Здраво, би сакала да споредат искуство мајките кои доеле и им се случил напад на жолчка и имале камења во бубрезите. Бебето мице 7 недели и вчера добив напад на жолчка и сум во болница. Тука се одмолзувам за да не се случи прекин на лактацијата но дома кога ќе си одам како да пазам на исхраната за жолчката кога тоа птомтреба да се јаде за повеќе млеко е лошо за жолчката? Исто дали за камчињата во бубрезите може да пијам чај од брусница бидејќи сакам да продолжам да дојам кога ќе се вратам од болница дома
Јас сум израсната на адаптирано млеко, што на времето го препишувале на рецепт, бидејќи, наводно, мајка ми немала млеко, т.е. и рекле дека млекото и е "слабо", чиста глупост, а вушност не и пружиле никаква поддршка ниту пак имала некоја едукација во врска со доење. Од друга страна, јас уште во бременоста гледав видеа, слушав работилници на тема доење и добивав совети од пријателки, пиев Лактамикс чај, Лактил таблети за поттикнување на лактација, ставав бебе на града... Еве не сега, синко има 19 месеци и уште цица
Мајки, знам дека треба време да се воспостави лактација, ама еве не веќе скоро месец дена е бебе, си цица, не е на дохрана, на мерење напредува...ама АМА на пумпа ни капка не вадам?!?!? На стискање капки само? Тоа значи дека немам доволна количина или ќе надојде со тек на време повеќе?
Може пупмата да не ти одговара. Јас имав медела електрична и не паѓаше капка, бев на лактациски консултант и ми ги мереше брадавиците и ми даде соодветна пумпа и нормално сега можам да извадам повеќе.
Мајка ми баш пред да се породам ми кажуваше дека имале советувалиште пред породување но праксата дома со бебе била пиење боза секој ден по литар и млеко колку за еден подој во предвечерието. И јас и сестра ми сме доени до 2 месеци. Сестра ми исто го доеше внук ми до 2 месеци и покрај лактамикс и слично и иако беше упорна и го доеше секој час едноставно немаше доволно млеко и бебето беше гладно. Нормално и јас очекував дека ист случај ќе е со мене но еве бебе утре прави 3 месеци, се роди со царски, имав уште следниот ден млеко и само на доење е, си напредува а јас се случува да измолзам и по 120 мл. Со лесно
Мајки дали ако земам сега од таблетите лактил бебе скоро 3м сме на доење ќе има ефект за повеќе млеко?
Мене кога ми се воспостави лактација јас мислев немам млеко земав купив ги пиев 3 дена плус и чај лактамикс пиев, ми се направи грутка на градата. Болеше, 2 дена под туш масирав за да ми се одпушти каналот. Ти кажувам да пазиш случајно да не направиш проблем.
Мајка ми немала млеко ни со брат ми не со мене. Ете ме дојам успешно 10 месеци Мајка ми изгубила млеко зошто имала постпородилна треска и по двата пораѓаја. Само позитивна мисла и ќе успееш верувај.
Еее вакви искуства ми требаат. Мајка ми слабо не доела. Незнам дали тоа време и немало едукации и подршка, пред 30+ години, ама колку имам желба да можам да дојам…. Мислам дека се што ќе чујам , ќе пијам и ќе направам, за да можам да дојам. Ве читам секојдневно на оваа тема и само запишувам совети.
Јас бев упорна многу , а имав потешкотии, немав некоја едукација да бидам искрена. Така што имав читано за време на бременоса, ама да ти кажам не ми помогна многу. Имав среќа нагазив на бабица која ми покажа како да се молзам рачно, зошто со пумпа ништо не вадев, толку ми беа тврди градите. Масажи, топли облоги и си пробијаа каналите. Дете на града, по доење се измолзував само за да олеснам зошто јас имав многу млеко и морав така. Е од кога се воспостави лактција стана многу полесно. Престнав да се измолзувам по подој и ете не со синко си уживаме во таа блискост. Само течност пиење и редовно хранење. И користи момент кога спие бебе и ти да одмориш. Нека биде стан во хаос на почеток, ти е гајле. Граби да одмориш. Тоа ти е совет од мене. А и ако не успееш немој да си правиш притисок од типот јас сум лоша мајка и не знам што. Ти дај се од себе, а друго ќе си налегни како треба.
Далеку дека би се осудувала сама себе ако не успеам, ама ќе дадам се од себе за да успеам. А за хаос и сегс не се потресувам многу, помина тоа време кога секој ден чистев како да е последно.
Мајки кажувајте спас за каналите како да ги пуштам на едната града, камен е направена, немам на неа извадена брадавица и бебе ја неќе, на пумпа молзам, излегува ама не омекнува се уште. Хелп
Масажи со кружни движења под туш со топла вода. Прво извлечи ја малку со пумпа па понуди ја на бебе. Но немој кога е прегладнето и вознемирено,гледај да е смирено.
Мајка ми и со мене и со сестра ми немала млеко, еве веќе 6 ти месец се доиме успешно од почетокот е малку тешко да ама биди упорна, уште кога ми го донесоа бебе во болница го стaвив на града да влече и од првиот ден ми надојде млеко, и да не слушај баби и тетки јас имав многу коментари од типот немаш доволно млеко пааа не ти е квалитетно млекото ( нема квалитетно и не квалитетно млеко )па не ти знам што во еден момент бев и готова да се откажам ама за среќа имав голема подршка од мм…на тик ток имаш профил dojenje sa anom, има многу корисни совети…Поздрав и со среќа
Да, можеш и така. И најдобро е ако може бебе да цица ( како што кажа @Sofi.ja бебе да не е прегладнето), па после подој да се доизмолзиш рачно, ама да има кој да ти покаже како. Мене на болница ми покажаа.
Ти препорачувам да слушаш некој курс за доење од сега да си спремна, првите денови по пораѓај се клучни. Види на инста zdravobebemk, doenje_so_ljubov, mamma.mk.prenatal.education. Тие 3 ги знам кај нас, ако има други подобри надополнете. А мислам дека нема врска искуството на мајка ти, повеќе е до тоа што правиш од тоа какви гени имаш. Со среќа и со лесно