на контрола,ја прашав за вкусови,рече со оглед на тежината(4ипол м 8кг) и до 6м може да терате само со доење. Но бидејќи на 9м ќе тргне во градинка,јас можеби и би почнала од 5ипол за да има време да проба повеќе вкусови и да вметнеме повеќе оброци. За тоа ќе разговарам на следната контрола.
После колку време настапува лактација на млеко,22 дена сме и сме и на доење и на ад млеко,педијатарот ме советуваше да намалам ад да давам на 6 часа а во мегувреме цело време цицање,но се си мислам дека немам доволно млеко дека само го мачам бебето