@BellaBibi Јас бев породена царски млеко ми надојде после 5 6 дена. Се утепав од плачење дека немам млеко.Бебе во болница на града не бе вришти за јадење дома првите два дена исто ( му давав аптамил дома два пати по 30мл) , се молзев со рачна па земав електрична, пиев чај сок од јаболко, ледени чаеви. Ме фати и треска навечер и што уште не, ама еве сме две недели и си цица. Не се откажувај. Кога плачев во болница еден доктор ми рече "имаш две опции опција А да ти надојде млеко после неколку дена и опција Б во аптека адаптирано. Во двата случаи детето ќе си напредува ич да не се секираш. " Што и да правиш мора да си смирена, а не како мене да се нервираш и плачеш. И да си го слушаш телото и никој друг, ни тетка ни мајка ни баба ни другарка никој. Притисок голем имав јас од сите и можеби затоа толку касно ми дојде. Мојов син е лаком и матичната и во болница ми кажаа. Така да кога има потреба и дохрана му давам и ич не се замарам се дур ми напредува ко што треба Инаку и јас и сопругот сме израснати на адаптирано ама еве синко си цица и малку му е дури
Дали е во ред комбинирано да се исхранува новороденче? Неколку пати мајчино млеко, еднаш/двапати формула. Подоите ни траат по 3 часа и уште сака. За мене е исцрпувачко. Млеко има, ама цица па заспива и накрај кога градата е речиси испразнета не ни трга, иако со прст гледам дека млекото не е секнато. Читав дека ако се меша немало да се апсорбираат сите хранливи состојки правилно.
Ако имаш млеко измолзувај се и давај му го со шишенце после подој. Немаш потреба од ад ако имаш доволно млеко.
Има многу на комбинирано што се. Инаку колку е старо бебето? Ако е малечко дај му шанса да ојача. Ке се скратат временски подоите нема да ти е нон стоп на града. Ако имаш доволно млеко не давај ад тоа ти е мој совет
Направи две недели синко мој, бевме на педијатар, 250 грама има качено и ја има вратено килажата од пораѓај. Докторката не беше нешто најзадоволна од килажата амс мислам на денешно време секое второ дете е со адаптирано и можеби качуваат повеќе на килажа. Посебно шо моево е малце мрзливко и после 10ина мин затвара очи и цица со затворени очи и не ја пушта градата. Од вчера го фатија грчеви, потклекнав дадов чај за грчеви 30мл, му ставив термофорче, го држев и заспа некако. Ни дадоа пробиотик. Е сега не прашав докторката пробиотикот кор време да му го давам а кое време витамините д3 к1? Ми рекоа на вечер веќе да не го будам, сврза едно 4 саати сон, мене на креветот ми истече млеко ама ако. Е сега од 8 и пол цицаше кај 10 заспа и сега го чекам да се разбуди. Ако не да го будам нели на 2 саати? По 20-25 мин цица од града. После на следното го префрлам на другата.
Една недела е. Не знам да се молзам, само со рака малку стискам и излегуваат капки, ама можеби тоа се последните и затоа сака уште..
Многу е мала. Биди на доење до контрола за да се види како напредува само од доење. И затоа што е мала ти заспива на града. Малку штипкај, поткубни за косичка да ја будиш. Издржи, ќе потпорасни временски помалку ќе цица.
Се мачиме да фати града, не сака зошто се потечени и тврди ја сака помалку тврдата. Мајчино млеко во шишето од пумпата за молзење колку време и каде да го чувам?
Мене матичната ми рече пола саат на собна температура кога ја прашав а другаркиве сите по 4 саати на собна и 24 во фрижидер го чуваат.
Сега е секој ден експеримент, многу ми помагаат вашите совети фала на сите.. Почнаа повеќе да се празнат, ставам шише топла вода и преѓе измолзив за повеќе од подој што и е и си испи и на града поцица ама малку. Ме плаши само еден дел од градата што е тврд , мисла ми е да се пушти и тој.
Со масажи под топол туш ке се пуштат. Кога и да осетиш тешка или тврда града одмолзи се да ти олесни малку.
Мене ми беа така тврди. Масирање кај што осеќаш грутка и туркај накај брадавица. Можеш под топол туш тоа да го правиш. На почеток бара огромна жртва ама поминува и после е уживање
Така и правам масажа со масло пуштаат по малку, цица со силиконски брадавици тоа е важно штом таа почна ќе оди полесно си велам @Bannana @Carolin. фала многу за секој совет
Мајки многу ми е тешко. Синко денес точно три недели. Се роди помал- 2800, со цицање од силиконска и подврзано јазиче, мое молзено и аптамил прематур (ни го дадоа ради помалата килажа) стасавме до 3,40. Од вчера штрајкува и не сака многу на града, тоа е плачење корнење. Инаку првите две недели беше заспан, не се будеше сам, не се бунеше, ама последнава недела ко друго бебе да имам. Ни кажаа дека му треба сила за да влече (требал да накрене), ама како накрена он нејќе толку многу. Стана кенкав, многу повеќе плаче. Деновиве сме закажани за да го средиме френулумот и ќе видам како ќе е… Аптамил пие 60 мл, мое молзено 60/70 мл. Јас кога се молзам вадам точно 70 и некогаш 80 мл. Не знам дали ова е доволно? Инаку кога цица, осеќам дека влече по градата, ми се омекнува одма… Не знам што е решение за ова. Дајте некој совет. Мислам е подобро да цица 10 мин од града него ли да му дадам одма шише со мое измолзено- зборам кога плаче. Иначе само од калма пие. Деновиве ќе се видам и со консултант за доење
Сакав да ве прашам што јадете? Бебуш е 3 недели. Сите различно ми велат. Едниот педијатар ми рече да не јадам ништо од овошје, зеленчук (имало целулоза), по проста исхрана: месо, јајца, млечни производи, МАКАРОНИ… Другиот педијатар ми рече да не се грижам толку многу, а пак консултантката за доење и сите блиски што ми се породени годиниве ми велат да си јадам сѐ
Мајка да не сте во прв скок? Јас само не јадам жив кромид лук, праз никако, кисела зелка,грав леќа не, Грашок сварен или пржен кромид не му смета. Цеден портокал одбегнував еве пред некој ден пробав баш скоро 3мес не му направи мака. Наутро јадам чиа, овесна каша со јатки,овошје шумско, путер кикирики итн. Ќе видиш пробај нешто и ако појави грчеви исклучувај. Јас така први недели ништо живо не јадев па додавав полека и тебе ти треба сила
Како да знам? Не знам која апликација да ја симнам, имам само baby+ на филипс и таму запишувам за јадење и пелени…