Кај мене на трет ден со двата пораѓаи. Природно породена. Ставај бебе на града колку што можеш почесто,а можеш и со пумпа да стимулираш. Пиј течности,чаеви за доилки и храни се здраво. Без нервози ќе надојде млеко.
@KikiKviki И друго што се сетив, нека го фати кај ушињата ако има реакција да закенка или штрецне, може има мака со нив нешто. Моето исто не цицаше кога му беа воспалени ушињата. Подобро да провери и исклучи таа неубава опција.
Дали правевте масажа и како? Ја ставам колку што можам , уште сме во болница , кога ја донесат гладна фаќа кога е најдена не
Некоја препорака за кремче за брадавици?Може и на природна база или купено да помага за смирување. Суви ги чувам цело време,ми се чини затоа се добри за сега,рано е
Бремена си или породена? Ланолин земи си за брадавици, да не ти се суви, мрсен е ланолинот. На Сенсилис пример, или на Фрезидерм.
Мајки помагајте… на бебуш вчера му го средивме френулумот (подврзаното јазиче), ама од тогаш како да не знае да цица и не може да фати града, се нервира и плаче. Што би можела да направам? Не сакам да се измолзувам на секое, треба да цица
Ланолин од ДМ, многу ефтин а ептен убав. Пред него користев од Лансинох, ништо посебно а 1000+ денари е.
Тој на babylove ли? Мене ме буни пишува не треба миење ама не бива непосредно пред доење да се нанеси.
Не се нанесува пред доење,туку после доење. Прво измиј ги брадавиците со млака вода,истапкај со пешкир па нанеси.