Во листата на забранети чаеви при доење на @okcenzi наведено е нането, зошто?? Јас и прошлиот пораѓај со царски со целосна анестезија кога два дена не смее јадење/пиење самата докторка ми рече да почнам со 1 литар незасладен чај од нане во првите 24 часа, а и сега еве два месеци од ко сум породена дневно пијам по два литри чај нане наместо вода!!
И јас се чудам искрено на ова со чаевите. ОСвен што некои од нив содржат кофеин, што би можело во нив да биде штетно. Се е околу штетно. И јас во бременост пиев неколку пати нане, максимум 10 шољички.
Majki, koja e cenata na kapkite D3, ne znam koi gi ima vo Mk, vigantol, plivit d3?? Koi gi davate vie na vasite bebinja? I po koja cena se ako moze da mi kazete
А колкаво е паковањето и за колку време е едно паковање, после отварањето колку долго може да стојат? Фала ти
За нането зошто е забранет не знам ни јас, но докторката ми даде листа и јас ви ја пишав. Ств не знам, а го избегнувам.
Мaјки дoбрo е ништo немaм нa дoјкaтa супер е се , тoa ми билo нaјверoвaтнo вo спиење незгoднo сум лежелa сум јa нaтиснaлa
Вигантолот се 90 денари, шишето е 10 мл, маслени капки. Ги отворам и ги користам еден месец, после ги менувам. Нането не е забрането, но треба да се избегнува затоа што знае да ја намали лактацијата.
Кои се подобри, Вигантол или Пливит д3? Јас користев маслени капки по 1-2 се става дневно ама денес син ми го скрши шишенцето и немам веќе, 50 мл беа и мнооогу бавно се трошат, а коштат 10 евра, па затоа прашувам во Мк колку се да ми донесе брат ми за некој ден штом се поефтини.
Вигантолот се маслени,Пливитот се водени. Штом си почнала со маслени,можат да ти донесат Вигантол. Јас сеуште му давам Пливит на синκо по 2κапκи.
Вигантолот се маслени и се даваат во помала доза затоа што имаат поголем број на ИЕ на витамин Д (мислам околу 500) додека пливитот се водени и се околу 200 ИЕ на вит. Д. Вигантолот знам дека немаат вкус, а за пливитот имам чуено од мојот ортопед дека се малку грди на вкус.
Јас овие што ги давав се со вкус на јагода, мн.убаво мирисаа, ама што знаат сега бебињатаза вкусови и миризби, какви се такви се.
Нането како што пишав не е забрането, туку не се препорачува затоа што може да намали лактација. За јадење сѐ смееш да си јадеш умерено. Ако од нешто видиш дека детето има грчеви тогаш ќе избегнуваш. Најверојатно ќе приметиш дека детето ќе има грчеви но нема да се од храната. Храбро треба да го поминеш тој период.
Веќе почнаја и ми рекоја да не јадам домати.краставици.зелка скоро ништо демек од то му се праеле грчевите
Исто ќе чуеш и дека не треба да јадеш грав, грашак, боранија, ... па после од овошје никако цитрусни... И мајка доилка која што треба да внесува убава балансирана исхрана со витамини и минерали, од каде ќе ја внесува? Од компир и ориз? Моето лично мислење (и искуство) е дека грчевите ги има секое бебе, кај некое се поизразени, кај некое не, едноставно цревата треба да се привикнат да преработуваат храна, треба цел дигестивен систем да проработи... можеш да даваш капки, чаеви, чуда, и додека пробуваш што ќе помогне, ќе поминат.... ... значи требало да помине време. Јас на крај одлучив да не давам ништо, и на секое плачење нудев града. Слушав и коментари дека се мешало млеко, не знам што. Млекото, што е „програмирано“ да биде специјално за доенчето па пак му прави грчеви, што па некој чај или хемикалија би помогнале повеќе? Ова е моја логика.
Се сложвам и јас за то му давам капки sab ама џабе тој пак се витка и плачи сега ко ќе плачи многу му давам да цица и се смирва му клавам и топло на меше а цај бекутан му давам За јадењето јас пазам ама како шо врлиш од компири ориз и пиперки нема витамини Знаеш ко ќе бидиш со свекор и свекрва така е не смрјш ова пази она пијај млеко а дали можи само млеко да се пија
Мамички, уште не сум многу искусна... дали е нормално 3 неделно бебе некои денови да цица многу, а некои помалку? До пред два дена цицаше многу, дури и се прашував каде оди сето млеко, по 30-40 мин активно цицање вчера и денес некако ми намали, по 15тина минути само цица на два саати. Дали сега е посилна и повеќе трга па побрзо се најадува, или пак не е толку гладна... ум немам. Инаку до вчера мерена е секој ден, и си става по 25-30 грама на ден. Поздрав!
Сосем ноρмално. Моето што се вели од пρвиот ден по 15 тина мин цицаше, а напρедуваше пρемногу. Оκолу 70 гρама дневно!