1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Мајки дали е ова cluster feeding? Бебе до пред некој ден цицаше на 2/3 саато и си заспиваше на града, само го ждригнував и го легнував. Овие денови е како збеснат, после доење бара уште, па менувам града па уште бара и трае со саати ова. А гледам дека влече млеко по вратот како голта.
    Овие прозорци на будност ги пратите? Мене постарите ми велат да е буден дента за да може вечерта да спие, ама бебе е будно и ден и ноќ по неколку саати... Дали е преморен па не може да заспие па бара повеќе доење или блискост?
    Малку имавме гости блиски да се разбереме, и може од тоа да му се поремети сонот...
    Или пак жолтицата поминува па станува поактивен...
    Инаку полни какани и мочани пелени, едно 6/7 на ден. После скоро секое цицање си кскс по малце.
    Не знам дали ако му дадат пробиотик ќе помогне нешто.
    Дали ако му пробам да му вметнам ноќна рутина секој ден ќе спие подобро вечерта? Он ко се буди за цице после немс спиење....
    Ќе го носиме на педијатар за некој ден секако.
    Секој совет е добредојден.
    Бебето е 12 дена.
     
  2. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Чико рачната ти е исто добра пумпа за привремено
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Сепак сте за пумпа да земам, отколку да дадам дохрана. Фала ви!
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.324
    Допаѓања:
    8.170
    Пол:
    Женски
    Како бе да е будно денски за да спие ноќе 12дневно бебе?? Што е ова оформен човек па ако се преспие дента ноќта ќе дежура(facepalm)(facepalm)(facepalm) на таа возраст макс до 1ч може да издржи будно за да не се премори и да плаче а да не може да заспие. Бебе ненспано денски не спие ни ноќе.
    Вака ќе се соочиш со период од денот (17-21 h) да плаче да не можеш ништо да направиш да се смири и заспие.
    Добива повеќе сила по жолтицата бара повеќе, оставај да си цица да напредува. За пробиотик ...нас редовно ни препишаа до 3недели а потоа само по потреба (грчеви) некои викаат пробиотикот е убав нема штета јача имунитет.
     
    На IRBBB, kozuf, annamommy98 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Kako da go odviknam od ad I da bideme samo na majcino?
    15dena e bebeto, rodeno so carski.
    Mleko mi nadojde no problemot e sto od prviot den go prihranuvam zasto nemav mleko. Bebeto cica skoro cel den no navecer bez prihrana ne zaspiva a nemoze da docica od mene zasto imam kolicinski malku mleko. Jas taka mislam. I plus bebeto se izmoruva, nema sila da docica iako podojot trae po saat I nesto. Zadremuva na grada go budam, nejke, go stavam da spie se bude, a lakomo si e. Zal mi e da ne mu dadam voopsto Ad. Navecer koa stanuva za cicanje nema spas. Po celo vreme sme na grada I navecer pak ne e najaden. Soveti?
    I koga kaka se vie se grci, se luti,place, ima vrska ova deka sme na kombinirana?
     
  6. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Можеш да пробаш со пумпа и да се домолзуваш после доење или на секои 2-3 часа за да ти надојде повеќе млеко. Пробај после доење дај му прихрана во случај ако не му е доволно тоа што цицал. Но секогаш ставај го прво на града па после со прихрана, после некое време ќе ти дојде повеќе млеко и ќе го задоволуваш со твоето млеко ќе немаш потреба за прихрана.
    Како што напоменав пумпа може да ти биде од помош
     
    На Evangeliaa22, kozuf, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Знам и јас читав се информираав. Ама бабите тетките како да спие цел ден бла бла. И еве му се поремети сонот...
    Да знам и јас се информирав и за прозорци на будност ама оди објасни им на старите. Ама толку ќе им кажам ако ми го будат да дојдат вечер со него да дежурат. Сабајле од 8 стана цицаше и никако да заспие до 12, и кога заспа само пола саат и пак врескање. Белким ќе му фатам редот и нема да го стимулираме повеќе само да стане да цица, пелена ако треба да се смени и назад на спиење. Ќе пробам навечер да го бањаме у исто слично време, да се надои и назад на спиење.
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.324
    Допаѓања:
    8.170
    Пол:
    Женски
    Ноќна рутина темно тивко нема зборење, денски цицање пелена поиграј 30мин и успиј го. Остај совети од други јас ставив забрана за солење памет, секој за своето дете нека си кажува како треба.
     
    На kozuf, annamommy98, DaisyDream и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Rabota e sto nemam vreme za pumpata
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    19.176
    Пол:
    Женски
    Ти пишав и претходно. Доењето е понуда и побарувачка. Ќе даваш да цица колку сака и кога сака, бебе се дои на барање. Ако не бара, на 12 дена се дои на 2 до 3 часа. Колку ќе седи на града толку, освен хранење од тој контакт има и други бенефити за него. За спиењето немој да слушаш тетки, стринки, баби жити се. Твое дете, твои правила. Никој не смее да ти кажува кога и колку треба да спие твое дете. На таа возраст поголемиот дел од времето го минуваат во спиење. 18-19 часа од 24ч треба да спие, како ќе расте така ќе се намалуваат часовите и бројот на дремки. На година дена ќе спие околу 13ч во едно деноноќие.
    Со доењето ќе имате секакви периоди. Такви кога ќе бара ко под саат, ама и такви кога нон стоп ќе сака да цица. Овозможи му го тоа ако сакаш успешно да се доите во иднина.
    Пробиотик на моето бебе му давам откако е родено до ден денес, за две ипол недели ќе полни 1 година.
     
    На IRBBB, Mihaela123456, DaisyDream и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Psychologist

    Psychologist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Дали некоја од вас можеби има искуство со бела точка на брадавицата? Читав дека е запушен канал. Ми предизвикува болка кога цица бебето (3 месечно и немаме проблем со фат). Ако имате искуство што ви поногнало, треба ли да посетам лекар?
    На таа града имав повеќе млеко и одеднаш се намали, сега морам да му давам и дохрана во меѓувреме. А супер ни одеше до сега....
     
  12. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Normalno e cesto ikanje na novorodence?
    Da nema kakano cel den?
    Isto posle doenje mnogu tesko zdrignuva?
     
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.228
    Допаѓања:
    6.649
    Да, нормално е. Икањето е многу често кај новороденчиња.
    Се толерира да не кака и 7-10 дена ако е на доење само. Додека да му се разработат цревата убаво може да дојде до запек ама без грижи. Моето на доење имаше запек првата недела кога не пуштија од болница и јас бев во паника, прво доено бебе ми е(поголемиот на ад беше од старт) и не знам што не пројадов за преку млекото да му се среди столицата. Ни помогна да јадам варени сливи и смокви и водата кај што се вареле да ја пијам. Вака два пати на ден правев и се среди столицата.
     
    На Carolin., warrior и Bellaa1234 им се допаѓа ова.
  14. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Има некој проблем со тврда столица после пораѓај? Шо може да се напијам? Зедов парафинско масло ама не гледам некоја помош од него. Зедов и чепови амс не сум сигурна дали ми требат и како се користат, с и страв ми е...
    Освен зелка, кромид, леќа шо друго не смеам да јадам? Некои викат цитрусни овошја а во болница ми кажаа витамин ц да пијам...
     
  15. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    No bebeto dosega redovno si kakase
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    18.257
    Стави си чепче ќе се олесниш. Внимавај со цитрусните не смее многу при доење. Пиј течности и јогурт
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    4.468
    Пол:
    Женски
    Suvi slivi vari i jadi gi sabajle (po 3-4) na gladno i pij ja vodata (kako kompot). Parafin ke dade efekt ama samo od ednas tesko.
    "Најдобро е да се зема 1 лажица пред спиење, 2-3 дена. Дејството започнува по 6 до 8 часа."
    Eve ova od Zegin prevzemeno
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.324
    Допаѓања:
    8.170
    Пол:
    Женски
    Ај прво пробај 1лажица маслиново и исцеди лимон 2 лажици или пола лимон измешај и испиј го мене тоа ептен ми помага, можеш и неколку денови навечер пред спиење да испиеш и утрото ќе се регулира
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    394
    Веројатно е блистер и запушен канал. Болно многу, ама решението е да го пукнеш да истече згрутченото млеко (тоа е белото под кожата). Така ќе протече млекото и ќе се отпуши каналот. Само никако со игла, нокти, да не се инфицира.
    Мене ми помогна масло на вата да држам после подој некое време, па топол туш да омекне кожата, па триење со физиолошки и газа. Боли премногу ама мора, инаку е опасно може и мастит да се добие. Ова се совети што ги добив од консултант за доење.
    Ако не можеш да го пукнеш пробај со лецитин капсули, викаат дека помагале ама не пробав јас. Ако се уште не е подобро јас на твое место би се обратила кај консултант за доење.
     
    На Psychologist му/ѝ се допаѓа ова.
  20. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки

    Јас сум 29та недела и почнав да читам за доење и се што е поврзано со доењето. Планирам и некој курс да посетувам од нареден месец за да се бидам колку-толку подготвена за се' што следи. Ме мачи мислата дека мајка ми вели дека немала млеко, со мене и со сестра ми. Знам дека друго време било пред 30 год, можеби немала доволно инфо, едукација, подршка, упорност пумпи и сл. за да дои. Дали некој има такво искуство, да во семејството нема историја на доење а вие сепак да имате млеко и успешна доенечка приказна? :)