1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Miracls897

    Miracls897 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Мајка се надевам не е касно да те утешам и да ти помогнам.. Породена сум со царски и добив млеко дури дома на 6тиот ден и тоа не многу. Прихрана дадов само два пати и одлучив само бебе на града да го чувам до прва контрола по 1 недела.... 2 дена пред да одам на контрола сетив дека почна да цица, а до тогаш веројатно само по малку. Знаев дека наместо да се поправи ќе намали на тежина од испис. Испишани бевме со 2200 , а на прва контрола после тоа имаше 2180... Сестрата и докторката беа трпеливи и ми мереа подој... од една града за 10 мин малата ми исцица 40 мл и ми рекоја ќе продолжиш само со доење... Денес на нецел месец од контролата малата има добиено плус 1 кг и 200 грама... и до ден денеска еве 40 дена мене од градите не минтече млеко, само неколку капки, а ниту со пумпа нештп посебно неможам да се измолзам. Напорно е, навечер сеуште станувам секој час за да цица, уморна и ненаспана сум,но доколку сакаш да цица нема друго решение освен упорност преголемааа... Како совет пој капсули Лактил и чај Лакта микс, мачкај гради со природен ланолин на Медела Пурелан. И доколку си во можност купи си вага или мери на кујнска за да бидеш мирна дека напредува, јас така правев. Ако сакаш да доиш не слушај никој што ти вели и слушај си го инстиктот твој.. Поздрав
     
    На MartinaMM, Secret-Angel7, LadyInPainting и 3 други им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.709
    Допаѓања:
    145.057
    Трахисан смееш. Мене и онака ми се најефикасни за болни грло.
    Имам дома Пранаром. Зегин ги увезува и нормално ги форсира. Ај што имаат некој чуден вкус ама и нема некој посебен ефект.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Браво за упорноста и истрајноста мајка! Еве сме дома, цела ноќ е прикачен на мене, на 30мин сака да цица, ама откако ќе ги испразни станува вознемирен, вреска плаче и брефта како куче. Морав да дадам дохрана, ептен беше гладен. Земав и капсули и чај за доилки, само со пумпата не сум паметна дали да одмолзувам или доволна е неговата стимулација. Не ги осеќам дека полнат ама кога цица осеќам дека голта.
    Кажи ми на кој начин се мерат подои? Како знаат колку исцицува и кој го мери тоа? Сакам да го побарам тоа за некој ден
     
    На Miracls897 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    18.258
    Мајка измолзувај се после подој за да стимулираш млеко. Измолзеното млеко,макар биле и 10мл давај му го на бебето после подој. Ќе надојде млеко само ако си упорна,и што помалку (ич) даваш АД млеко.
    Можеш заедно со бебето да застанеш на вага пред и после подој и да видиш колку ќе исцица. Но подобро само бебе пред и по доење на бебешка вага да го ставиш. Можеш кај матичен педијатар или во детски диспанзер да замолиш да го измерат.
     
  5. LadyInPainting

    LadyInPainting Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Истиот случај и јас, спонтано породена.. На прва контрола бебето беше паднато на килажа, добив совет за дохрана. Но реков ќе пробам уште недела дена само на града поупорно, и не дадов дохрана.. Веќе на следната контрола бебе имаше качено супер. Ти посакувам среќа и сила :l:
     
    На Miracls897 и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  6. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Подој се мери на тој начин што пред да цица, се мери бебето со облеката, пелена, се што има на него, па се става да цица, па се мери повторно со истата облека како што е. Така знаат точно која количина исцицало бебе, обично во советовалиште го праваат тоа. Се сложувам со се што ти напишала @Miracls897 , јас со второво бебе имав препреки во доењето, ама бев решена и не дадов капка АД, кај мене беше проблем продолжена жолтица, едвај цицаше, само спиеше. Еднаш дури имаше и мал пад на килажа, значи дури на 2 мес, не на почетокот. Ама докторките во советовалиште исто можам да ги пофалам како и @LadyInPainting ми даваа елан да продолжам со доење, во рок од 2/3 дена со упорно ставање на града, имаше супер резултати. Тогаш си имав помислено веќе дека ке давам АД, ама упорноста итекако се исплати.
    Јас не сум против АД, не за секој доењето е уживање, ама ако си решена биди упорна од почетокот. На бебето желудничето му е мало, си бара на пократко време, со тоа што цица, градите се стимулираат да произведуваат уште повеќе. Со секое давање АД, градата не добива стимул да го произведе тоа млекце.
    Мене второво бебе да ми беше прво, ќе мислев дека доењето е страшно, ама од искуството со првото бебе дадов напор и си уживаме и двете сега. :)
     
    На LadyInPainting му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.185
    Пол:
    Женски
    Земав Лизобакт за деца над 2 год и возрасни. Ама шубе ми е да ставам, во упатството пишува дека не се препорачува за доилки. Трахисан што се и дали сигурно смее?
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Јас сега баш гуглав сите пастили што се за грло пишува дека не стигаат до млеко, само да нема бетадин во било што да користиш за да не влијае на тироида на малото. Јас сега да го нацицам ќе излижам пастила жалфија зошто избезумена од кенкање денес заборавив дека миев коса излегов така да заспие низ маало во количка и додека се освестам ме издува, одма грлобол. Ми иде да се упукам го пазев толку и од мене сега ќе настине од глупавост
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.709
    Допаѓања:
    145.057
    Смееш и Лизобакт.
     
  10. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Мајки дали доите а градите ви се меки? Веќе некое време не ми се трвди ко порано доколку не цица неколку часа. Тврди се мслце да, ама не како порано. Ако цицала на пример малце пред 1 час, не се воопшто тврди на следно цицање, а бебе па не плаче после цицање, не ми делува дека е гладно
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.185
    Пол:
    Женски
    Во упатството пишува дека не смее.
    Одамна ми се меки, бебето ми е скоро 11 месеци.
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.468
    Пол:
    Женски
    I mene mi se meki, dva meseci e maliot. Si vospostavila laktacija, nema visok mleko i redovno cica. Mojov navecer ako se uspie poveke od 3-4h veke osekjam deka steznuva taa neiscicanata grada:)
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella @DaisyDream мене па ме фати страв дека ми снемува бидејќи по 10минути цица бебето и после нејќе веќе а и на комбинирано сме па викам може се одбива од цицање и си купив чај вчера :?:
     
  14. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    И моето почна да прави така, 3 денови пумпам измеѓу и пијам чај од страв дека ми се намалува млекото. Цица 6-8мин додека тече убав млаз после се тегне, трга плаче на 2 повлекувања и викам сигурно веќе немам а тој бара. Па го ставам на другата града се надевам ќе се среди ова не би сакала сега да почнам со ад
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    867
    Пол:
    Женски
    I mene isto taka preku den deka redovno cica meki se i me fati strav ama navecer deka si spie podolgo se tvrdi i lika od niv lom se pravam.

    Me interesira ako se molzam dali toa e plus za poveke mleko ili nema vrska? Deka nekoi vikaat se dur cica bebeto ke nadojduva poveke pumpata demek ne pravi takva stimulacija kako on koga cica? I posle kolku vreme od doenje mozam da se molzam za u slucaj ako saka pak da ima mleko?
     
  16. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Исто. Ја трга главата и ако фати 2 повлекувања и нејке ама ако и дадам цицла си се смирува и не плаче после, ќе си заспие. Затоа почнав и преку ден да давам ад во помали количини за да дополни ако не е најадена
     
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Скроз исто со тоа што некогаш вторава полн не ја сака па викаж ваљда му е фаза
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.709
    Допаѓања:
    145.057
    Главно на сите лекови пишува консултација со лекар при доење затоа што ретко кој е тестиран на трудници и при доење.
    Инаку го даваат при доење и на трудници.
    Јас пиев Трахисан. Најсигурен ми е. Ако ти е мисла земи Фишерменс бонбони.
    Јас така комбинирам и кога не сум доела.:)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.185
    Пол:
    Женски
    Доенечка криза е тоа, немате недостаток на млеко. Околу 3-4 месеци се случува и многу е тешко ама се издржува. Не знам зошто сте на комбинирано, ама млекото и те како ќе се зголеми ако воопшто е намалено, доколку се тргне ад и бебето е почесто на гради. Го имавме и ние тој период, се тегне, се мава од града, хорор ни беше цицањето. Ама ако планирате успешно да доите во иднина, мора сега малку да стиснете заби. Ќе помине.
     
    На MartinaMM, Carolin. и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.185
    Пол:
    Женски
    Се правам. Фишермен, лимон со сода, мед со црн бибер, гаргара со сол. Не ме држеше многу грлото, ама затната сум ептен. Имам респираторна алергија уште од дете и изгледа моментално сѐ е на куп. Настинка, алергија.. Сигурно ми е паднат имунитетот од што ми е многу турбо периодов и не одмарам доволно.