Во живот не сум јадела вака количински благо. Не можам да се гледам колкава станав. Во бременост не бев ваква како сега. Не знам дали е фаза ама не е на арно ова. Дури и домашните почнаа суптилно да ми го коментираат изгледот...затоа што цел живот сум најслабата во фамилија
Kako znaete deka vi prekinuva mlekoto? Gradite cesto gi osekam teski, stiskam izleguva mleko a so pumpa vadam mn malku. Sto e problemot?
И јас многу благо јадам, а ослабена сум. Може дека сум речиси сама по цел ден со бебето. Другото си јадам како и претходно.
Баш ја прашував консултантката за доење ова. Кај жени со големи гради што бебињата супер им цицале, знаеле да не вадат млеко при молзење, а бебињата машала ухранети. Сѐ додека бебо цица, немаш гајле…
Ne cica, celo vreme sum so pumpa i aptamil. Inace da golemi gradi imam ama mi e cudno da ne e do pumpata vikam.
@Besbes24 ако ги осеќаш тешки градите најверојарно имаш млеко. Само потруди се ако сакаш да продолжите со доење да одржуваш лактација. Остави пумпата, бебе на града стави. Со пумпата не може да се извлечи толку колку што бебе може да исцица. Не е до квалитетот на пумпата,каква сакаш купи истото ќе е. Јас купив за секој случај и кога разбрав како оди сето ова - ми е неотпакована. Не знам колку си запознаена дека цицањето е поврзано со сигналите кои се испраќаат до нашиот мозок. Се активираат млечните канали кога бебе е на града и се произведува млеко. Таа функција со користење пумпата не постои. Затоа и не излегува многу млеко со неа.
Почнавме да фаќаме ред на доење без користење на силиконска, фала богу. Откако цица вака, градиве ми станаа премеки, ко слајм дури. Вака не ми биле- откако се роди зборам. Дали има место за загриженост? Се осеќам ко празни да ми се
Знам, ама и измеѓу подои? Воопшто не ми се тврди ко претходно да речам. Меки се, а имам млеко и од шо се меки некад не знае да се фати
Ако цица на 1.5-2ч денски не може да се тврди. Мене еве на 3++ ми се тврди само ноќе кога ќе врзе сон 4-6ч а цица на 2ч. Следи циклус влече-дише-голта ако голта е ок има млекце
Леле мајки ве читам сите сме со сличен проблем само да пратам позитива до сите, ќе успееме со доењето, ќе имаме млекце доволно и ќе се смееме на муабетиве за некој месец кога ќе почнеме со рецепти за први оброци ))
Па знае и на саат да цица, имаш право. Консултантката исто ми рече дека требало да се меки. Инаку и ние кога врзуваме повеќе сон тогаш ми се тврди… ваљда како ќе влече сега повеќе без силиконска ќе доаѓа повеќе млеко
Мајки со првото дете едвај имав малку млеко и после месец дена добив менструација и млекото целосно ми прекина. Сега второво ми е 6 ипол месеци и прв пат имам циклус после пораѓај ама гледам дека се уште имам млеко ама изгледа се намалува пошто бебуш е постојано гладен и морам на секое да му давам и кашичка. Ваше искуство со циклус за време доење, знак за крај на млеко или нема врска тоа?
Кај мене не беше тоа случај. Со првото ми дојде менструација на 2ри месец па имав млеко до одбивање ( на годинка). Не приметив намалување на млекото.
Мајки имам големи болки во грбот,ме боли цела лева страна и осеќам болки по рбетот. Дали смеам да се мачкам со коњска маст или нешто друго да препорачате? *доилка
Мене блокмакс ме спасува. Вакво времево кога е буквално една точка ме боли на грбот и тлее и не поминува без апче
Супер показател се меки гради, значи дека лактација е воспоставена и телото прави млеко колку што бебето пие.
900ден за ланолин сеа не давам па до таму да е. Купив од ДМ и добро е, ми помогна. Левата града не ја форсирам, само навечер кога знам дека ќе заспие одма па да не ме влече многу, да не се тегне, затоа и ми е ова, од што многу се тегне, се влече.
Првиот доенечки стаж ми беше скоро 2 год, циклус добив 2.5мес после породување. Сега исто добив циклус после скоро 3 мес после породување а еве дојам скоро 7 мес ќе прави бебе. Може кога ќе добиваш циклус тие дена малку да е понервозно бебе и сл, ама не значи дека ќе снемаш млеко.