Za nekoj den 2 meseca ke bide Ama e i malce nastinata od koga nastinata pocna taka da kaka inaku pred toa si kakase zolto
Зелена кака може да значи измрзнато, грчеви, глад, или нешто што си ти јадела па преку млекото и пренесуваш да и биде зелена каката. Прати ако продолжи да биде зелена каката обрати се на педијатар
Zeleno nesto ne sum jadela grcevi ima i nastinata e.A za gladna si vikam ako e gladna Ke Place Ama ona ne si cica i posle 2h Pak si bara ili 1,5h da e gladna bi sedela tolku mnogu gladna stvarno neznam deka so prvoto dete nemav mleko i sega se mi e nejasno okolu doenjeto i toa kako da prepoznaem dali e gladna dali Imam mleko zatoa sekoas baram sovet od nekoj sto znae
Daa eve stomatolog sum i ti kazuvam snimaj se i praj zabi so anestezija slobodno. Napomeni deka dois, da znae so sto da te bocne. I za snimanjeto ako ti e sube ima olovna prestilka se stava. No ne se ozracuva mlekoto, a ti primas minimalna doza zracenje i denes vo 21 vek e kompletno bezbedno. @3110G moze pocesto cica ako e vo skok, 4-5ta nedela e prv skok i poveke jadat togas, imaat zgolemena potreba. Moevo i togas i sega (8ma nedela vo vtor skok) pocesto cica, isto na saat ipol -dva, sam se trga od grada znaci najaden e. A pred toa na 3 casa, nokje pa na 4 i 5 nekogas, sega kako alarm na 2h me budi da cica P.s. mojov 5-6 dena kakase zeleno,nekogas skroz zelena kaka, nekogas zolta normalna, nekogas mesana. Pedijatar ni kaza moze e nastinka, no ako nema drugi simptomi da ne se bockame da pocekame. Se dodeka nema isklicivo zeleni stolici podolgo vreme, ne e strasno.
Здраво! Бебе е 4+ месеци. Од почеток си цица на 1,5- 2 саати и добро си напредува. Рефлексот на испуштање на млекото на едната града ми е мн.интензивен, но некако бебе се навикна и добро се справуваше. Последнава недела некако неможе да се справи, се трга и несака да цица. Плаче, и се тресе како уплашен. Гладен е, бара да јаде, но кога ќе види дека се токмам да му дадам да цица почнува со плачки, се врти на друга страна. Пробав поза "опуштено доење", пробав да се измолзам малку на почеток, пробав да блокирам со прстите канали на почеток на доење, но некако ништо не помага. Да напоменам дека одбива да цица од двете гради. Единствено што успевам е да го дојам додека е во полусон. Ве молам споделете искуства
Син ми кога протестираше за доење отприлика тој период ќе му дадев цуцла да се смири кога ќе почнеше да се буни, па ќе ја извадев и ќе му бутнев цице и така неколку пати додека не се нацица и не пројде таа фаза. И он тогаш највеќе цицаше навечер или во полусон.
Моето ќе прај 5 мес за некој ден, исто ни се случуваше во тој период, одбиваше да цица, ептен нервозно беше. Се сеќавам за големата во тој период исто правеше, па од страна слушав, мајка свекрва леле се одбива, леле леле. Ма какво одбивање, цицаше скоро до 2 год Инаку при скок бо развој, има бебиња одбиваат да цицаат, а има и што се обесуваат за цице.
Многу не има што сме имале мака тој период. Не ме земај за збор, ама мислам дека беше баш таа возраст кога единствено ми фаќаше стоејќи и шетајќи. Денски така прекарувавме, а ноќеска во полусон немавме проблем. Да ми фаќаше шише ќе кренев раци од доење тогаш. Издржувај и експериментирај пози. Пробувај да го смириш сталожиш пред да нудиш.
Фаќа шише без проблем, но несакам да му давам, ми е страв да не се одбие. А знам од искуство ( со првото) колку е мачно да се молзиш.
Здраво! Да ве прашам на доење сме, во петок правиме 40дена и ќе почнеме да шеткаме. Дома користам на чико ел.пумпа но сиротата работи само на струја за тие пари треба и без струја да пумпа Ама така е маж кога ќе пратиш да купи Прашањето ми е за по пат за онде овде кога сме излезени а спие пример да купам рачна да се измолзувам со рачна? Нејќам да давам пари за ел.на батерии дупли трошок. Дали е лоша рачната ? Која би ми ја препорачале?
Оваа се полни и може да си ја користиш и без струја откако ќе ја наполниш. Истата ја имам, portable е. Многу работа ми заврши мене.
Сериозно? Wow поглупа не сум се осетила. Фала ти ќе фрлев пари за џабе сирота јас така ми е кога не читам упатства
Да, да. Ќе видиш кога ќе намали силата на влечење, ќе осетиш, тогаш почнува да се празни батеријата и ќе си приклучиш на струја. Ама супер си држи ехее јас ја отепав пумпава на почетокот кога бев на ексклузивно молзење. Слободно можеш во кола, на работа, на гости без кабли да влечиш.
Доенечка криза. Нас нѐ фати од 3ипол месеци и цел 4ти месец. Нејќеше да цица а гладно. Некад прво мораше да се успие и тогаш да цица, а повеќето време цицаше после спиење, не расонета убаво.
Истото ни се случува и на нас. Почна на средината на 4ти скок. Таман се среди, почна 5тиот. Преку ден почнав да се измолзувам и да му давам, иако малку важно пие. Навечер кога е поспан е добро, само што се буди на три саати, да надокнади за преку ден. На почетокот и јас мислев дека се одбива, ама испадна дека не сака да цица само кога е во скок.
Здраво, со бебе сум што утре ќе прави месец и е на доење. Ме интересира доколку консумирам работи што може да предизвикаат алергија како јајца, путер од кикиритки, јагоди и сл. кои симптоми би ги имало бебчето? Како да познаам дали му смета храната или е алергично?