Мајки ај еден совет ако сакате. Првото ми беше на адаптирано па затоа не знам како е најпаметно за со второво кое е на доење а почнувам да му вментнувам и по некоја кашичка. Има 6 ипол месеци и веќе една недела му давам по една кашичка на ден, е сега тоа доење што го прескокнувам да се измолзувам или не? Детето гледам дека е постојано гладно и сака и втора каша ама па што во тој период кога не дојам? На пумпа вадам ептен малку, каде каде помалку од првите месеци. Се молзам со бежични пумпи, паралелно на двете гради по пола саат едвај 50мл, нема ни толку некогаш Што правите вие кога прескокнувате доење? Искрено се плашам да не си закачам мастит а докторката еднаш вака, еднаш така ми вика и последниот пат ми вика како мислиш, така, ти најдобро си знаеш...
Зависи и за каква болка збориме. Јас си патам од болка во грбот сега, ниту парацетамол ниту бруфен ми помагаат. Кога баш не можам да издржам пијам диклофен кој е безбеден за доили.
Јас не се измолзувам. Фала богу не сум имала мака, а веќе имаме три оброка и подоите се доста намалени. Пробај ако ти се стврднуваст гради измолзувај ама само да ти олесни. Не до крај.
Исто кетонал ми даваат затоа прашав, и дозвола за аналгин и парацетамол за дома ако имам болки. (Природен порагај)
Ако сакаш да го доиш и понатаму, После кашичката нека цица. А и оброк да му воведеш мислам дека е мало. Пробувајте вкусови по малку
Најдобро е после оброкот да го понудиш да цица, ќе се дојаде така доколку е гладно. Постепено ќе ја зголемуваш грамажата во оброкот, па се помалце ќе му треба после подој. Не ги молзи градите, треба да се адаптираат дека тој период (за доручек или ручек) да не произведуваат млеко, и постепено тоа само се регулира. Ако се многу тврди ќе одмолзиш само за да олесниш, не цела града. Некои бебиња цицаат уште после оброк првите месеци кога ќе почнат со дохрана некои не, тоа е многу индивидуално и најдобро да си го пратиш бебето. Му треба време за да сфати дека храната е нов оброк а не млекцето
Здраво мајки, ми треба совет. Бебуш денес има 27 дена. Имавме проблем со френулум што минатата недела го средивме и веќе самото цицање се подобри- спознава како треба да се користи јазичето и сл. се роди помал- 2800 и почнавме со аптамил прематур (ради помалата килажа) со 8 пати на ден, па 4/5 пати на ден и еве, од пред некој ден откако накачи по 50 гр на ден и стаса до 3400, ни намалија ад само два пати во ден. Моето прашање е околу времетраењето на подоите. Некои денови цица по саат време, а еве денес 10 мин, па заспива и така цело сабајле. Како да знам дека доењето е ефективно и навистина дека јаде? Приметувам по градите, кога се полни имам како камења и после цицањето се омекнуваат скроз- само тоа ми е некоја ориентација… Знам дека му треба сила и да накрене и да е цицањето подобро, ама секој совет е добредојден. Кога молзам, излегува 70/80 мл рамно ко компјутер, 40 од левата а од дедната помалку. Мислам е доволно? (Се грижам дали имам доволно млеко).
Имаш млеко по муабетов. Ама можеш да го вагаш бебето пред подој и по подој и само така ќе знаеш колку испило. Јас немам практикувано ама многу членки овде да. Јас си се водев по тоа детето како голта и по градите. Верувај му повеќе на својот инстинкт. Инаку времетраењето на подоите ќе се намалкува како ојачува бебето. Моето цицаше 20-30 мин на почеток сега 5 мин и двете гради празни
Ќе приметиш разлика буквално за една недела во цицањето. Јас како тебе бев и милион прашања си имав, и нормално решив да си го следам бебето. Иако до контролата која ни е утре требаше да давам 2 шишиња адаптирано, јас пред 3 недели прекинав да давам и само на доење сме. Некогаш еден саат мислам дека цица, некогаш 5 минути. Ја мерам дома и супер си напредува. Бебето ми е старо 2 месеци.
Знам дека дел е индивидуално ама може да ми пратите листа на намирниците кои не смее да се јадат или ваше искуство, на нет има се и сешто. Да знам на што да внимавам.
Највеќе внимавај на грав, зелка, леќа, кромид, лук, колку кафе внесуваш, марула… се останато ќе видиш според бебето може ништо да не му смета може одредена храна ќе му смета.. јас во принцип сум со варени јајца, печен компир или пржен, стек скоро секој ден, тестенини, супи…
Што правите со разранети брадавици ? Мачкам ланолин на Медела но ми тече дури крв од едната , не смејам да дојам вака..
Ме мачеа рагади 3 месеци. Мачкав ланолин на Леа но не помагаше. Сменив на Медела и ми поминаа за 1 недела. Сега дали е до ланолинот, или едноставно им дојде време да поминат незнам
Јас со првото дете видов мака, од едната парче ми фалеше, крв течеше исто, баш тогаш ми беше патронажната во посета, ми рече нема гајле, некогаш можиш и да не видиш а бебето да исцицало и крв, ако поврати да не се уплашиш. Инаку ланолин користев на лансинох, од д3 капките мачкав, имав слушнато. Едната заздрави побрзо, а другата града отприлика 2 недели ја измолзував, не можев да издржам од болка. Па после тие 2 недели си продолживме со доење дирек на града.
Дали ви се случило бебето да сака повеќе од едната града да цица наместо од двете исто? Кога ја ставам на левата ми се буни, ржи, се трга.. не знам која е причината. А време беше за подој, не дека не беше гладна. Има ли некоја тактика за да не се нервира кога треба од таа града да цица?
Да. Кај мене најпрвин ја сакаше левата, сега само десната. Многу многу ретко остана да ја нудам левата, само во сон можеби. Пробај да го држиш како “фудбалска топка“, да не го вртиш него туку само да го повлечеш кон градата што не ја сака. Не знам колкаво ти е бебенцето, ама јас ова го практикував кога беше отприлика 3 месеци, 4 можда. Спојлер: Десна слика
Втор пат за 2 недели блистер, ќе си пукнам. Боли кине. Го дупнувам, го цедам, ама како пак да не се прави? Пропуштам ли нешто? Нешто ми останало на мисла дека треба да ставам маслиново масло на тупферче, да стои и да го трлам нешто со фротирка...
Да, и на крај завршивме цицање со една града (таа снема млеко, се поретко и помалку цицаше). Сега и второто ми се буни, пупќите не ми се исто извлечени (купив силиконска, пљ ќе видиме)
Првото дете си цицаше од двете страни без проблем, не сетив да има омилена града. Второво, имам пишано и др пат, да ми беше прво дете јас ќе си мислев доењето е тешка работа Левата не ја сакаше ич, одма од почеток, пробвав со фудбал позата, си реков готово супер решен проблем, по некој ден ни така не сакаше, ама јас бев поупорна од нејзе, па еве 6 мес е, си цица од двете страни, само еден оброк има веќе. Се имам одмолзено сега од ко почна со дохрана, од десна измолзив 120тина, лева 90мл. Дали имав од почеток така па тоа ја нервираше, или со нејзината одбивност тоа беше резултатот, нззз. пробвај секако, инаку има случаеви кај што се одбиле од едната, па доеле само од другата града.