Јас на пр. се хранам нормално, зелка и грав посекако не јадам тоа пазам, ама друго сѐ најнормално и искрена да бидам не сум забележала да има грчеви од нешто посебно… највеќе приметував од аптамилот дека знае да му е тешко некогаш
Види овде имаш и слика кога се скоковите за да не плаќаш апп https://www.instagram.com/p/CHYaPN3rgiA/?igsh=MThqaWRtZXVqdGlxZA== Да формулата е потешка плус шише, еве моето некогаш надвор пие молзено млеко од шише па после 2 дена мака мачиме со грчеви
И јас на почетокот му давав комбинирано исто со Аптамил. Потешко понекогаш знае да му биде точно, но се молзев му давав молзено па на крај му давав формула во случај да му е малку. Исто пробував на силиконска фаќаше првата недела, после тоа ми вриштеше на града нејкеше да повлече и уште е иста приказна. Затоа почнав да му давам молзено во шише+ прихрана. спас единствен за на града кога е спокоен, не многу гладен и не откако е станат од спиење туку да е буден па ако сакам да го успијам знае да поцица со силиконска 5-10 мин ( пола цица пола игра со неа, ја џвака, ја плука, се смее..), и на крај му давам шишенце измолзено. Обидувај се на различни начини, може му е 1 скок, но само трпение и ќе видиш по самото бебе што сака, јас се нервирав многу на почетокот но џабе ако бебе не сака и не сака. Но најдовме решение. ако се молзиш молзи се почесто на саат или два така ќе го зголемуваш и млекото
Може е глупаво прашање. Имам пумпа на КикаБу, по насока на педијатар и конс. за доење се молзам кога му давам дохрана (4/5 пати во денот). Моето прашање е дали ја стерилизираш пумпата пред секое користење? Неизводливо е на секои 2 саати да ја стерилизирам…
Не, само ја поминувам со жешка вода навечер откако ќе се измолзам. Не е изводливо да ја стерилизирам навечер зошто додека јаде, па додека се измолзам па да ја стерилизирам нема цела вечер да спијам Помини ја со жешка вода за да нема млеко останато а сабајле кога ќе бидете веќе разбудени исчисти ја убаво
Има и на медела такви кесички ако сакаш да земеш од аптека, за во микро стерилизирање и за во фрижидер да ги чуваш @Evangeliaa22
Medela preporaka e posle sekoja upotreba so sjaj da se ispere i topla voda (ili vo masina za sadovi) , a ednas dnevno sterilizacija.
Иако мајка сум подолго, доењето ми е ново, па така со цели 6 дена доење да кажам за тие со проблематични канали вака: Прслук никако или не стегнати градите барем 2 броеви поголем. Масажа со сапун и топла вода под туш, масажа со крем или масло да се разбива грутка по грутка. Зелка спас за инфламација, цели листови згмечени да почни да испушта од сокот се редат на гради и врзување со што и да е јас со марама.Оток спласна, жештина нема. Вака за два дена ги пуштив јас.
Имам некои нејаснотии околу конзумирање на кромид. Дали смее да се јаде? Некаде прочитав дека помага за повеќе млеко и да се јаде во што поголеми количини. Погоре членки пишале да не се јаде. Не знам што е исправно. Јас се воздржувам да не јадам за секој случај а иначе обожавам кромид.
И јас истото се прашувам откако прочитав дека јадат кромид за повеќе млеко. Претходно на сите предавања што ги слушав беше кажано дека кромид, зелени салати и слично предизвикуваат грчеви и да се внимава. Искрено дури и јас некогаш имам мака со желудникот од кромид иако сакам да го јадам, така да не верувам дека ќе ризикувам.
Не значи дека акп на моето дете му правело грчеви кромид,зелка,грав,леќа, лук или било која храна ке му прави и на вашето. Треба да се проба, јас само грав,леќа и зелка манџа не јадев до кај 5ипол 6 месеци. Сега и тоа јадам бебе нема проблем имаше грчеви ама до кај 3 месец се средија. Золва ми ништо не јадеше па внуката душа веќе немаа од цели ноќи пиштење. Пробајте и ке видите што смета и исклучете од исхрана. Јас имав приметено дека а конзумирам млеко, јогурт бебе повраќа и тоа исклучив до кај 6 месеци, а имав навика чаша млеко/јогурт да испијам пред спиење. Сега пијам ама и он си е поголем.
Девојки, утринава кога ми беа полни градите забележав како топче на градата, во делот малку над брадавицата. Буквално како тврда нерамнина е. Мислев дека е од тоа што ми се полни градите ама еве и после цел ден доење исто е. На допир е тврдо, не шета лево десно како статично топче е. Закажав итно ехо утре ама немирна сум, не знам дали е жлезда и што е. Некоја со слично искуство да имала нешто вакво?
Здраво другарка ми има проблем. Бебушот и е 2месеци и 20дена од прилика и денес цел ден нејќе да фати цицка. Проба и со силиконски,и да е гладна,да ја залаже од шише на цицка нејќе никако. Како да прави? Ја доеше до сега и ако имаше потреба да излезе или дур се надвор се молзеше и и даваше од шише. Како да прави за да си продужи да цица малото? Пс на крај пошто скоро цел ден гладно ја нарани со шише(молзено)
Мамички тие шо сте со генетски мутации и пиевте метилирана фолна и метилиран б12 во текот на бременоста дали продолживте да ги пиете и после пораѓај додека доите?
Ако не се лажам тој период е трет скок. Моето нејќеше да цица во тој скок вриштеше кога ќе го ставев на града. Мора да биде упорна и да не се откажува. Ноќните подои беа кај нас спасот. И кога е во полусон. Нека проба така. Ќе се врати во нормала мора да издржи и биде упорна.
После природно породување, После колку време ви надојде млеко ? Втор ден помина денес уште немам , се мачиме некако со бебе стимулираме ама уште нема