@Brpbrp На иста "мака" сме, а и бебенцата ни се тука негде. Јас имав малку проблем така кога врзуваше повеќе, еднаш едната, еднаш другата града ме болеа. Па така за да спречам повторно да ми се случи тоа, кога врзуваше повеќе се измолзував и му давав од моето така во спиење. Моево некогаш веројатно ако не е гладно или е само поспано не знам, цица и млекото пола надвор излегува. Па секогаш му ставам нешто како лигавче бидејќи ќе се направи чорба. А некогаш воопшто не враќа така. Јас пробувам и на града бидејќи со силиконските ми се извлекоа брадавиците. До сега се нервираше дека му се сплескуваа, т.е дека помеки се брадавиците од силиконските, но денес имаше напредок поцица на едната града без силиконска. Па ќе видиме како ќе биде понатака.
Ако давај подобро мирно бебе него ли да се мачите да нема колку сака па да ти се разбуди ни тоа спиено ни ти.
Како новороденче цицаше на 1 саат, сега зависи кога како, може и на 2,3 саати да цица. И тоа само после спиење бидејќи пред спиење е нервозна и нејќе да фати иако ѝ се цица. Веќе два месеци спие по пола саат во денот, се буди и за саат ипол пак ѝ се приспива. Ако е во раце или некако се наместам да легнам и јас со неа држејќи ја, ќе спие и 2саати. Ноќеска може да стане еднаш, а некад и два или три пати за цицање. 4 месеци е. Зошто мислиш дека не е ок што цицала на 1 саат или сега што спие по пола саат низ денот?
Многу нејасно кажуваш. Имаш пишано погоре дека цица на 1 саат, сега викаш дека тоа било кога била новороденче. Два саати е некоја оптимално растојание меѓу подои, како расте бебето добива сила, цица количински повеќе и останува сито подоло. Секако од сѐ па и од ова постојат исклучоци. За спиењето имаш пишано дека денски спие два пати по 15 минути што е вкупно 30 мин и за бебе од 4 месеци тоа е премалку дневен сон. Треба да спие барем 3-4 саати во текот на денот, 11-12 во текот на ноќта. Логички дека е нервозна кога заспива, преморена е.
Хахаха. Мислев за другарка. На 2-3 саати на почеток нека си ручка, после постепено ќе се зголемуваат. Докај 4-5 месеци важно е да не поминат повеќе од 5 часа од оброк до оброк, а потоа ако си сврзува и подолг сон нема потреба да се буди. Шеќерот најдолго што сврзува се 8 саати, ама тоа ретко. Најчесто по 5-6 сврзува и има еден подој во текот на ноќта.
Пишав дека сега на 4 месеци цица на 2-3 саати, како што викаш цица количински посилно, а на почетокот на 1 саат. Немам пишано дека спие два пати по 15 мин. во денот, туку дека спие пола саат, будна е саат ипол пак заспива и пак спие пола саат. Ако е во раце спие и повеќе. Такви неколку дремки има во денот, така да се собираат 3-4 саати како што кажуваш. Не знам дали ме лошо сфаќаш или јас лошо се објаснувам
Дали некој има искуство со дете да не бара за јадење да не покажува никакви знаци дека е гладен, бебето е 6 месеци и го хранам под сат на доење сме само?
@Brpbrp help. Sad za mikro za cucli sisinja (voedno i za pumpata ke go koristam) ama ne mozam da najdam. Dali obicen silikonski sad za mikro ke mi vrsi rabota? Malce voda ke stavam, ke napravam dupki na kapakot
Извини изгледа те смешав со друга членка. Како и да е, важно е да си го земе сонот, дневен и ноќен. Не се како по книга децата, нормално дека ќе правите така како што ви одговара и што функционира за вас.
Моето беше такво до пред месец дена, за два дена полни осум месеци. Другарка имам нејзиното вришти на цел глас кога сака да јаде, а моето никогаш немаше заплачено пример дур сме низ град со бебињата, глас не му се слуша. И јас како тебе си го нудев на одредени интервали, отприлика 2 до 3 саати и си јадеше убаво. Сега се смени, кога уште не е многу гладен не се буни. Ама кога е веќе ептен време за јадење почнува да се бунтува и да вика мам ам мам ам.
Леле блазеси ти, мојава кога ќе ја отвори устава цела зграда ќе ја разбере па и додека цица се расправа со градата. Сакам и јас како твоето дете да имам
Хахах, нема гаранција дека ваков ќе остане, секој ден се повеќе му излегува на површина карактерот. Денес прв пат покажа нервоза зошто не му дозволив да го гриза новчаникот. До скоро беше теле, ќе му го земеш, ќе му дадеш нешто друго за замена и нема гајле. Ама изгледа ќе се смени и тоа. Ама греота е да се пожалам да. Генрално е многу питомо и бебе што се брои на прсти во овие 8 месеци кога заплакало. Прв пат беше кога се роди па следно дури на прва вакцина. Сега ако почне да кенка знаеш дека му се спие или јаде. Ако го удоволиш одма не доаѓа до плачење.
Ноќе цица еднаш до два пати, ама најчесто еднаш. Заспива околу 9, цица околу 4-5 и станува во 9. И на шест месеци беше исто. Некогаш знае да бара и порано, околу 2, па следно околу 7-8.
Сега читам за предно и задно млеко .. Очигледно бебе пие само предно бидејќи не напреднува а и од кога ке се измолзам гледам млекото е како вода .. Некој искуство со ова како што ?