Ангел дај бе жити се сликни ми го тој ургент што го пиеш ти. Да не го утнувам јас. Мене маж ми ми купува ќесички на парче, вакви. Во цела кутија колку што знам има 30, не 7. Малце е лош квалитетот на сликата.
Има 2 типа, едниот е со 7 кесички и е појак, другиот е со 30 кесички и е како за превенција, бустање имунитет. Јас го пијам се овој од 30 кесички пошто имам купено 3 кутии пред зимата и 2 ги испив, едната ја пијам по потреба. Немам кутија пошто ги имам извадено уште неколку ми се останати. Ќе побарам на нет ќе ти прикачам ако најдам. Нека каже само дека бара од тие што се по 7 во кутија, не по 30, иако ти викам помага и ова другото.
Земав и се напив пред 3 часа, и сега сум каде каде подобра. Само 30 беа во пакување, ќесички за растварање во вода. Валда не ги утнав, пишува на нив УргентЦ. Иначе фала многу Ангел. Сега гледам и Бела истото прашала и си појаснила. За друг пат да знам да си земам од тие 7.
Може ќе бидам осудувана.. Бев пушач не некој активен ама тук таму со кафе и друштво. Кога дознав дека сум бремена 4недели ги прекинав бидејќи тешко зачнав. Негде 9ти месец почнав на 5дена да речеме цигара 2 во денот со кафе и толку. Се породив и го дојам и сега сакам со кафето една цигара да запалам чисто уз кафето би штетело ли една? И кафе прв пат ќе се напијам, во бременост само во 9ти некогаш пиев и тоа психички се спремав пред да го пијам
Незнам дотолку дали намалуваат млеко, не се јадосувај, но содржат и голема количина на кофеин и за енергија, баш прашував за мене кај нивни произведувачи и не дозволија од интензивот само секојдневните смееме
Мене ми рекоа дека може, и имам пиено еднаш и од тие по 7 а од овие 30 ги пијам редовно. Подобар лек за мене не постои моментално, ама ете ќе знам сега бар кога ќе ме праша некој ќе знам дека не смее. Тенкју!
Од чаеви можеш камилица, нане, брусница и тој за лактација што е. Градник јас не ставам никаков. Имам еден го купив и уште со етикета стои во фиока. Во овој месец дена не ми притреба. Јас сакам да прашам дали смеам да јадам крем супа со печурки? Никаде не сретнав дали смее да се јадат за време на доење. Ми се смачи обична супа.
https://doenjesoljubov.com/2022/08/26/cigari-i-doenje/ Повели инфо, мене ми помогна кога се мачев со истата дилема.
Здраво мамички. Од болница бевме испуштени со 2220 грама. По една недела на контрола, денес ја измерија 2180 грама. Меревме подој 40 мл од една града исцица, со што да напоменам на другата ми цица помалку. Исто така од пред два дена почна да цица како што треба бидејќи бев со царски рез и млеко ми дојде дури дома. Што мислите дали да бидам упорна со доење и за колку време повторно да ја премерам, или да почнам до вештачко да и давам? И што пиевте вие за повеќе млеко?
Не почнувај со ад,туку земи си чај за доилки Лактамикс,пиј по 4 чаши дневно. Пиј јогурт,вода,сок од јаболка,јади житарки и здрава храна и ќе надојде повеќе млеко. Има и Лактил капсули за лактација ако сакаш. Штом ти дошло млеко,ако стимулираш ќе надојде повеќе. Само упорност и трпение.
Сосема доволно е за почеток, бебето има мал желудник. Нуди и ги двете гради на подој. Млекото постепено ќе се зголемува како што бара бебето повеќе. Следи го бебето како е и дали полни пелени, тоа е показател за колку внесува, па на следна контрола ќе видите како е и со килажа. Со лесно
Јас сум да бидеш упорна. И јас царски млеко тек дома во болница со шприц го ранеа дете нејќе да фати да зацица првата ден ееедвај наранет другата ден купив ел.пумпа и се измолзував за да надојде млекото убаво и така зацица и го мењав од една на др.на која едната секако заспиваше па ќе се измолзев за да не ме боли. И продолжуваме следен подој и се така ке си фати ред. Пијам цедени сокови,јогурт тук таму сок од јаболко и чајот за доилки на хип. Се дур полни пелени нема место за паника. Секое дете различно напредува
Дали знаете да има некое онлајн предавање за доење? Во смисла некои објаснувања за пумпи, подои, положби, пумпи..?