Супер штом успевате. Можеш да пробаш и прво да доиш со силиконска малку да се засити, па да продолжиш на града
Така правам, а ако е гладен со дохрана прво почнувам па му ја бутам. Тешко е искрено. Имам големи пупки, ама премеки ми се градите и му бегаат
Јас имам иста мака, немам доено никако без да држам града, дури и кога лежам, строго со држење града. Сега дека е голем ако ме види дека не ја држам раката ми ја зима си ја става на града сам
Моево бебе (3м) си ја фаќа сам пресмешно е не дека разбира ама божем ќе му избега па се бориме за јас да му наместам
Чекај да пркне па да видиш кој ке си лапа на празно мислеќи дека ке ја фати ама за 1мм ке не може и така ке те истегне ко до Охрид да ја носи Сега знае дека ке цица и чека со отворена уста, мили секунда ако закаснам тегне со рацете одма
Се откажав од идеата да го одбијам. Ќе одам по ланолин сега, пошто не се трпи веќе вака, ме болат многу брадавиците. Нека цица, тоа е.
Прво бебе на града, после дохрана. Ќе се мачи ама ако. Нека стои така, да се труди да извлече млеко Можеби ќе трае подолго ама поарно така ако сакате да успеете со доењето. Ако не плачи, нормално.. Едит. Сега прочитав и дека ти требаат насоки за повеќе млеко. Овесни наутро(јас ставам и путер од јатки и рендано јаболко внатре), сок од јаболко, леден чај, мноогу вода, лактамикс чај два пати на ден. Тоа е .. Вчера пред спиење испив 2 чаши вода и кога се разбуди по некој саат за цицање утоп ми беше пижамата, се пресоблекував.
Имам имам млеко, пијам сѐ што треба ама ме интересираше вака во тек на денот за да ми дојде повеќе ако се молзам или сл…
Да, маслиновото да стои на памукче некое време за да омекне кожата и после триеш со фротирка или газа за да пукне блистерот. А превентивно за да не се ппјавува пак, пилинг некој поситен прави си често. Ако се упорни, лецитин треба да помогне да се разреди млекото и да не се затнува
Дали со доењето се здебелувате или ослабувате? Уште малку и еден месец ќе наполни бебето, 2 кг плус сум откако сме вратени од болница, а 8 кг плус од пред да сум трудна. Јадам многу затоа што немам доволно млеко, отприлика пола е на мајчино, пола дохрана.
Количина на храна нема да направи повеќе млеко, квалитет на храна ќе направи. Овес, јатки, чисто месо немасно, ориз, спанаќ и многу течности. Изговор е, просто ни се јаде, бин дер, дан дет, се ми е јасно.
Како што пишаа, количината на храна не помага. Повеќе течности само. Бистри сокови од јаболко, леден чај од праска, млеко. Земи и чаеви за лактација. Избегнувај тесто.
Кога спомнувате ‘бебе почесто на града’ во случај кога не цица па за да се научи, може ли некој да ми објасни чекор по чекор што точно правите? Втора недела по ред се мачиме, млеко имам и се одмолзувам, ама бебево повлекува два три пати и се трга, веројатно нема доволно сила и ништо не му тече, па би ве замолила за совет како да тргне работава.
Да си видиш лактациски консултант доколку си во можност. Многу е веројатно да се работи за силен млаз па затоа да се трга, а не дека нема сила.
Во бременоста мислев слон ќе се направам, само 7 8 кила се здебелив со се бебе. Сеа со доењево, маана е што не јадам на време, ама гледам да се хранам со домашно зготвено. Ама има денови, не се стига па нарачуваме. Се "давам" во благо, не се ограничувам во јадење. Си ја вратив старата килажа од пред бременост. Пантолони ми паѓаат, ама кај мене изгледа и гени се во прашање. Од доењево само чувствувам огромна потреба за течности и ме исцрпува не дека не. Па и не е мала работа млеко да створи телово
Мое искуство...на почетокот јас имав млеко ама малава заспана, ќе ја ставам да цица, исто, влече 2 3 пати и си спие..што не и правев да се разбуди да цица, ја закачав, штипкав за образи, ја чешкав за глава, што ти не..беше на почетокот тешко да се разбуди, ама бев мн упорна..на саат ипол два, ја ставав да цица, малку по малку и полека го фативме редот, среќа тоа кратко траеше. Е сеа, види и да не имаш па голем млаз, јас во тој случај се одмолзував 4 5 мин зошто она ко да се давеше, се тргаше и веќе знаев дека е тоа. И ко ќе ја испразнам градата после нормално си цицаше. Слушај и дали убаво си голта, така ќе знаеш дека добро си цица.
Жени мајки давајте памет! Левата града ми направи синко, дали од блистерот, дали од друго ужасно ме боли, не се трпи. Физичка болка како да имам трн во брадавица. Еве со една рака пишувам со друга држам оти не се трпи. Зелка, ладно, ланолин ништо не помага, како да си помогнам кажувајте? Кај на лекар? Гледам една рецка кај што беше блистерот, како сецнато, ама гној да речеш или крв нема. До под мишка иде болката. Не давам да цица веќе од таа града, готово, ама како да си помогнам, кажувајте. Искуства?
Мајки, уште се бориме со цицањево- почна да фаќа без силиконска. 3 подои без силиконска, следниот е вриштење и со силиконска… прашањето ми е што правите кога ќе ви заспие на града? На пр. синко лакомо почнува со голтање со сѐ и после 10 мин кома и заспан ништо не го буди. Што се прави во тие моменти? Да го оставам да дремне, па пак да го будам? Еве сега тоа го направи. Вчера подоите ко на филм… 20 мин од града активно цицање, празни гради меки ко слајм, он смирен, си заспа… Инаку сме во период на грчеви и неодамна среден френулум- затоа силиконскава ја користев
Така му правам, ако го фаќа криза враќам силиконска и после ко нимџа му ја давам мојата. Скроз различно ја фаќа градата
Најверојатно рагада имаш. Каков ланолин користиш? Мене ми помогна на Медела. Имаше периоди кога се измолзував и давав од шише за да заздрави малку од малку рагадата, ама после ден два цицање пак ми се правеше. Прво мачкав на Леа ланолин, кога сменив на Медела ми помина за 1 недела.