Ја имам нимо рачната, мене ми беше ужасна, едвај 10 мл вадев, купив од локо кроко кика бу леа безжична вадев по 80-90 мл од града.
Здраво мајки. Мајка сум на 6 месечно бебе. Уште од почеток сме на екслузивно доење, бебе е среќно, задоволно и напредува со килажа нормално. И покрај тоа што дојам 6 месеци, и не се пумпам воопшто (освен на почетокот за да зголемам лактација) јас се уште не можам да воспоставам лактација.. Се уште имам повеќе млеко отколку што му треба на бебе. Не пијам дополнително ништо за повеќе млеко, јадам и пијам течности нормално. Неколку пати бев пред мастит и честопати имам мака со преполни гради, па туширање масирање зелка и се што треба... Дали има некоја мама што исто вака има мака со лактација и како се справува дури и после 6 месеци? Сега веќе почнавме со вкусови, и како ќе тераме ќе почнам да намалувам подои и многу се плашам од компликации. Поздрав до сите
Мајки хелп Се измолзувам на секои 3часа по 15 минути од града. Бебе многу ретко цица од града се заучи од шише. Ми се направија грутки на градите од страните, цврсти се како камен. Претходната недела исто само едната града, па за среќа се пушти со измолзување. Да, не треба да се измолзувам на помало растојание?
Да се надоврзам и јас, иста е и мојава. Пробував и силиконски да ги мачкам со млеко, ќе повлече еднаш двапати, и почнува да вришти. Изгледа ќе продолжиме со измолзување
Сличен случај е и кај мене. Млеко имам малку повеќе од што треба, малиот има 8 ипол месеци. Еднаш добив мастит кога имаше 4, а пред недела дена бев пак пред фаќање ама се опраив некако. Влошките обавезно ги полнам ако малку подолго не цица од некоја страна. Има два оброци, ама се справувам некако, мислев потешко ќе биде. Обично левата града знае да ми се преполни, мислам дека има послаб млаз и затоа. Кога ќе осетам одма одам под туш и со масажи се средува. Не се молзам со пумпа, само кога имав мастит чисто за да си олеснам. Не мислам дека не е воспоставена лактацијата, едноставно некои жени имаат повеќе млеко. Ни јас не правам нешто посебно во поглед на исхрана. Дури и не јадам баш редовно и слабо пијам течности, што секако не е за пофалба, ама не секогаш имам простор да јадам на време.
Девојки имам новороденче од месец дена. Периодов на убаво време ја вадиме надвор, а цица. Е сега ме интересира бидејќи не секогаш можам да ја надојам надвор, дали е можно да се измолзувам од сабалето периодично, да складирам во шише и да го понесам при излегување во случај да и се цица?
По паметно според мене ќе ти биде да се измолзиш цел оброк и да и дадеш. Ако молзиш после подој може да дојде повеќе млеко, а и можно е да не извадиш многу, а на бебе би му требало одприлика 90мл за ако не го доиш надвор бебето ќе треба цел оброк да го дадеш.
Можеш, со тоа што треба да пазиш да го складираш соодветно. Изладено во фрижидер и тоа на собна температура не се мешаат ако не се лажам. Има стриктни правила, нека каже некој искусен како точно се прави. Исто така биди спремна на ризикот дека ако даваш шише може да ти се одбие од града. Не мора да значи, ама знае да се случи.
Од кој ден ви дојде млеко и кога почна регуларно да цица? Страв ми е дека нема да функционира ни едното ни другото затоа што не почнавме од прв ден.
Слично и кај мене - 6++ сме. Исто повеќе ми се преполнува левата и 3-4 пати ми се појавија грутки. Среќа со масажи и облози успевав да ги 'пробијам'. И јас мислам дека е воспоставена лактација.Е сега, кај мене вечерите се проблем. Некогаш цица 2-3 пати, а некогаш само еднаш и врзува 5-6 часа сон. Во тие вечери морам да се измолзам малку за одбегнам грутки зашто така и ми се направија. Круг без крај И јас сега ќе видам како се одвива со оброците ама мислам и се надевам нема да е проблем, тоа постепенп ќе се одвива.
И кај нас околу 6 месеци беше слично навечер, ама за многу брзо намали на само еден ноќен подој. Знае и сега некогаш да бара два пати ама се брои на прсти. Природата сѐ си смислила, ќе си фатите ред ќе видиш.
Значи сепак е нормално.. Одлично е што имаме млеко, ама стварно на моменти ми е многу мачно и стресно. Се надевам кога ќе престануваме со доење нема да е уште потешко, ама има време, ќе мислиме тогаш
После 3-4 дена ми надојде млеко. Не ја знам причината зошто не сте почнале веднаш со доење но што повеќе е бебето на града побрзо ќе надојде млекото.