Ми дојде млеко, но осеќам како грутки и топчиња во двете гради. Што би можела да направам? Потцицува малиот, ама што друго би можела да правам?
Ако имаш грутки само масажи пред секој подој за да ги разбиваш и бебе да може да ги исцица. Ако остануваат грутки и по подој пак со масажи.
Дечки мене ми надојде млекото и градите ми се подуја. Со топла вода се миев и се измолзив рачно и го фрлив. Потоа цицаше бебе. Сега пак ми се камен, ми кажаа пумпица да си земам. Каква би препорачале? И дали мислите дека може да се помине и со рачна или мора електрична? Инаку со силиконски дојам, не може убаво да се фати за брадавиците оти се вовлечени. Сигурно пумпица ќе помогне да се испакнат брадавиците?
Продавам електрична пумпа на Chicco користена 3,4 пати купена во јануари. Истата е стерилизирана, во оригинално пакување со гаранција 1 година. Цена 5000 ден (купена 6990).
Да пробаш сепак да ги извлечеш брадавиците за да фати без силиконски? Имаше погоре слика од апаратчето од дм, пред секое доење влечеш и ставаш бебе. Сигурно не е дека ќе помогне, ама вреди да се проба, поефтино од пумпа. Со силиконската можно е да не успева убаво да го исцица млекото и затоа да имаш грутки и тврди гради. А пумпа за молзење може поголем проблем да направи, да стимулира уште повеќе млеко да надојде. Бев во слична ситуација и советот што го добив од консултат за доење беше што повеќе бебе на града (без силиконски), топли облоги и нежни масажи пред доење за полесно да тече, и после доење ако уште се тврди нежно молзење рачно, само колку да ти олесни, па ладни облоги после. И за брзо пак од почеток. За неколку дена се среди кај мене и сега е супер. И многу е битно да е добро наместено бебето
Se rodi so 3 kg na 4 meseci 5,6kg . Mene ova mi e vtoro dete i se iznenadiv koga mi kazaa da pocneme so dohrana na 4ipol za do 6 veke da ima obrok, a bebeto uste aber nema za sedenje i jas da pocnam hrana . I sea normalno potsvesno me maci misla sekogas koga e kenkava da ne slucajno e gladna ♀️ a do pred da ideme na kontrola voopsto ne pomisluvav na takvo raboti. Odluciv da si go sledam bebeto pa ke vidime kako ke bide.
На почеток нормално е да се преполнуваат градите, треба време да се воспостави лактација. Млекото никако не го фрлај, ова првото е жолто злато одмолзувај си и ако не планираш одма, смрзни си го ќе ти се најде за понатаму да му го дадеш на бебе. Јас второ дете терам со рачна, навика е се. Дефинитивно пумпата ќе ти ги извлече брадавиците полесно. А и ќе ти помогне да не ти се запушуваат каналите и грутки да ти се прават на градите.
Мајки, Ја доев три месеци малата,меѓутоа имав операција и поради терапија не ја доев. Молзев и фрлав млеко. Скоро месец дена така и млекото ми е значително намалено. Скоро и да немам веќе. Пијам лактил капсули и лактамикс чај. Со пумпа измолзувам едвај 50мл во 24 часа. А претходно вадев по 150мл на молзење. Ставам да цица,пишти и влече нервозно нема млеко. Дали да се откажам или сепак има некој начин да ја вратам и зголемам лактацијата?
За јадење и мене ми рекоа да давам од 4 месеци ама мене од едно уво ми влезе од друго излезе. Почнав со полни 5 месеци зошто детето покажа интерес, инаку планот беше со 5 и пол 6 месеци да почнам. Никој не го познава подобро детето од мене. За некој работи ќе послушаш ама за некој апла глупави сугестии не
Оф ти се имаш измачено цел месец, жално е сега да се откажеш.. пробај можеби кога не е скроз најадено бебето, ама да не е ни премногу гладно да не се нервира
Да побараш помош и совет од лактациски консултант, тие мислам би можеле да помогнат. Јасна (здраво бебе) и Наташа (доење со љубов), вака се потпишани на инстаграм. Пиши им, консултација се наплаќа но сепак пробај може ќе помогне.
Ќе и го дадат за пиење тоа што она веќе го пие, капсули, чај, плус на тоа овесно млеко. Џабе фрлени пари се, бебето нема да го натераат да сака да цица
Фала ви девојки. Потсвесно знам дека веќе нема спас за лактација,ама многу ми е мака. Она сега веќе пие по 150мл на 3 саати на оброк,а јас немам ни 50 во денот... Се нервира и она ,се нервирам и јас... Некако само треба да се помирам и да ги снема и тие неколку капки млеко ...
Мајка,најбитно е бебе да е најадено. Среќна мајка,среќно бебе Не се нервирај,се што си можела си направила.
Не се откажувај пробај да молзеш секој ден во исто време и да молзеш до крај да ја испразниш градата. И плус уште некоја минута. После молзење нуди на бебето само нека не е прегладнето. После неколку дена од рутинско молзење би требало да се зголеми млекото. Само мора да е секој ден исто време.
Бебето ќе биде малку нервозно затоа штое навикнато на цуцла од шише полесно влече а од града е потешко мора да и му дадеш време да се навикне и многу трпение. Ти посакувам со лесно да поминете и да не се откажуваш.
Никако топла вода, топлата вода ги опушта жлездите и го зголемува течението на млекото и создава повеќе млеко, со рачна пумпа испумпувај по малку колку да ти олесни. И бебето што почесто да цица за да се регулира млекото според потребата на бебето.
Мајки, немам искуство со доење. Уште сум на почеток, некои 10 дена после породување. Веќе втор ден како не ги осеќам да полнат, левата дури и мала ми е, десната малку зголемена...ама не ми се стврднуваат. Пијам и чај и капсули за лактација, пумпа не користам, нон стоп ставам бебе на града...си полни пелени ама чувството ми е како да немам млеко. Ве молам за совет