Сега веќе не користсам ама никогаш не ставав непосредно пред доење. Логички е. После доење миев, луфтирав и мачкав па бебето си цицаше за некое време откако ќе се упие.
Месец дена на доење само. Преку ден се сврзува и 3+ часа. Навечер до сабајлето нема шанси да се заспие. Ќе цицне ќе се успие и да го ставам во креветче одма ококорени очи. Па ајде плачки, и така цела ноќ. Знам дека е рано за воспоставување ред во спиење, ама ќе стане ли полесно?
Ред прави одма, не знае ама ќе свати. Штом дење спие повеќе а ноќе не, не знае за ден и ноќ односно измешани му се. Направетр некоја рутина пред спиење и секогаш во исто време и исто да течат работите. Преку ден нека спие во галама и на светлина, а навечер да е затемнето. Ке научи само биди упорна.
И уште нешто ме интересира...денес прв пат се измолзев, не можев повеќе од 30мл од двете гради да извадам. Дали е тоа нормално или е премала количина за бебе што цица месец дена? Инаку се измолзувам затоа што за некој ден ќе ме нема дома 4часа. Да не му даваат дохрана
Прво, сум заборавила да ти честитам, честитки со закаснување за бебуш, да биде живо и здраво и уште малку па ќе си играат со баткото Инаку не само што ќе стане полесно туку ќе те спасува и во тодлерските денови кога растат заби и кога се крева температура. Исто беше кај нас со спиењето, напредуваше океј. Кога почна да јаде цврста храна напредуваше и поубаво иако неколку лажички јадеше, ама бидејќи не бљуцкаше млеко кога имаше цврста храна во меше. Мој совет е кога ќе потпорасне да речеме 6-7 месеци да скратиш малку по малку ноќни подои и супер ќе биде и за двајцата.
Здраво имам бебе 3 недели до сега одма си фаќаше и си цицаше,последниве два дена едвај фаќа,почнува да цица и по некое време се трга од градата и многу плаче,ве молам за совет ако некој има вакво искуство
Во принцип повеќе цицаат од тоа што се вади на пумпа, јас сама гледам убаво испразнети некогаш бара дохрана некогаш си заспива, мало од 1недела цицаше ама немав пробиени канали па и доправав 30мл. Чувај поголеми интервали будно дење
Мајки имала некој проблем со малце повеќе производство на млеко? Мислам бебето не се трга од градата мало е не разбира дали е полн или не, ама некогаш градата ко ќе ја извадсм шприца млеко и се дави како си мислеш.. Може ли од тоа да има грчеви? Пробувам да го ждригнам преку денот ама не ждригнува секогаш. А преку вечер заспива цицајќи и го легнувам. Читав за foremilk, демек да се измолзам пред да го дојам малце за првото млеко да не го пие кога ми се врркнати градите? Или лежејќи да го дојам за да не доаѓа премногу брзо млеко?
majki kako doevte koga im niknuvaat zabcinja? nie imame 9meseci,i dolni 2 zaba so koi mislam deka ke mi ja otkine bradavicata...mnogu boli ona ima 3 obroka ama navecer uste si cica
Ќе стане полесно. Исти бевме првите 40 дена се будеше на секој саат ќе цицне ќе се расони и хаос цела ноќ претешко презаспивање. Вториов месец сама си фати ред во текот на ноќта станува за цицање два пати. Е проблемот е што не ми заспива многу рано кај 11-12 ама пак сабајле до кај 9-10 знае да спие. Кај мене функционира тоа што пред да и дојде саатот за спиење повеќе ја држам будна. Ако прозор за будност треба да и е 60-90мин јас ја држам повеќе од два саати будна. Верувам дека ќе успеам понатака да фатиме ред и порано да заспива.
Моето е 10 и пол месеци уште малку. Почна да ме гризе и мене за брадавицата. И тоа само на едната града. На другата тоа не го прави. Дали ќе излезат горе конечно забите ќе видиме. Инаку да многу боли и ми е страв дека нема да издржам така да ми прави. Преѓе му го затнав носот за да ме пушти, до тој степен ме имаше зграбено.
Podobro togas nego mojov vo 5 zaspiva, i sabajle vo 5 e kukurek, so petlite stanuvam Inace i mojov ima podolgi wake windows. Eve na 3m sega po 2 5h tera buden. Nokje na kolku vreme vi cicaat? Mojov na 2-3h, inace 3m e. Porano poretko se budese, sega imam vpecatok nokje poveke deka cica od denje
Ете го исто и моево ноќе смени врзуваше 6 7ч па по 4 е сега заспива сеуште во 7.30 ама се буди во 11 па 1 па 3 и веќе во 5 е скроз буден гуга. Ако не легнам со него од старт следниот ден сум мртва а каде е чистење готвење сама да се средам, мм да го видам макс издржува 1.5ч буден денски ама спие кратко и фактички додека легне во 19.30 он е спиен само 9ч од 12 претходната вечер Си викам само нека не смени ноќе,станува цица заспива одма сам, ако почне да е свесен буден и да бара да го нишкам во четвртиот скок кај ќе ми е крајот P.s. денски го дојам на 1.5ч и педијатарот денес ми кажа така да продолжам да не почне да слабее
Против болки може да се пие кетонал, аналгин...за време на доење. Поделени се овие мислења и помеѓу доктори?
Мене ми е нејасно зошто тогаш во болница го боцкаат пост царски за болки...? Или различно делува во инфузија или лек?
Појма немам ама мајка ми како фармацевт ми рече аналгин ниту во бременост ниту дур се дои.... Да не е причината што кај царски покасно наидува млеко можеби. Стварно не знам да ти кажам зошто даваат
Stom fakja grada doj go pocesto. Ovoj gadni faci praj denje, sansa nema. I jas se nadevam bar nokje neka ostane da spie so 4tiov skok, za denje ne se bunam ke go drzam cel den vo race ako treba. Mene priroden poragjaj, ketonal me bocnaa vecerta posle poragjaj. Isto i za Ergotyl kapki i injekcii za krvarenje vo upatstvo pisuva doilki-ne, a sekoja edna porodena e bocnata so ova vo bolnica. Ako ima opcija paracetamol mi e pobezbedno za mirna sovest.