Majki eve imam drugarka sto momentalno go doi bebeto pa ja interesira dali smee da jade med za vreme na doenje
Прв неуспешен обид синоќа за одбивање, пропадна, втор денес со сенф, пропадна, бебо си го излижа сенфот ко мед да му дадов. Чаре?
Јок, со кармин се намачкав, еден лилаков, отиде марамица зема да ме брише. Како ќе се одбива детево не знам...
Леле ко мајка ми да ја читам со брат ми. Жената едвај го одби, се проба и на крај со бибер и вегета си ги намачка, ваљда го излуте и не проба веќе. Брат ми има цицано до 2ипол години. Одеше и цицка бараше.
Мајки, што ви помага за да ви надојде повеќе млеко? Пијам литро лактамукс, апчиња пијам и грчко семе во капсула. Освен овес, друго што ви помага?
Пред сè многу вода. Леден чај, сок од јаболко, хип чај за доилки. Сум читала дека боза многу помага, јас не сум пиела тоа.
Така ќе биде и ова изгледа. Вчера со кафе не успеа, денес со грозозо ќе пробам, а крајно е бибер или слатко чили. Ќе пукнам од нервоза. Ме болат страшно брадавиците, денес пак ќе купувам Ланолин.
Јас зедов едни пастили од зегин за бремени жени. Матичната ми кажа можам било какви пастили немало ништо во нив.
Измешај 1 лажица мед со 1 лажица сусамов таан и јади колку можеш во текот на денот и чај за доилки од хип. Мене од оваа комбинација ми надојде млекото за 3-4 дена откако дојдов дома после царски пораѓај.
Мене и кога ми дојде млекото продолжив уште неколку дена додека ми надојде повеќе и беба почесто на града. После сама не сакаше адаптирано.
Мајки, голем поздрав и убава недела да имате. Сакав да слушнам ваши искуства за преминување од силиконска на доење на града? Синко се роди помал, ај што се роди помал, туку имаше и целосен френулум (потфатено јазиче) кое го средивме пред недела и пол. Почна да го спознава јазичето и општо да бара повеќе за јадење ( се разбуди што се вели). Е сега, уште не можам да ги оставам силиконскиве, уште му е тешко да фати, иако со консултанткава за доење фати неколку пати и за две мин исцица 40 мл (го меревме). Млеко имам, ама дека се роди мал дававме прематур дохрана со доење, сега сме само на два пати дохрана. За помалку од месец качи 800 и нешто гр- 2700 излеговме од болница. Дајте некој совет? Секое искуство би ми значело, сакам да ги тргнам силиконскиве, ама не е трпелив одма плаче и не можам да начекам стално „убав” момент. Најголем страв ми беше на толку дохрана да не нејќе да цица, ама издржавме така еве веќе месец. Ама што цицање е на силиконска? Можеме само во топка позиција
Штом фаќал со консултантката, тогаш не го местиш убаво. Мој совет тргај го и враќај сè додека не го осетиш вакумот убаво. Мене ми беше 100пати полесно без силиконска. И моево е нервозен цицач еве и на 3м ноќе во темно дека го дојам не ја гледа и ја утиња па почнува ми ржи и мава со нозе додека не го наместам јас. Памтам првиот ден кога ми го донесоа ич не можевме да се наместиме и да фати па следниот ден по 10пати го тргав враќав од града и така убаво ја стуснував и штом отвори муце ја ставав градата длабоко за да фати. Сега поголем па ми се тегне се трга плитко си се влече наназад со глава сака да набљудува додека цица, ама мислам дека кај вас е тоа проблемот местењето без силиконска. Или прво пробајте легнати на спална ти над него за да фати убаво.
Пробај кога не е многу гладен за да фати, за да не биде нервозен совет од лактациски консултант ми беше ова. Јас се зезнав со силиконски, ама ги тргнавме за еден ден буквално.
Јас да, на џејмисон земав цинк, магнезиум и калциум во една таблета и плус пијам витамин ц и витамин д. Гинекологот ми кажа после пораѓај ова да пијам