Моето од прв ден во болница фати цице, млеко од старт имав доволно, никаков проблем немав со доењето. Немав потреба да се измолзувам, дополнително бебе не сакаше да фати шише воопшто. Напредуваше одлично. До 6-7 недели цицаше на 2, 2ипол часа дење/ноќе. После тоа наеднаш почна да врзува 6-7 часа навечер. Имаше денови и воопшто не се будеше да цица до сабајле. И тоа траеше додека не го фати регресијата во 4ти месец. Тогаш стануваше на 2 часа, како навиен. Па се подоправи со спиењето некои две-три недели и од 6ти месец па до денес е хаос. - Регресија во спиење 8-9 месец: еден саат ако сврзеше беше луксуз. - Регресија во спиење на 12 месеци: секоја вечер без исклучок журка од 2-4 часот сабајле, со дополнително будење на секој саат-два. Кај моево спиењето нема никаква поврзаност ни со доењето, ни со исхраната. Едноставно такво се погоди бебето и тоа е.
https://www.crnobelo.com/intervju/r...U0QQAMqXngij9f_0OEV-VwCUX8E5ugaA0-pLpYz1oSMlQ Едно линкче што можеби ќе ви заврши работа и помогне
Се е тоа супер но да се надоврземе на тоа дека живееме во стресно време и дека не секоја мајка психички е способна на овој чекор. Прво зголемена е стапката на ппд, многу од мајките пијат хронични терапии, најбитно од се е дека никој не кажува дека доењето не е бесплатно. 1. Доењето одзима време особено ако се дои на побарувачка кога бебе сака. 2. Пумпи се купуваат за измолзување,силиконски брадавици итн. 3. Храна за да биде млекото хранливо треба и мајката богата и масна храна да внесува т.е треба да си има дома готвач со нејзе особено мајките што се ограничени со доење ако бебе цица на секој саат нема кој да готви. И згора на тоа пдредени намирници ако му прават проблем на бебе не треба да се внесуваат па и тука си ограничен. 4. Психичкото здравје се исцрпува особено највеќе ако бебе има проблем со фаќање на града и да биде борба секој пат. Што значи дека доењето и не е така едноставно и економично иако сите го представуваат тоа како да е се супер и лесно некогаш психичкото здравје на мајката е 1000пати поздраво одколку доењето на бебе му треба среќна мајка, а не истоштена и нервозна. Не сум против доењето само што е захтевно и треба да се откаже човек од мнооогу работи за да би успеал.
Тотално си во право. Јас се откажав. Имам ппд сеуште ненадмината 2ра година еве, психата ми е разорана скроз. Не од доењето, ама се надоврзав на тоа оти имаше голема улога кај мене. Маж ми на крај ме молеше да се откажам што јас доста тешко го прифатив. Е сега да се вратам пред 2 години и да си мавнам еден така убав шамар не можам ама сакам Едит: и сеуште сум за доење, и ако би родила второ пак би се обидела ама не би се опседнувала до толку колку шо бев Неповикан совет до идни мајки -- ако дадете се од себе и не успеете, не е страшно Знаете дека сте пробале. Овие зборови немаше кој да ми ги каже мене реално. Околина и социјални мрежи си го прават своето во секој случај.
Жал ми е искрено и јас бев на работ до пред 2 недели за ппд ама останав некако при здрав разум. Со сила што се вика бебе влечеше и плачеше на града тоа гладно да било да нема доволно млеко, а според лактациски консултант тоа не е возможно за жал и те како е возможно да немаш доволно млеко особено бебиња што брзо напредуваат и пијат повеќе млеко. Искрено производиелите за пумпи пари направија од нас.
Да се надоврзам и јас на вашиот муабет @Brpbrp @LiquidLuna. И јас водена по тоа да се потруди мајката максимално за да дои, да дојде млеко, да не се откажува и тн, детето ми изгуби за 3 дена 300 грама.... Од памет се извадив. Уште во болница цело време кога ќе ја донесеа јас ја држев на града за да дојде млеко. Во меѓувреме сестра ме виде во болница и ми кажа продолжи така, се полнат градите, ќе биде ама немав брадавици и иако по 2 саати седев свиткана за она да биде на града, пак не се извлекуваа па уште во болница ми донесоа силиконски брадавици. Млеко капна еден ден откако дојдов дома. Првиот ден и давав со шприц Аптамил а не со шише. Така им даваат и во болница и така и ми препорачаат ако е за ден два работата за да не де навикне на шише. Кога видов млекце во силиконската, малтене цело време ми беше на гради, ќе отвори очи и право на гради, ќе заплаче право на гради и така си мислевме се е супер, престанав да и давам Аптамил. Се додека една вечер не ја однесовме на дежурно бидејќи врескаше хистерично од пладне до полноќ, немаше око склопено и имаше какани пелени 6-7 што иначе не е случај. Се извадив од памет мислејќи се прејала бидејќи цел ден ја ставав на града додека плачеше, тешко и е, не може да исфрли се сега, за во Систина да ја измерат 300 гр помалце од пред 3 дена ми дадоа пумпа да видиме колку млекце имам и едвај 30тина грама од двете собрав. Има и жолтица и поради тоа е смалаксана, поспана, немала сила да влече а и силиконските брадавици се потешки за доење, треба убаво да влече за да се најаде и затоа веќе 2 дена се измолзувам, едвај по 60тина мл вадам колку за оброк и и ги давам со шишенце на 2 до 3 часа, кога ќе видам дека не и е доволно и давам Аптамил уште 30мл, пола доза. Детето прво нема хистерични врескања веќе два дена, малтене јаде и спие, некогаш е поќенкава ама ништо страшно и втора работа за 2 дена има вратено 100 гр. Уште сме под 3кг, ама вака ако продолжи за 2-3 дена ке ја поминеме тројката. Да не ја однесевме вечерта на дежурно бидејќи веќе ме знаевме што да правиме, можеби немаше да помислам дека е гладна, бидејќи цело време цица а јас и кога се измолзувам и кога цица не осеќам дека искача млеко, а сите ми викаат дека се осеќа. И така. Поразителен беше моментот кога видов дека бебето од 10тина дена ми губи тежина, исто и моментот дека толку труд, толку кичмење на кревет со перница за да цица, толку непроспани ноќи, не јадење, не пиење, отидоа за бебето да е гладно... Преплакав цел ден, срце ми се кинеше. Сума сумарум, сакав да кажам дека и доењето не е така лесно, освен ако имаш превише млеко и бебето влече, се остало е претешко за да се воспостави лактација како што треба.
Zatoa e dobro pred da se rodi gore dole da si zapoznaen so site tie raboti jas bi rekla. Znachi razbravme deka ne e se po kniga bla bla i slicno. Ne e stvarta ,,skokni pa kazi op i slicni raboti”, rano e i slicno, ednostavno ok e da gi znaes prednostite i nedostatocite na site opcii. Da znaes odprilika shto te ocekuva ili bar da imas pretstava.
Толку се искакала од аптамилот. И да точно е ако не е поголемо неможе да го извлече млекото од града со силиконските.
Девојки здраво Ние сме 2месеци До сега цело време се одмолзувам и и давам така само мајчино млеко. Ја ставам и на града ама фаќа само она кога сака, со пропратно врискање пискање Дали има шанси да фати воопшто? или да си се помирам дека вака ќе тераме со одмолзено млеко
Мене ме пуштија од болница наредниот ден по раѓањето. Бебето имаше изгубено 110 грама за тој еден ден. Ми рекоа за 1 недела на контрола кај педијатар. Таа прва недела бебето го ставав на града, но му давав и Хипп додека ми надојде повеќе млеко. Кога појдовме за една недела педијатарот го мереше бебето +40 грама и ми рече малку е, но бидејќи бев пуштена за само еден ден, а бебињата намалувале некогаш и до 3 дена, можеби уште намалил и не можевме да знаеме точно колку качил и ми рече да дојдам пак за 3 дена. Тие 3 дена цицаше само од града, за хипп немаше потреба (го слушав дека убаво голта кога цицаше) и за 3 дена качи 170 грама. Затоа и пишав и јас погоре дека доењето е бесплатно ама е најголем предизвик (рамни брадавици, рагади, полни и болни гради додека да се воспостави лактација и слично). За исхрана јас исто се хранам како и претходно, можеби само на количина малку повеќе. Но, треба да се внесуваат и повеќе течности. За разлика од сега со првото не успеав да дојам, ми беше страв да не е гладно дека ми беше предвреме родено, цицаше со силиконска ама слабо тргаше и затоа се измолзував како тебе, само за да не е гладно и така ми се навикна на шише. А по 6 месеци ми се намали млекото и се префрливме на АД. И јас добивав коментари од фамилија кога се измолзував дека поубаво ќе беше да си цицаше или кога давав АД до 2 години, зошто не му давам кравјо веќе... затоа правете како мислите и водете се по вашиот инстикт. На крајот на денот важно е бебето да е сито и мајката да е добра, т.е. да има поддршка од сопругот и другите блиски да не и создаваат притисок за доење.
Здраво мамички дали некоја се соочила со вакво нешто? Бебчо ми има 4 месеци и неколку дена после цицање обавезно ми повраќа како засирено, а и се турка со нозете го издига газот нагоре кога е на грб и тогаш е кенкав. Не знам дали ова има некаква поврзаност..Што би можело да биде? Педијатарот ми вели дека се прејадува па затоа повраќа..Исто така кога пробувам да му правам вежби со нозете дава отпор. Иначе е на ексклузивно доење..
Го ставаш на под? Ова што го опиша со газето,а свртен на стомак ќе биде обид за лазење наназад. Пробај Моето е 5ипол исто деновиве почесто ми бљуцка,некогаш млеко некогап урдесто..
Го ставам да одма се врти на стомак и се турка со нозете подига само газе, очигледно сака нешто да направи но сеуште не знае како хаха.
Мамички што веќе го изгубиле, им се намалило или им престанало млекото . Како бевте сигурни дека станува збор за тоа? Од некни доживеав малку поголем стрес и мислам дека млекото ми е намалено. Доколку бебуш цицаше од една града ,другата ја молзев и вадев количински 120-140 мл. млеко , но вчера на два-три пати измолзав само 30 мл. Бебуш си е весел , си мочка/кака. А вечерва е цело време на гради и се буди буквално на саат време.Почнав да пијам лактамикс од вчера со надеж дека не станува збор за престанок на млекцето..
Или бебе исцицува повеќе или е воспоставена лактација според мое мислење. Преку ноќ не верувам дека би сопрело млеко.
Тоа што се буди на саат време не мора да значи дека немаш млеко. Инаку форсирај течности,пиј Лактамикс и ќе се зголеми ако е намалено.
Качи 20гр за 2 недели... Поголем показател од тоа нема. Колкаво е бебе? Може да исцицува повеќе, со тоа би требало и повеќе да се создава. И да не е во тој прв/втор скок не знам кој беше критичниот за цицање?
Бебе е 3++ . До сега си качува одлично на килажа . Се роди 3300гр, мерено пред една недела е 6900гр . До сега никој ништо нема спомнато за дохрана, ваљда исцицува повеќе. За три дена влегуваме во 4 скок .