Ох баш утре на педијатар ќе ми кажат ваљда...јас само наутро го мерам на голема вага прво јас па + него ама не знам дали е точно..а како ти пие и тоа и тоа? Моево ако се успие на градите за жива глава не фаќа шише после тоа ја стега устата како да го будам?
Колкаво е бебето? Не посегнувајте одма по формула. Ако имаш млеко и слушаш активно влечење и голтање дур цица, немаш проблем со количината на млеко. Три правила се показател дека бебето не е гладно. 1. Полни пелени, 2. Не плаче од глад и 3. Качува килажа. Сврзувањто сон не е секогаш репер. Има бебиња спијачи и бебиња неспијачи. Може да има влијание и јадењето на сонот секако, ама не секогаш. Другарка ми има девојче од скоро 6 месеци и откако е родена не сврзува ниту доволно долги дневни дремки, ниту пак навечер спие како што треба. Сѐ е пробано ама џабе, такво си е детето. Во килажа супер си напредува, нема никаков проблем од таа страна. Нормални се прашалниците на почеток, ама ќе си дојде сѐ на свое место. И маж ми така во неколку ситуации имаше кажано а да земеме формула зошто фаќав мастит, па разранети брадавици, па бебе качи малку гр. Ама не се откажав и никогаш не дадов Ад и успешно дојам 9 месеци, а малиот добро си напредува. Да не се разбереме грешка, немам ништо против, ама само тогаш кога стварно има реални индикации да се даде.
Јас за витамините ќе ти одговорам. Не пијам никакви,инаку можеш тие што си ги пиела во бременост да ги пиеш и сега.
Jas pijam vitamin C od 1000, magnezijum I ponekogas vitamin D od 2000. Salep ne sum pijela do Sega ama mislam nema nikakva steta od salepot.
Забележав дека кога ќе измолзам повеќе мл ги пие од шише, за кратко време и си спие мирно. Кога дојам речиси на секој саат се расонува, па цица, па заспива, па не сака, па сака и цица цел саат со паузи, хаос можеби такво е доењето не знам цел ден само тоа правиме. Кога гледам поефективно оди со измолзено од шише дали да земам автоматска затоа што сега сум на рачна пумпа и да го правам тоа место цел ден на града или не е во ред? Малку конфузно ми е како вака ќе терам цела година со доење да не може човек нешто да мрдни друго затоа што ред нема.
Смееш салеп. Витамини прво пиев тие што ми останаа од бременост Пренатал од Џејмисон, после од Бг земав Pregnacare Mum, ги нема кај нас. Па еден период ПреМама пиев, сега некои исто пренатални на Pharma Vital пијам. Можеш било кои мултивитамини.
Ми прават паника домашните дека денски се буди на 45мин до 1ч само на гради кога е и ако пробам да понудам шише не сака, па сум немала млеко или било слабо.... или можеби така кога ќе се разбуди после гради да садам формула следно наместо да го дојам? @Bella_Stella денес 10денови е бебко истото го мислам и јас, се изначитав изнаслушав предавања и деновиве се чувствував преубаво дека си се гушкаме дур цица, бебе готлка слушам дека влече па се заморува по 8мин на града и задремува па го будам да се доцица и веќе на крај џабе ја плука градата и кома е по 15тина мин. Пелени полни редовно, еве сега е на втора града моментално си голта гледам и кога ќе го тргнам од града е цел умацан во млекото последното јас го терам да го голтне заспан е со полна уста често...се разочарав ако немам доволно млеко и треба дохрана, не е ништо лошо и ни прва ни последна ама некако сакав да си воспоставиме ред со цицање и да бидеме само на тоа ама ако не напредувал пак срце ќе ми се скрши дека го форсирав на гради 2 3 денови мислејќи му е ок дека не плаче....
Кажи им на домашните да идат во пм. Тоа не е репер дека немаш млеко. Мало е бебето не си прави стресови џабе.
Ама почетоците се такви. Тек ќе бидеш во дилема константно, за сѐ. Тоа е мајчинството. Го сакаме најубавото за нив и секогаш ќе се прашуваме можеше ли подобро, дали вака или така итн. На контрола сега на 14 дена ќе ви кажат дали ја вратил родилната килажа. Ако е вратена супер сте и терајте си со доење. Според ова што го опишуваш засега немате потреба од АД.
Ке се умешам. Домашните да не се мешат да им кажеш. Дур не видиш вагата што ќе покаже терај со доење. Ако нема убаво додадено тогаш можеш дохрана. И да им кажеш на домашните дека слабо млеко не постои, тоа не е тетрапак па да го разводнуваме Мајчиното млеко си е такво какво треба да биде за твоето бебе. Јас верувам дека ќе успеете, биди упорна
Можеби не влече доволно кога цица, се изморува и прави паузи. Колкаво е бебето, го меревте ли? Ако напредува и не изгубило килажа океј е со цицањето освен што ти ќе си цел ден измалтретирана. И мене ми беше така на почетокот само што кај мене изгуби тежина бидејќи немав доволно и не влечеше како треба, беше поспана од жолтицата. После и давав да цица кратко и продолжуваме со шише измолзено млеко и неколку пати во денот и формула за да се врати со килажата. Сега пак пробувам да сме само на цицање, се учиме да фаќа како треба и исто си дои по повеќе од 30мин на града и 30 на другата, цел саат а некогаш и повеќе и после саат време пак исто. Ама не се откажувам, се надевам ќе научи да се најадува за пола саат со убаво цицање. Многу полесно ќе биде така верувај отколку измолзување константно без разлика дали со рачна или електрична пумпа. Треба да имаш спремно млеко во секое време за кога ќе стане бебето од спиење гладно да му дадеш додека не почнало да плаче, вришти од глад.
@Brpbrp, @Bella_Stella, @Ceneva фала ви мајки многу ми значи вашето мислење во овие кревки моменти бевме на педијатар бебе ја има надминато родилната за 60гр (денес има 10денови) докторот е од сè задоволен ми рече се што правиш до сега да си продолжиш, одлично е бебенце, јас конечно спокојна дека не сум грешела Ми рече ако видам да му треба некогаш дохрана низ ден да му дадам кога ќе забележам и попразни гради и дека бебе не врзува долг сон а не е од грчеви а ноќе да не го будам штом спие 3 4ч со мое млеко
Супер. Инаку меки гради не значи дека нема млеко. Моите гради се ептен меки а имат млеко толку колку што има потреба моето дете. Така ќе биде и кај вас кога ќе се воспостави лактација и тоа да не те збунува. Нуди града и уживај во доењето
Супер, само напред! Пак ќе речам, не посегнувај толку лесно по АД кога имаш млеко и бебе напредува добро. Меки гради не значат немање млеко секогаш, може да значат и воспоставена лактација. Млекто и да се намали нема да се зголеми ако дадеш АД туку ако бебе цица и стимулира. Со среќа и ти посакувам долг доенечки стаж.
Јас како второ искуство со доење повеќе изгубена сум Првото го доев година и нешто. Без капка ад. Целиот беше образ. Сега со ова од сам старт сум тргни-застани. Не знам што ми е. Млеко имам. Цица,плус вадам со пумпа. И цело време сум во филм дека е гладна. Деновиве одиме на мерење,па ќе видам. Полни пелени,супер спие. Само често се случува додека цица да прекине и одма почнува да ика. Дали се прејадува или? После тоа веќе не фаќа града пак.