1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Miracls897

    Miracls897 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Подој се мери баш како што објаснаа @Sofi.ja и @MartinaMM . Јас гледав во болница Плодност на прва контрола како ми измерија. Јас дома имам ваква вага како на сликата. Оваа е од моите тие се земјоделци на пазар и е точна до грам. И мене пред неколку денови многу ми плачеше и сеуште ми плачи после секој подој и бев испаничена, па сама си мерев на оваа вага подој. Го мерам бебуш пред да го ставам на града и откако ќе се нацица. Испадна дека си цица доволно по 90, 100мл, некогаш 50 некогаш 70, но цица на помал интервал и затоа си цица колку што му треба. На крај испадна дека веднаш после цицање го фаќа да го боли стомачето од грчеви и затоа ми плаче , а и јас испаничив дека е гладно бидејќи плачеше многу... Штом осеќаш дека голта можно е после тоа да го фаќа стомачето. Истото ми го кажа и педијатарот во Плодност. Иначе овие ваги може да ги најдеш до кај 1500 денари, барем толку беа порано. Или барај на контрола да ти мерат, па ќе кажеш што ќе направиш. И те молам не слушај никој од страна. Мене сите ми велеја пробај дај му барем навечер, дај да се смири да му дадеме АД, а на крај испаднаа грчеви.. Поздрав и стегам палци да истраеш
    ПС за надоаѓање млеко многу помага и пиење пиво. Јас пиев по една чаша некогаш алкохолно, некогаш безалкохолно.
     

    Прикачени фајлови:

    На MartinaMM, Carolin. и DaisyDream им се допаѓа ова.
  2. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Леле преплашена сум да не почне да слабее? Некако не ми напредува којзнае колку, утре баш ќе го мерам пак ако не е 5.4кг ќе одам на педијатар да ми дадат памет што да правам..Прееска бевме излезени имав измолзено 120мл испи 70 само, дома давам да цица 5мин се трга ми се смее гуга и не сака да чуе го враќам на града плаче :x:x:x моево е 2 месеци .....:worried:
    Некако ја одбегнував вагата специјакна за него викам да не се опседнувам ама деновиве не сум мирна. Не е можно за 5мин да се нацица толку
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.709
    Допаѓања:
    145.057
    Можеш инхалации со камилица над тенџере. Малку ќе те опушти.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.925
    Пол:
    Женски
    Ова ли смеевме при настинка ? IMG_5509.jpeg
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.185
    Пол:
    Женски
    Можно е да се нацица за 5 мин. Не гледај на саат. Ако е гладно нема да е расположено туку кенкаво. Провери си колку качува, ама ако се мокри пелените јас не би се грижела.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Јас се радувам ако цица 7-8 минути па добро си напредува. Кај мене па дури и повраќаше многу. Си мислев како бебево толку кратко цица па повраќа па ќе се искака и како ќе се поправи....Исто како тебе бев загрижена дека секој подој кратко цицаше и на секои 2 часа и давам а така па повраќа. Очигледно може да се нацицаат за 5 минути, не се грижи нема да слабее. Бебе е исто 2 месеци инаку
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Леле еве пред 1ч го терав 2 гради вкупно 12мин за 2мин се исповрати (facepalm) ќе го оставам како си сака додека не ми слабее

    Да, си полни пелени @Bella_Stella какани 4 обично, мочкани 7 8, ме буни дека плаче одма после цицање а се трга ама гледам дека во скоков е многу поспан а штом малце се расони одма гуга муабети се смее со мене
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 @Bella_Stella јас сега видов дека сме во четврти скок, не знам дали е до тоа или и влијае нешто што добив прв пат пред 2 дена :sweat:
    Иначе на комбинирано сме бидејќи немав на почеток млеко, со царски породена, она нејќеше да цица бидејќи имаше жолтица а мене вовлечени брадавици, па бевме болни двете една недела и првиот месец губеше килажа, па малце качи, па кога оздраве пробавме со 1-2 оброка мали ад а пстанато да е цицање ама не напредуваше како треба, сега и давам навечер 2 пати бидејќи е поспана и не цица како треба и преку ден 45-60мл.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.185
    Пол:
    Женски
    Комбинација од двете.
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    867
    Пол:
    Женски
    Ne znam dali i kaj nas e isto ama eve sabajle cicase ubavo alcno od dvete sega nejkje pominati 3h od poslednoto "jadenje" izmolzeno mu dadov 80ml i malku cicna pola mu ispotece od usta i sega go nudam ke cicne minuta i se trga place a se iskaka 2 pati vo edna pelena (posto ne kaka cesto od sabajle ne bese kakan)i sega posle 1h nudev pak gledav dremka go fakja ke fati da cica i ke pocnw da place i mrda celiot a kreni go si sedi miren
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    17.112
    Пол:
    Женски
    На Easter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Исто ми прави во текот на денот. Ноќе цица исто кратко но не повраќа. Нема да слабее, не се грижи а за пелените супер е
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    12.782
    Пол:
    Женски
    Можно е да се нацица и за 3мин, првото дете никогаш не ми цицаше повеќе од 3-4мин, сега второво цица по 7-8мин. Има бебиња што цицаат и по 40мин, ама се зависи од бебето и млекото. Само затоа што цица кратко не значи дека малку испило.
     
    На Fenix05, KikiKviki и Thor им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    7.366
    Пол:
    Женски
    10 минути.... Еее арни сте, моето 5 мин цица ако ми веруваш. Двете ги празни и тоа уште од кога беше само на доење и супер напредуваше. Добиваат сила и цицаат пократок интервал. Ама чајот не е штетен така да пиј си ;)
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    12.782
    Пол:
    Женски
    Колку чај за лактација пиете?
    Јас немам мака со количина на млеко, ама премногу ми се пие благи течности. Неколку дена бев само на вода, сега запнав со сок од јаболко дека сакам нешто благо. Мислев да пијам обичен чај со мед, најмногу сакам нане, ама читам не е баш најдобар за доење.
    Имам чај за лактација, ако пијам 2 чаши на ден да речеме колкав ефект ќе има, да не си направам хиперпродукција па да имам мака со мастит...
     
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.347
    Допаѓања:
    32.756
    Пол:
    Женски
    Јас пиев и по 3-4 чаши,немав проблем. И мене ми е многу убав чајот, и сега би го пиела :)
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    7.366
    Пол:
    Женски
    Јас пример не можев да го пијам дур не се воспостави лактација. И така имав тешки гради и се измолзував на почетокот за да олеснувам по доење, зошто синко не можеше да цица толку колку имав јас млеко Еднаш се напив и мислев градите ќе ми испукаат. Е од кога се воспостави лактација пиев два пати на ден.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.068
    Пол:
    Женски
    Добро утро :D
    Бидејќи веќе полудев од читање за што треба да се конзумира за време на доење а што не ( иако листата е доста поголема за што не треба да се јаде), дали сакате да споделите што отприлика ручате, готвите, за да ми дадете идеја што би направила :$
     
  19. LadyInPainting

    LadyInPainting Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Јас јадам се, без исклучок. Што ќе се најде по дома, тоа. Само првите 2 месеци не јадев зелка,леќа грав, ама сега и тоа јадам. Првите 2 месеци ми се јадеше само благо, само бомбоњери јадев (facepalm)
    Препораките се стандардни, свежа избалансирана исхрана, со повеќе течности (не мора да е исклучиво чај за доилки, важно е да е вода, сок, супа итн..). Ако приметиш дека бебе има грчеви од некоја храна конкретно таа можеш да ја исклучиш. Важно е мајката да прима што е можно повеќе хранливи состојки бидејќи троши со доењето, е сега колку е можно тоа со толку обврски по дома е прашање. Со лесно :l:
     
    На MartinaMM, Carolin. и TammiB5 им се допаѓа ова.
  20. LadyInPainting

    LadyInPainting Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Мајки со 8,9 месечни бебиња како сте со ноќните подои? Колку пати цицаат бебуши? Моево бебе како проаѓа време само ги зголемува ноќните, преку ден се друго е поинтересно а навечер цица многу.
     
    На Ivana 8 му/ѝ се допаѓа ова.