Честиткии, да сте живи и здрави и ти и бебуш Јас со царски сум породена, на 3ден од царски вечерта почнаа капки да ми капат и тоа ако ме притиснеа сестрите, а градите не ми ни беа тврди. Ее кога дојдовме дома, се одморив преспав убаво, утредента градите ми станаа камен. До првата контрола бебе прво го ставав на града па после АД, зошо мислев дека немам млеко, а бебе си беше лакомо па ем цицал ем АД 60мл. ги пиеше. Кога отидовме на прва контрола бебо имаше качено 40гр. за 10дена, педијатарот ми рече одма АД да прекинеш да му даваш само на доење да е детето. Тоа утро му беше последното шише АД веќе не виде, висеше на града до 2 месеци мислам нон стоп. После си фати некој ред. Без стрес и нервози се ќе си биде, ти само пиј многу течности, вода, чај за доилки, леден чај, сок од јаболка, јади здраво и редовно тоа е најважно.
Jas se vozdrzav iaku mnogu ja jadam.Koga napolni bebo 4m ,togash pocnav da ja jadam i grav,grashok ,boranija.Mnogu vnimavav na ishranata i skoro ic nemase grcevi.
И јас внимавав што јадам на почетокот и синко имаше страшни грчеви. Сите бебиња имаат грчеви, тоа е нормално се активира дегистивниот систем. Само кај некој не се толку изразени и самото бебе може има поголема толеранција на болка.
Пробај, на моево праз му смета,кромид печен пржен не, жив не се осмелувам лук уште помалце, мене ми смета не него хахах
Lele mi e strav, ama ramazanskite posti deka ni se pa ima 1 jadenje koe se sprema so luk. Pusti merak
Дали е нормално да немаш колострум во бременост и да не ти пораснат градите, а да имаш млеко по раѓањето?
Mi se pojavi nadvoresen hemoroid, dali ke smeta za doenje ako se mackam so faktu mast ili hepatrombin h?
Да нормално е. Мене градите ми пораснаа од кога надојде млеко, ама не многу. Истите градници ги носам од пред бременоста. Дојам 9 и пол месеци.
10 дена после породување, само на доење сме, ама што е со оваа моја потреба да јадам благо? Никогаш не сум јадела нешто посебно благо, ама сега мислам можам цела бонбоњера да ја стопам....
Иста бев, јадев многу ми бараше телото. Така си го прифатив. Претпоставувам ми требаше брза енергија и шеќери ради неспиење и се што следи првиот месец. После 2 месеци почнав да се стабилизирам со желбата или можда само ги изедов сите бомбоњери од мекици
Здраво мајки, многу ме интересира дали некоја од вас пред да почне да дои имала гради- брадавки многу испакнати, а после пораѓај да е штама, да не излегуваат? Јас се соочувам со тоа. Брадавиците обично ми се што се вели 1 цм испакнати, како се породив и како пробуваме да доиме, не излегуваат воопшто, меки ми се цели гради. Денес, 2 ден после царски, на стискање ми излезе колострум капки. Бебуш е мал не може да ја фати градата и мора со силиконска
Во живот не сум јадела толку благо... претпоставувам зошто турбо не стигам да јадам па благото ми е брзо полнење со енергија да не се струполам некаде @Evangeliaa22 мене ми се случи тоа во Систина ме натераа да си купам свои немале доволно будала јас одма маж ми го пратив да земе следниот ден така убаво му ја местев на бебе во муце градата додека не направи убав вакум го тргав цело време и ги повлече, со вештачките ние ич не можевме џабе фрлени пари ене нови седат
Isto imav maka,cela bremenost klavav vloski duri mi se poznavaa niz bluzite a posle poragaj daska i gradi meki. Bebe mn se nervirase i ne uspea da fati ubavo grada. Bi ti rekla i pumpa da upotrebis ke gi razvleci malku.
Тука кало да читав со шприц ги ваделе исто, мене бебе ми ги извлече прво левата на десна се мачеше ама упорно па следниот ден и таа
Мислам дека во ДМ имаше пумпичка за извлекување на брадавиците на Лансинох, може ќе ти биде од помош https://www.facebook.com/Lansinoh.m...првите-денови-по-раѓањето-ма/747606121960699/
Јас си имав брадавици а во бременост уште ми се повлекоа и со силиконски доев. Исто бебе без мн сила, малецко, со жолтица, со царски породена немав млеко за да сака да влече. Негде 40дена така цицаше ама константно пробував да ја извадам силиконската и од нигде никаде поспана кога беше со фати без нив и после уше неколку дена ја прелажував без силиконска, на плачење и ја бутав во уста градата и си ги извлече, сега цица без проблем. Исто пробај да ја стиснеш градата, да протече малце млекце па тогаш пробај да фати, да го осети млекото и да го провлече мирисот на млекце.